Винсент ван Гог

холандски постимпресионистички сликар
(Пренасочено од Ван Гог)

Винсент Вилем ван Гог[1] (30 март 1853 - 29 јули 1890) бил холандски постимпресионистички сликар, чии дела имале големо влијание врз уметноста во XX век, поради живите бои и отсликувањето на чувствата. Боледувал од анксиозност и имал чести напади на ментална болест, а починал на 37-годишна возраст, извршувајќи самоубиство.

Винсент ван Гог
Роден(а)30 март 1853
Цундерт, Холандија
Починал(а)29 јули 1890(1890-07-29) (возр. 37)
Овер на Оаза, Франција
НационалностХоланѓанец
Познат(а) поСликар
Значајни делаЈадачи на компири“, „Сончогледи“, „Ѕвездена ноќ“, „Ириси“, „Портрет на докторот Гаше„, „Пред портата на вечноста
Правецпостимпресионизам

Додека бил жив не бил многу ценет, но неговата слава пораснала по неговата смрт. Денес, тој се смета за еден од најголемите сликари во историјата и има значаен придонес во почетоците на современата уметност. Ван Гог почнал да слика кон крајот на третата декада од својот живот, и најголемиот дел од неговите најпознати дела ги изработил во последните две години од животот. Изработил повеќе од 2.000 уметнички дела, од кои околу 900 слики и 1100 цртежи и скици. Иако бил малку познат додека бил жив, неговата работа имала силно влијание врз современата уметност. Денес многу од неговите дела, вклучувајќи ги и многубројните автопортрети, пејзажи, портрети и сончогледи, се меѓу најпрепознатливите и најскапи уметнички дела.

Својата рана зрелост, Ван Гог ја поминувал работејќи во фирма за трговија со уметнички дела и често патувал во Хаг, Лондон и Париз, по што заминал да учителствува во Англија. Како мал имал желба да стане свештеник и да го проповеда евангелието, па од 1879 година работел како мисионер во рударски регион во Белгија. Во тоа време почнал да црта луѓе од локалната заедница, и во 1885 го насликал своето прво значајно дело „Компиројадачи“. Во тоа време, неговата палета на бои се состоела главно од мрачни земјени тонови и воопшто не ја навестувала употребата на живописен колорит, препознатлив за неговите подоцнежни дела. Во март 1886 година, се преселил во Париз, каде се запознал со француските импресионисти. Подоцна живеел во јужна Франција и бил понесен од силната сончева светлина која ја пронашол таму. Во неговите дела, ја зголемил употребата на светли бои со што создал единствен и препознатлив стил, кој бил целосно разбран за време на неговиот престој во Арл во 1888 година.

По неговата смрт, чест предмет на шпекулации е степенот до кој неговата ментална болест имала влијание врз неговите дела.

Писма

уреди

Најопширен извор за разбирање на Ван Гог како уметник е збирката на писма, испраќани меѓу него и неговиот помлад брат, трговец со уметнички дела, Тео ван Гог.[2] Тие се извор на најголемиот дел информации за мислите и верувања на уметникот.[3][4] Тео постојано му давал финансиска и емоционална поддршка на својот брат. Нивното доживотно пријателство и голем дел од она што е познато за уметничките погледи и теории на ван Гог е запишано во стотиците писма кои тие ги разменуваче од август 1872 до 1890 година. Поголемиот дел од писмата биле пишувани од Винсент до Тео. Повеќе од 600 писма од Винсент до Тео и 40 од Тео до Винсент се зачувани до денес, и иако многу од нив немаат датум, историчарите на уметност успеале да ги сложат хронолошки. Проблематични остануваат писмата кои биле пишувани за време на престојот на Винсент во Арл. Сепак, се знае дека во текот на овој период, ван Гог напишал 200 писма до пријателите на холандски, француски и англиски јазик.[5] Периодот кога Винсент живеел во Париз е најтежок за испитување за историчарите на уметност, бидејќи тој и Тео живееле заедно, поради што немало потреба да се допишуваат и оставиле мал или речиси никаков историски запис за тоа време.[6]

Во прилог на писмата до и од Тео, пронајдени се писмата пишувани до Антон ван Рапард, Емил Бернар, сестрата на ван Гог, Вил и нејзиниот пријател Лине Крусе[7] За овие писма во 1913 година пишувала вдовицата на Тео, Јохана ван Гог-Бонгер. Во нејзиниот предговор. таа изјавила дека тоа го објавува со „возбуда“, бидејќи не сака драмата во животот на уметникот да го засени неговото дело. И самиот ван Гог бил страстен читател на биографии од други уметници и претпоставувал дека нивниот живот е соодветен со карактерот на нивната уметност.[2]

