Википедија:Авторски права

(Пренасочено од ВП:АП)
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:АП

Текстот на Википедија е заштитен со авторски права (автоматски, под Бернската конвенција) од уредувачите на Википедија и е формално лиценциран во јавноста под една од неколкуте слободни лиценци. Повеќето од текстот на Википедија и многу од неговите слики се колиценцирани под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 3.0 Нелокализирана (CC-BY-SA) и ГНУ-овата лиценца за слободна документација (без непроменливите делови, без текстот на предните корици, и без текстот на задните корици). Дел од текстот е импортитан под CC-BY-SA или CC-BY-SA-компатибилна лиценца и не може да биде употребуван под GFDL; таквиот текст ќе биде препознаен или на дното од страницата или во историјата на страницата или на страницата за разговор на статијата која го користи текстот. Секоја слика има страница за опис која ја покажува лиценцата под која е издадена или, ако е неслободна, објаснувањето за кое е искористена.

Лиценците кои Википедија ги користи даваат слободен пристап до нашата содржина во истата смисла по која слободниот софтвер е слободно лиценциран. Содржината на Википедија може да биде копирана, модифицирана и редистрибуирана ако и само ако копираната верзија е пристапна под истите услови до другите и ако е вклучено признание до уредувачите на Википедија како автори на статијата (врска назад до статијата се смета за доволна; видете подолу за повеќе детали). Содржината на Википедија која е копирана според тоа ќе остане слободна под соодветната лиценца и може да продолжи да се користи од секого со одредени ограничувања кои целат да ја продолжат таа слобода. Ова начело е познато како копилефт во контраст со типичните лиценци за авторски права. Од овде,

  • Дадена е дозвола да се копира, дистрибуира и/или модифицира текстот на Википедија под условите на Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 Unported License и, освен ако е укажано поинаку, под условите на GNU Free Documentation License (без непроменливите делови, без текстот на предните корици, и без текстот на задните корици);
  • Копија од оригиналниот текст на Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 Unported License е вклучена во скеција со наслов „Википедија:Текст на Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 Unported License“ (на англиски);
  • Примерок од оригиналниот текст GNU Free Documentation License е вклучена во оддел со наслов „Википедија:Текст на GNU Free Documentation License“ (на англиски);
  • Содржината на Википедија е покриена со услови за одрекување од одговорност.

Англискиот текст на CC-BY-SA и GFDL лиценците (кои соодветно се дадени погоре) е единственото правно обврзувачко ограничување меѓу авторите и корисницте на содржината на Википедија. Она што следува е интерпретација на CC-BY-SA и GFDL која ги објаснува правата и обврските на корисниците и придонесувачите.

Начелата на CC-BY-SA и GFDL лиценците

уреди

CC-BY-SA

уреди

Creative Commons Attribution/Share-Alike 3.0 Unported e примарната лиценца за текст на проектите на Викимедија (вклу

GNU Free Documentation License (GFDL; ГНУ Лиценца за слободна документација — ГЛСД) е секундарна лиценца за текст на Википедија. Пред 29 јуни 2009, GFDL беше единствената важечка лиценца за текст на Википедија. Според резултатот од гласањето за обновување на лиценцирањето и последователната Резолуција на раководството на Фондацијата Викимедија, било која содржина на проектите на Фондацијата Викимедија (вклучувајќи го и овој проект, Википедија на македонски јазик) кои беа достапни под условите на GFDL 1.2 со можноста за надградба до подоцнежни верзии се сега автоматски достапни под Creative Commons Attribution/Share-Alike 3.0 Unported. Специфично за текстуалната содржина, по оваа обнова е можно да се додава само двојно лиценцирана содржина на проектите, а текстовите кои се само лиценцирани со GFDL (ГЛСД) повеќе нема да бидат прифатени. Со други зборови, CC-BY-SA стана примарната лиценца за текст на Викимедија, а ГЛСД понатаму ќе се задржи како секундарна лиценца (т.е. содржината е двојно лиценцирана). Полниот текст на лиценцата (во оригинал, на англиски) може да се види на Википедија:Текст на GNU Free Documentation License. Во кутијава долу се дадени основните начела на лиценцата.

Услови на употреба на Википедија

уреди

Покрај условите на двете лиценци, можат да важат и дополнителни услови кои се наведени во Википедија:Услови на употреба.

