Портрет на докторот Гаше

Портрет на докторот Гаше — една од наистакнатите слики на холандскиот уметник Винсент ван Гог. Во неа е прикажан д-р Пол Гаше, со кого Ван Гог другарувал, а Гаше и се грижел за Ван Гог во последните месеци од неговиот живот[1].

Портрет на докторот Гаше
втора версија
Творец Винсент ван Гог
Година 1890
Димензии 67 см × 56 см
Место Музеј Орсе, Париз

Постојат две верзии на портретот, обете биле насликани во јуни 1890 година. И во двете е прикажан Гаше како седи на маса и ја потпре главата на десната рака, но о се разликуваат по бојата и стилот. Исто така постои и графика од овој мотив[2].

Сликата е создавана со брзи, снажни потези, со густо нанесена боја. Некои ја сместуваат во пост - импресионистичкиот стил, но како и во сите негови дела, тој е афтентичен, оригинален, тешко дека може да биде сместен така лесно и компаративно во некаков стил, тој е секогаш оригинален и не припаѓа на ниедна школа, правец, влијание. Неговите пораки се директни, снажни, емотивни и духовно длабоки. Во ова дело, Ван Гог, не само што продрел во психологијата на ликот, тој ја изнесол на некој начин својата длабока меланхолија, осаменост, напуштеност и аскетска посветеност на творештвото. Сликата остава силен впечаток врз гледачот, затоа што е директна, уметнички снажна и искрена[3].

Наводи

уреди
  1. „Portrait of Dr. Gachet, 1890 by Van Gogh“. Архивирано од изворникот на 2020-11-03. Посетено на 2020-10-27.
  2. Where is the portrait of Dr Gachet?

 The mysterious disappearance of Van Gogh's most expensive painting
  3. melancholy and the Portrait of Dr Gachet