Животопис

уреди
 
Винсент ван Гог, на 18-годишна возраст
 
Тео ван Гог

Младост

уреди

Винсент Вилем ван Гог се родил на 30 март 1853 во Цундерт, село во близина на Бреда во покраината Северен Брабант, во јужниот дел на Холандија.[8] Тој бил син на Ана Корнелија Карбентус и Теодорус ван Гог, свештеник во Холандската реформаторска црква. Винсент го добил името по дедо му и неговиот прв мртвороден брат.[9] Ваквиот начин на добивање име не бил невообичаен. Името Винсент често се среќавало во семејството, а неговиот дедо ја добил дипломата по теологија на Универзитетот во Лајден во 1811 г. Дедото Винсент имал шест синови, од кои тројца станале трговци со уметнички дела, меѓу кои и уште еден Винсент кој бил споменуван во писмата на Ван Гог како „чичко Сент.“ Можеби дедо му Винсент го добил името по неговиот чичко, успешниот вајар Винсент ван Гог (1729-1802).[10] Уметноста и религијата биле главните професии кон кои било насочено семејството Ван Гог. Неговиот брат Теодорус (Тео) е роден на 1 мај 1857. Имал уште еден брат, Кор, и три сестри: Елизабет, Ана и Вилемина (Вил) [11]

Како дете, Винсент бил сериозен, молчелив и внимателен. Се школувал во селското училиште од 1860 година, каде што само еден наставник-Католик им предавал на околу 200 ученици. Од 1861 година, тој и неговата сестра Ана биле подучувани дома од гувернанта, сè до 1 октомври 1864 година, кога тој заминал во интернатот во Цевенберген, на оддалеченост од околу 32 километри. На 15 септември 1866, заминал во средното училиште Вилем II во Тилбург. Константин Ц. Хисманс, успешен уметник во Париз, бил учител на Ван Гог, и се залагал за систематски пристап кон предметот. Во март 1868, Ван Гог ненадејно го напуштил училиштето и се вратил дома. А подоцна коментарот за неговите рани години гласел:

Мојата младост беше мрачна и студена и неплодна...[12]

Во јули 1869 година, неговиот чичко му помогнал да добие работа во фирмата Goupil & Cie во Хаг. По обуката, во јуни 1873, фирмата го испратила во Лондон.[13] Тоа бил среќен период за него, бидејќи бил успешен на работа и на 20 години заработувал повеќе од неговиот татко. Сопругата на Тео забележала дека таа година му била најсреќна во целиот негов живот. Се заљубил во ќерката на газдарицата, Евгение Лојер, но кога конечно ѝ ги признал неговите чувства, таа го одбила, велејќи му дека е тајно верена за поранешен потстанар. Потоа се изолирал и се посветил на религијата. Татко му и чичко му го пратиле во Париз за да продолжи со работата. На 1 април 1876 прекинал со работа.[14]

Се вратил во Англија и таму работел без да добива плата. Работел како учител на замена во мал интернат, кој имал поглед кон пристаништето во Рамсгејт, од каде што го нацртал убавиот поглед. Сопственикот на училиштето се преселил во Ислворт, а потоа и Ван Гог заминал во новото место, одејќи со воз до Ричмонд, а остатокот од патот го изодел пешки.[15] Подоцна работел и како методистички помошен свештеник, исполнувајќи си ја желбата да го „проповеда Евангелието насекаде“.[16] На Божиќ, се вратил дома и шест месеци работел во книжарница во Дордрехт. Сепак, не бил задоволен со оваа работа и најголем дел од своето време го поминувал во задниот дел од продавницата, каде преведувал извадоци од Библијата на англиски, француски и германски јазик.[17][18]

Љубовта на Ван Гог кон религијата била сè поголема и тој почувствувал дека ја пронашол вистинската професија. Со цел да му помогнат во остварувањето на неговата желба да стане свештеник, неговите родители го испратиле во Амстердам да студира теологија. Живеел со неговиот чичко Јан ван Гог, кој бил вице-адмирал. За приемниот испит се подготвувал заедно со чичко му Јоханес Стрикер, почитуван теолог кој го објавил делото „Животот на Исус“, кое може да се најде во Холандија. Ван Гог не го положил испитот, и заминал од куќата на чичко му Јан во јули 1878 година. Во јануари 1879, започнал да работи како мисионер на село, во областа Боринаж во Белгија.

Го презел христијанството, сметајќи дека донесува правилна одлука, и почнал да живее бедно до тој степен што спиел на слама во мала колиба позади куќата на пекарот, кој го примил за спиење. Неговиот избор да живее во такви бедни услови не им се допаѓал на црковните власти, и тие го отфрлиле поради „нарушување на достоинството на свештенството“. Потоа заминал во Брисел,[19] се вратил кратко во селото Кесмес во Боринаж, а подоцна попуштил на барањето на неговите родители да се врати во Етен. Таму останал до март следната година, поради загриженоста и фрустрацијата на неговите родители. Дошло и до кавга меѓу Ван Гог и татко му.[20][21]

Се вратил во Квесмес и таму живеел заедно со рударот Чарлс Декрук до октомври истата година.[22] Почнал да се интересира за обичните луѓе и за местата околу нив. Времето поминато таму го посветил на цртањето, и таа година го послушал советот на Тео да започне сериозно да се занимава со сликање. Есента заминал во Брисел, а имал намера да ги послуша советите на Тео, да учи заедно со истакнатиот холандски уметник Вилем Роелофс, кој го наговорил да ја посетува Кралската академија за уметност во Брисел. За време на студирањето, тој не само што учел анатомија, туку и основни правила за вајање и сликање на предмети. Ван Гог посакувал да стане уметник, за што и самиот рекол:

...да се обидеш да го разбереш вистинското значење на тоа што ни го прикажуваат големите уметници, вистинските мајстори во нивните ремек-дела, тоа води до бога; некој го кажува тоа во книга, друг во слика.

Етен, Дренте и Хаг

уреди
 
Кровови, поглед од ателјето во Хаг

Во април 1881 година, Ван Гог заедно со неговите родители се преселил во село во околината на Етен, каде што продолжил со цртање, често користејќи ги соседите како предмет на неговите дела. Преку летото долго време поминувал во прошетки и разговори со неговата братучетка, вдовицата Ке Вос-Стрикер. Таа била ќерка на постарата сестра на неговата мајка и Јоханес Стрикер.[23] Ке била седум години постара од Ван Гог и имала осумгодишен син. Ван Гог ѝ предложил брак, но таа одбила со зборовитем велејќи му:

Не, никогаш, никогаш.[24]

Подоцна, во ноември, му испратил писмо на чичко му Стрикер[25] и заминал во Амстердам, каде повторно разговарал со Стикер во неколку наврати.[26] Ке одбивала да се сретне со него и нејзините родители напишале: {{cquoteВашата упорност е одвратна.[27]}}

Тој, во очај ја држел неговата лева рака во пламенот од светилката и рекол:

Дозволете ми да ја видам толку долго колку што можам да ја задржам раката во пламен.[28]

Не кажал што точно се случило, само спомнал дека чичко му го изгаснал пламенот. Таткото на Ке јасно кажал дека не станувало никаков збор за брак, додавајќи ја неспособноста на Ван Гог[29] да се издржува себеси финансиски.[30] Согледувањето на хипокризијата на неговиот чичко и поранешен учител силно влијаело врз него. Тој Божиќ, Ван Гог имал толку жестока расправија со татко му, така што ги одбил парите што му ги поклонил и заминал во Хаг.[31]

Во јануари 1882, се преселил во Хаг, каде што го повикал братучед му, ликовниот уметник Антон Мауве (1838-1888). Мауве го поддржувал Ван Гог во сликањето, но по кратко време се скарале и подолго време не бил присутен во неговите писма.[32] Ван Гог бил во врска со проститутката и алкохоличарка Класина Марија Сиен Хорник (1850-1904).[33] Ја сретнал Сиен кон крајот на јануари[34], која тогаш имала петгодишна ќерка и била бремена. Веќе имала родено две деца кои починале, но сето тоа не го загрижувало Ван Гог.[35] На 2 јули, Сиен родила машко дете, кое го добило името „Вилем“.[36] Кога татко му на Ван Гог ги дознал деталите за оваа врска, вршел силен притисок врз неговиот син, со цел да ги напушти Сиен и децата, иако Винсент се однесувал дрско кон татка си.[37][38]

Во јуни, поминал три недели во болница болен од гонореја. Истото лето, започнал да слика со употреба на маслени бои. Есента 1883, по една година, ги напуштил Сиен и нејзините две деца. Тој размислувал да се пресели заедно со нив надвор од градот, но се премислил и заминал. Можно е лошата финансиска состојба да ја принудила Сиен да се врати на проституцијата, па во домот сè повеќе се чувствувала лошата атмосфера, а Ван Гог сметал дека не може да ја подобри ваквата ситуација со неговиот уметнички подем. Откако заминал, Сиен ја дала ќерката кај мајка ѝ, а синот кај нејзиниот брат. Таа се преселила во Делфт, а подоцна и во Антверпен.[39] Вилем се сеќавал на моментот кога го однеле да ја посети мајка му во Ротердам, на 12-годишна возраст и неговиот вујко се обидувал да ја убеди Сиен да се омажи, за да може да го препознаат детето. Вилем се сеќавал на зборовите од мајка му:

...но јас знам кој му е татко. Тој беше уметник и со него живеев пред околу 20 години во Хаг. Се вика Ван Гог.

Тогаш, таа се завртила кон Вилем и рекла:

Го доби името по него.

Вилем верувал дека е син на Ван Гог, иако времето кога е роден не одговарало со тврдењата на Сиен. Во 1904, Сиен се удавила во реката Шелда. Ван Гог се преселил во холандската област Дрент, во северна Холандија. Тој декември, поради осаменост, заминал кај родителите кои во тоа време живееле во Нојнен, северен Брабант.[40]

Уметник во подем

уреди

Уметнички пробив и последните години од животот

уреди
 
Црвените виногради 1888г.
 
Вазна со дванаесет сончогледи 1888г.

Ван Гог се преселил во Арл барајќи засолниште; во тоа време бил зависник од алкохол и имал кашлица од цигарите.Пристигнал на 21 февруари 1888 година, зел соба во хотел-ресторанот Carrel, очекувајќи да изгледа како тие од сликите на Хокусаи (1760-1849) или Утамро (1753-1806).[41] Тој заминал во градот со цел да пронајде утописка ликовна колонија. Во Арл два месеци се дружел со Кристијан Муриер-Петерсен. Сепак, Арл му изгледал егзотично и валкано. Во едно писмо тој го опишува Арл како туѓа земја и вели дека луѓето му изгледале како да припаѓаат на друг свет. 100 години после неговиот престој таму, 113 годишната Јани Калмент, која на 13-годшна возраст работела во продавницата на чичко и‘‘, се сеќава на Ван Гог како на валкан, лошо облечен, грд, некултурен и болен маж кој купувал платно од кај нив. Ван Гог бил обземен од пејзажот и светлината во Арл. Во делата кои ги насликал овој период преовладува жолта, ултрамарин и виолетова боја. Светлината на градот го воодушевувала, и поради тоа во неговите слики често ја прикажувал. Сликал локални пејзажи и три од неговите дела биле прикажани на изложба. Во април го посетил американскиот уметник Доџ МекНајт, кој живеел во близина на Фонтвил. На 1 мај изнајмил нов стан за 15 фрнки месечно. Собите биле празни, без мебел. За тоа време престојувал во хотелот Карел, но престојот му бил многу скап. Поради тоа на 7 мај се преселил кај нови газдисо кои многу се спријателил. Иако изнајмената куќа не била уредена со мебел, тој ја користел како атеље. Најголемо достигнување во овој период биле сериите дела : Столот на Ван Гог (1888г.), Спална соба во Арл(1888), Кафе тераса, Арл, навечер( септември 1888г.), Ѕвездено небо (1888г.), мртва природа: Вазна со дванаесет сончогледи(1888), кои биле дел од проектот декорација за Жолтата куќа.[42] Во јуни заминал во Сен Мари де ла Мер, каде што држел часови по цртање. МекНајт го запознал Ван Гог со Еуген Бок, белгиски уметник кој некогаш живеел во Фонтвил. Во август почнал да слика сончогледи. Бок повторно го посетил, и тогаш Ван Гог го нацртал неговиот портрет. Сестрата на Бок, Ана (1848-1963), исто така уметник, ја купила сликата Црвениот виноград во 1890г. По советот на неговиот пријател Јосиф Рулин, чијшто портрет го насликал Ван Гог, на 8 септември купил два кревета,[43] и конечно, на 17 септември, ја поминал првата ноќ во Жолтата куќа, која се‘ уште не била целосно уредена. Кога Гоген решил да живее и работи во Арл, Ван Гог започнал да работи на проектот Декорацијата за Жолтата куќа, кое веројатно било и негово најамбициозно дело. Ван Гог изработил две слики со столови: Столот на Ван Гог и Столот на Гоген.[44] Гоген пристигнал во Арл на 23 октомври. Во ноември сликале заедно. Гоген го насликал портретот на Ван Гог Сликар на сончогледи, Портрет на Ван Гог, и што е невообичаено за Ван Гог, нацртал неколку слики по сеќавање. Двајцата уметници во декември заминале во Монтпелиер, каде што виделе познати дела во музејот „Фабре“. Но , нивното пријателство почнало да се распаѓа. Се карале и за уметноста; Ван Гог чувствувал сртав дека Гоген ќе замине. На 23 декември 1888г., вознемирен и болен, Ван Гог го нападнал Гогин со жилет. Во паника, заминал и отишол во некој локален бордел. Додека бил таму си отсекол дел од левото уво. Го завиткал отсечениот дел во весник и и‘ го дал на проститутката Ракел, замолувајќи ја да го чува.[45] Гоген заминал од Арл и повеќе никогаш не го видел Ван Гог. По неколку дена Ван Гог бил хоспитализиран во критична состојба која траела неколку дена. Во јануари 1889г. се вратил во Жолтата куќа, но често бил и во болница бидејќи халуцинирал дека некој го отрул. Во март полицијата ја затворила неговата куќа, откако 30 луѓе од градот потпишале петиција за тоа. Пол Сињак го посетил во болницата и во негова придружба Ван Гог бил пуштен од таму. Во април се преселил во собите на докторот Реј, откако поплава му уништила неколку слики во станот.[46] Два месеца подоцна заминал од Арл во душевна болница во Сен Реми де Прованс.

Сен Реми (мај 1889-мај 1890)

уреди
 
Ѕвездена ноќ 1889 г.
 
Пол Гоген Сликар на сончогледи 1888г.

На 8 мај 1889 г. Ван Гог отишол во болницата Сен Пол де Масол. Болницата била сместена во манастир во Сен Реми, оддалечено помалку од 32км од Арл. Манастирот се наоѓал во област со пченкарни полиња, виногради и маслинови дрвја, и во тоа време го предводел од д-р Теофил Пејрон. Ван Гог имал две мали соби,т.е. соседни ќелии кои имале прозорци со решетки. Втората ја користел како ателје.[47] Главен предмет на неговите слики за време на тамошниот престој била болницата и градините. Понекогаш можел да шета со придружба и од тие прошетки ги направил сликите со маслинови и кипрусови дрвја. Меѓутоа, поради ограничениот број на прошетки Ван Гог немал доволно инспирација за сликање. Затоа работел на интерпретации на слики од други уметници и варијации на неговите претходни слики. Во септември, насликал уште две верзии од Спална соба во Арл, а во февруари 1890г. четири портрети, направени врз основа на скиците кои ги нацртал Гогин кога Мадам Гино им била модел на двајцата уметници, во почетокот од ноември 1888г.108 Пофалби за неговата работа добил од Алберт Орие, кој го нарекол гение. Во февруари, на покана од здружението на авангардни уметници во Брисел, учествувал на нивната годишна изложба. Членот на ова здружение, Хенри де Гро, ги навредил делата на Ван Гог. Сињак изјавил дека и понатаму ќе продолжи да се бори за славата на Ван Гог. Подоцна, кога се прикажувала изложбата на Ван Гог заедно со Независните Уметници во Париз, Моне забележал дека неговите дела биле најдобри од сите дела на изложбата.По раѓањето на неговиот внук Винсент Вилем, во февруари 1890г., и‘ пишал писмо на мајка му во кое вели дека веднаш ја започнал сликата за новороденчето - големи гранки со бел бадемов цвет спроти сино небо , која треба да стои во нивната спална соба.

Овер на Оаза (мај–јули 1890 г.)

уреди
 
Портрет на д-р ГашеVincent_Willem_van_Gogh_138.jpg 1889г.
 
Столот на Ван Гог 1888г.

Ван Гог заминал од болницата во мај 1890г., и се преселил во близина на докторот Пол Гаше(1828г.-1909г.), во Овер на Оаза, надвор од Париз, со што бил поблиску и до Тео. За Д-р Гаше добил препорака од Камил Писаро(1830г.-1903г.); Гаше и претходно лечел неколку уметници, а и самиот бил уметник-аматер. Првиот впечаток на Ван Гог за докторот бил „... поболен од мене, односно, колку мене“[48] Во јуни 1890 го нацртал Портретот на д-р Гаше и довршил уште два портрети на Гаше во масло. Во сите го нагласувал меланхоличното расположение на Гаше.

Последната недела во Сен Реми, Ван Гог во мислите се сеќавал на животот на Север, и неколку од 70-те слики во масло изработени за време на 70-дневниот престој во Овер на Оаза, меѓу кои и Црквата во Овер, се спомени од животот на север.

Пченкарни полиња со врани (Јули 1890г.) е пример за необичните правоаголни платна кои ги користел во последната недела од неговиот живот. Поради својот интензитет, ова е едно од најзабележаните негови дела.[49] Многу често погрешно се истакнува дека ова е неговото последно дело, но научникот Јан Хулскер наведува уште седум дела кои ги изработил после него. Во јули 1890г. Ван Гог завршил две слики Градините на Добињи , и најверојатно едната од нив е неговото последно дело.112 Исто така, има слики кои не биле довршени, како Колиби на рид.[49]

Смрт

уреди
 
Белата куќа навечер 1890г.

Откако заминал од болницата, Ван Гог доживеал неколку неуспеси. Иако целиот свој живот имал проблеми со неговото ментално здравје, последните неколку години тие биле посебно изразени. Во тој период често се случувало да нема желба, па дури и да ја изгуби способноста за сликање, поради што доживувал низа неуспеси баш во периодот кога ги сликал неговите ремек-дела. Се‘ повеќе паѓал во депресија. На 27 јули 1890г., на 37-годишна возраст, заминал в поле и се застрелал во градите. Истрелот го преживеал, незнаејќи дека ќе биде фатален за неговиот живот. Починал два дена подоцна. Тео побрзал да биде покрај него последните денови од животот. Неговите последни зборови биле "La tristesse durera toujours" ( тагата ќе трае вечно).[50]

Здравјето на Тео се влошило по смртта на брат му. Добил сифилис, иако неговото семејство не сакало да го признае тоа долго време. Бил примен на болница, и не можејќи да се помири со смртта на брат му, починал шест месеци подоцна, на 25 јануари во Утрехт[51] Во 1914г. телото на Тео било ексхумирано, и заедно со неговиот брат, презакопано во Овер на Оаза.

Иако поголемиот дел од последните слики на Ван Гог се мрачни, во суштина тие се оптимистички и го одразуваат копнежот по времето кога бил здрав. Сликите кои ги завршил пред самоубиството се изразено темни и мрачни. Делото Врата кон вечноста, портрет на стар човек кој ја држи главата со рацете, е особено мрачно. Сликата ја претставува трогателната психичка состојба во последните денови од неговиот живот. Повеќе од 150 психијатри се обделе да ја најдат причината за неговата болест, при што биле поставени 30 различни дијагнози. Дел од дијагнозите се: шизофренија, биполарно растројување, сифилис, труење од бои, епилепсија и акутен порфир. Некои од овие болести би можеле да бидат причина, потпомогнати од неисхранетоста, истоштеноста, несоницата и наклонетоста кон алкохол, особено кон апсинт.[52]

Работа

уреди

Додека одел на училиште, Ван Гог сликал со водени бои; некои од овие дела се зачувани, но авторството на дел од нив е спорно. Подоцна, кога прифатил сериозно да се занимава со уметност, започнал со копирање на Курс де дизајн. Пролетта 1882г., чичко му кој бил сопственик на галеријата за современа уметност во Амстердам, од Ван Гог побарал цртежи од Хаг. Но неговите дела не ги исполниле очекувањата на чичко му. Подоцна уште еднаш го ангажирал, прецизирајќи му што точно бара, но по вторпат бил разочаран од резултатот. Но тој не се разочарувал. Ја подобрил осветленоста во ателјето местејќи ролетни и експериментирал со различни материјали за цртање. За нешто повеќе од една година започнал да работи на еднофигурни композиции, за кои тогаш бил многу критикуван. Денес тие се сметаат за први ремек-дела од него. Во 1883г. започнал да црта композиции со повеќе фигури. Некои од нив ги фотографирал, но кога брат му забележал дека во нив недостасува свежина и живот, почнал да ги бои. Тео му обезбедувал финансиска поддршка за првите слики, но сите пари набргу биле потрошени. Пролетта 1883г. се запознал со уметници од училиштето во Хаг, Вајзенбрух и Блумерс, и од нив добивал техничка поддршка, како и од сликарите како Де Бок И Ван дер Веле, исто така уметници од втората генерација на ова училиште.[53] Кога се преселил во Нуенен започнал со сликање на големи слики, но поголемиот дел од нив ги уништил. По посетата на Државниот музем, Ван Гог станал свесен дека неговиот неуспех се должи на немањето искуство во техниката на работа. Затоа заминал во Антверпен , а подоцна и во Париз да ги усовршува овие техники.

Помалку или повеќе запознаен со импресионистичките и неоимпресионистичките техники и теории, Ван Гог заминал во Арл да ги развива новите можности. Но, за кратко време почнал повторно да ги употребува старите идеи за сликање. Како што се развивала неговата работа, насликал повеќе автопортрети. Во 1884г. во Нуенен работел на циклус кој требало да ја декорира трпезаријата на негов пријател во Ајндховен. Исто така и во Арл, пролетта 1888г. подготвувал серија фигури кои завршиле во домот на фамилијата Рулин, а најпосле, со доаѓањето на Гогин во Арл, почнал да работи на Декорацијата за жолтата куќа, што претставува негов најамбициозен циклус на дела. Пролетта 1889г. насликал уште еден помал циклус овоштарници. Историчарот на уметност Алберт Боиме бил првиот кој покажал дека дури и во фантастичното дело како Ѕвездена ноќ , Ван Гог се потпира на реалноста.[54] Белата куќа навечер претставува куќа во самрак и ѕвезда на небо опкружена со светлина. Астрономите од Универзитетот во Тексас пресметале дека ѕвездата е всушност Венус, која сјаела на небото во јуни 1890, за кога се смета дека Ван Гог го насликал ова дело. Сликите од Сен Реми се одликуваат со виори и спирали. Светлината која ја прикажува во сликите е соодветна со Колмогровиот статистички модел на турбуленција.[55]

Техники на работење

уреди

Како самоук уметник со мала обука, Ван Гог бил се освен академик во техниките на боење и цртање. Едно истражување покажува дека делата познати како масло на платно или цртежи, подобро би се опишале како „мешавина“. Под самата слика Мостот Ленглои во Арл има добро изработен цртеж со мастило, а се покажало дека и неколку дела од Сен Реми и Овер за кои се сметало дека дека се цртежи или акварели, како Дворот на болницата, Сен Реми (Септември 1889г.) биле изработени со разводнети маслени бои и четка.[56] Радиографските испитувања покажале дека Ван Гог сликал на едно платно повеќепати отколку што се мислело, а дали навистина повеќе од една третина од неговите дела биле сликани на овој начин, останува да покажат натамошните истражувања. Во 2008г. тим од Универзитетот за технологија во Делфт и Универзитетот во Антверпен користел напредна техника со рендгенски зраци со цел да се добие јасна слика од лицето на жената, кое било нацртано под делото Трева.[57]

Наследство

уреди

Посмртна слава

уреди

Од неговата прва изложба во доцните 1880-ти, неговата слава меѓу колегите, критичарите, трговците и колекционерите сè повеќе се зголемувала. По смртта, биле поставени повеќе изложби во негова чест во Брисел, Париз, Хаг и Антверпен. На почетокот на XX век, биле организирани ретроспективни изложби во Париз (1901 и 1905) и во Амстердам (1905), како и значајни изложби во Келн (1912), Њујорк (1913) и Берлин (1914) Тие имале големо влијание врз наредните генерации уметници.[58]

По Втората светска војна, славата на ван Гог уште повеќе се зголемувала и неговите дека редовно постигнувале висока цена на аукциите. Така, на аукцијата одржана во 1990 година, неговата слика од 1890 година "Портретот на доктор Гахет" била продадена за 82,5 милиони долари и тоа претставува најскапата слика (во реална вредност) во историјата.[59]

Влијание

уреди

Во неговото последно писмо до Тео, Винсент кажува дека со оглед на тоа што немал деца, своите дела ги гледа како свое потомство. На ова се надоврзува историчарот Симон Шама кој вели: „се разбира дека има дете, експресионизмот, и многу, многу наследници“. Шама спомнува голем број уметници кои презеле елементи од неговиот стил, меѓу кои Вилем де Конинг, Ховард Ходкин и Џексон Полок. Француски уметници како Анри Матиз ги користат неговите бои и начинот на кој Ван Гог ги применувал, а исто и германскиот експресионист во делото Мостови. Апстрактниот експресионизам од четириесеттите и педесеттите години е делумно инспириран од јасните потези со четка на Ван Гог. Во 1957г., Френсис Бекон (1909г.-1992г.) направи неколку серии слики, базирајќи се на репродукциите од Уметникот на патот до Тараскон, чијшто оригинал бил уништен за време на Втората светска војна. Бекон не бил инспириран само од делата туки и од самиот Ван Гог, кој Бекон го окаректеризирал како туѓинец. Ирскиот уметник се идентификувал со уметничките теории и цитатите од писмата за Тео, „Вистинските уметници не ги сликаат предметите такви какви што се ...Ги сликаат онака како што тие ги доживуваат“[60] Изложбата посветена на писмата од Ван Гог се одржа во Амстердам од октомври 2009г. да јануари 2010г. и потоа беше преместена во Кралската академија во Лондон од крајот на јануари до Април.[61]

Наводи

уреди
  1. Hughes (1990), 144
  2. 2,0 2,1 a b Pomerans, ix
  3. Van Gogh Museum. Retrieved 7 октомври 2009.
  4. Van Gogh's letters, Unabridged and Annotated.
  5. a b c d Hughes, 143
  6. Pomerans, i–xxvi
  7. Pomerans, vii
  8. Vincent Van Gogh Biography, Quotes & Paintings. The Art History Archive. Retrieved 14 June 2007.
  9. It has been suggested that being given the same name as his dead elder brother might have had a deep psychological impact on the young artist, and that elements of his art, such as the portrayal of pairs of male figures, can be traced back to this. See: Lubin (1972), 82–84
  10. Erickson (1998), стр. 9.
  11. Tralbaut (1981), 24
  12. ^ Letter 347 Vincent to Theo, 18 декември 1883
  13. Letter 7 Vincent to Theo, 5 мај 1873.
  14. Tralbaut (1981), 35–47
  15. Letter from Vincent van Gogh to Theo van Gogh Isleworth Архивирано на 4 октомври 2011 г., 18 август 1876
  16. Tralbaut (1981), 47–56
  17. M. J. Brusse, Nieuwe Rotterdamsche Courant, 26 мај и 2 јуни 1914
  18. "...he would not eat meat, only a little morsel on Sundays, and then only after being urged by our landlady for a long time. Four potatoes with a suspicion of gravy and a mouthful of vegetables constituted his whole dinner"—from a letter to Frederik van Eeden, to help him with preparation for his article on Van Gogh in De Nieuwe Gids, Issue 1, December 1890. Quoted in Van Gogh: A Self-Portrait; Letters Revealing His Life as a Painter, selected by W. H. Auden, New York Graphic Society, Greenwich, CT. 1961. 37–39
  19. Letter from mother to Theo, 7 август 1879, и Callow, work cited, стр. 72
  20. Letter 158 Vincent to Theo, 18 ноември 1881
  21. see Jan Hulsker's speech The Borinage Episode and the Misrepresentation of Vincent van Gogh, Van Gogh Symposium, 10–11 мај 1990. In Erickson (1998), стр. 67–68
  22. Letter 134, 20 август 1880 from Cuesmes
  23. Erickson (1998), 5
  24. Letter 153 Vincent to Theo, 3 ноември 1881.
  25. Letter 161 Vincent to Theo, 23 ноември 1881
  26. Letter 164 Vincent to Theo, from Etten c. 21 декември 1881, describing the visit in more detail
  27. Letter 193 from Vincent to Theo, The Hague, 14 мај 1882.
  28. Letter Letter 193 from Vincent to Theo, The Hague, 14 May 1882.
  29. "Uncle Stricker", as Van Gogh refers to him in letters to Theo
  30. Gayford (2006), 130–131.
  31. Letter 166 Vincent to Theo, 29 декември 1881.
  32. Tralbaut (1981), 96–103.
  33. Callow (1990), 116; cites the work of Hulsker
  34. ^ Callow (1990), 117
  35. Callow (1990), 116; citing the research of Jan Hulsker; the two dead children were born in 1874 and 1879.
  36. Tralbaut (1981), 107
  37. Callow (1990), 132
  38. Tralbaut (1981), 102–104, 112
  39. Tralbaut (1981), 113
  40. Tralbaut (1981), 111–122
  41. ^ a b Pickvance (1984), 41–42: Chronology
  42. ^ Pickvance (1984), 175–176 and Dorn (1990), passim
  43. ^ Letter 534; Gayford (2006), 18
  44. ^ Pickvance (1984), 234–235
  45. ^ According to Doiteau & Leroy, the diagonal cut removed the lobe and probably a little more.
  46. ^ Tralbaut (1981), 265–273
  47. ^ Callow (1990), 246
  48. ^ Letter 648 Vincent to Theo, 10 јули 1890
  49. 49,0 49,1 ^ a b Pickvance (1986), 270–271
  50. ^ Hulsker (1980), 480–483
  51. # ^ Hayden, Deborah . POX, Genius, Madness and the Mysteries of Syphilis. Basic Books, 2003. 152. ISBN 0-465-02881-0
  52. ^ see Life with Absinthe, 1887
  53. ^ a b See Dorn, Schröder & Sillevis, ed. (1996)
  54. ^ Boime (1989)
  55. # ^ J. L. Aragón, Gerardo G. Naumis, M. Bai, M. Torres, P.K. Maini.'Kolmogorov scaling in impassioned van Gogh paintings'. 28 јуни 2006
  56. ^ See Ives, Stein & alt. (2005)
  57. ^ Struik, Tineke van der, ed. Casciato Paul. "Hidden Van Gogh revealed in color by scientists". Reuters, 30 јули 2008. Retrieved 3 август 2008.
  58. Rewald, John. "The posthumous fate of Vincent van Gogh 1890–1970". Museumjournaal, August–September 1970.
  59. "Бекон е дома", Економија и бизнис, година 16, ноември 2013, стр. 78.
  60. # ^ Farr, Dennis; Peppiatt, Michael; Yard, Sally. Francis Bacon: A Retrospective. Harry N Abrams, 1999. 112. ISBN 0-8109-2925-2
  61. ^ "The Real Van Gogh: The Artist and His Letters". Royal Academy of Arts. http://www.royalacademy.org.uk/exhibitions/vangogh/ Архивирано на 8 август 2012 г.. Retrieved 24 март 2010.