Права и обврски на корисниците

уреди

Доколку сте читател кој сака да искористи одредена содржина на Википедија, тоа можете слободно да го направите (со исклучок на содржина која е дадена под „праведна употреба“ исклучоците или слични исклучоци од законот за авторско право), но притоа сте задолжени да ги следите следниве напатствија:

Користење на текст

уреди

При користење на текстуална содржина од Википедија ги имате следниве обврски:

Давање заслуга (наведување извор)
За да редистрибуирате текстуална страница во било која форма, овозможете заслуга на авторите а) преку хиперврска (каде што е тоа можно) или URL до статија или статии до кои имате придонесено, б) преку хиперврска (каде што тоа е можно) или URL до алтернативна, стабилна онлајн копија која е слободно пристапна, што се согласува со лиценцата и која овозможува заслуга до авторите на начин кој е еквивалентен на заслугата дадена на ова мрежно место, или в) преку листа на сите автори (било која листа на автори може да биде филтрирана за да ги исклучи многу малите или неважните придонеси.). Ова важи за текст развиен од заедницата на Викимедија. Текст од надворешни извори може да има прикачено дополнителни барања за давање заслуга кои ние ќе се обидеме јасно да Ви ги покажеме. На пример, одредена страница може да има банер или друга нотација која укажува целата содржина или дел од неа е оригинално издадена на некое друго место. Онаму каде што таквите нотации се видливи на самата страница, тие треба општо да бидат зачувани од понатамошните корисници.
Копилефт/Сподели под исти услови
Ако правите модификации или додатоци на страницата која ја реупотребувате, Вие морате да ги лиценцирате под Creative Commons Attribution-Share-Alike License 3.0 или подоцнежни верзии.
Индицирајте ги промените
Ако правите модификации или додатоци, морате да индицирате на разумен начин дека оригиналното дело е модифицирано. Ако ја реупотребувате страницата во едно вики, на пример, индицирањето на ова на страницата за историја е доволно.
Забелешка за лиценцирањето
Секоја копија или модифицирана верзија која ќе ја дистрибуирате мора да содржи забелешка за лиценцирањето која ќе тврди дек делото е издадено под CC-BY-SA и или а) хиперврска или URL до текстот на лиценцата или б) копија на лиценцата. За оваа цел, задоволителен URL е: http://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0/

Дополнителна достапност на текст под GNU Free Documentation License

уреди

Заради причини поврзани со компатибилноста, било која страница која не вклучува текст кој е ексклузивно достапен под условите на CC-BY-SA или на CC-BY-SA-компатибилна лиценца е исто така достапен под условите на GNU Free Documentation License. За да утврдите дали една страница е достапна под GFDL, погледнете ја долната маргина на страницата, историјата на страницата и страници за дискусија за давање заслуга на еднолиценцирана содржина која не е GFDL-компатибилна. Целиот текст издаден пред 15 јуни 2009 беше издаден под GFDL и можеби ќе мора да ја користите историјата на страницата за да вратите содржина пред тој датум за да осигурате компатибилност со GFDL.

Користење на нетекстуална содржина

уреди

Онаму каде што не е означено на друг начин, нетекстуалните медиски податотеки се достапни под различни лиценци за слободна култура, согласни со Начелото за лиценцирање на Фондацијата Викимедија. Овие слободни лиценци имаат слободи и обврски кои се определени со Дефиницијата за слободни културни дела и лиценци. Ве молиме видете ја страницата за објаснување на медиумот за детали за лиценцата на било која конкретна медиска податотека. Одредена нетекстуална содржина може и да не е лиценцирана под слободна лиценца (видете го следниот оддел).

Материјали за праведна употреба

уреди

Повремено, статиите од Википедија може да вклучуваат слики, звуци, или текстуални цитати покриени со доктрината „праведна употреба“ која постои во законот за авторски права во САД. Препорачливо е овие ставки да бидат добавени под најслободната лиценца која е практична. Во случаи кога такви слики/звуци не се достапни, тогаш праведна употреба на слики е прифатлива (додека не станат достапни некои слободни слики).

Во таков случај, треба означите дека материјалот кој го користите е од надворешен извор (кој е наведен на страницата со опис на податотеката или страницата со историјата). Запомнете дека она што се смета за праведна употреба за Википедија, можеби нема да биде такво видено во некој друг контекст.

На пример, ако вклучиме слика под праведната употреба, Вие морате да бидете сигурни дека вашата употреба на статијата се квалификува како праведна употреба (тоа не мора да биде случај ако на пример ја користите статијата од Википедија за комерцијални потреби, што по CC-BY-SA би било потполно дозволено, но таа комерцијална употреба не би била и праведна употреба на тоа дело).

Права и обврски на придонесувачите

уреди

За било кој текст за кој ги држите авторските права, со неговото поднесување се согласувате дека го лиценцирате под Creative Commons Attribution/Share-Alike License 3.0 (Unported). Заради компатибилност, Вие сте исто така задолжени да ги лиценцирате под GNU Free Documentation License (без непроменливите делови, без текстот на предните корици, и без текстот на задните корици.). Корисниците можат да изберат со која лиценца(и) да работат. Ве молиме земете предвид дека овие лиценци дозволуваат комерцијални употреби на Вашите придонеси, сè додека таквите употреби се согласни со условите.

Како автор, Вие се согласувате да добиете заслуга преку еден од овие начини: а) преку хиперврска (каде што е тоа можно) или URL до статија или статии до кои имате придонесено, б) преку хиперврска (каде што тоа е можно) или URL до алтернативна, стабилна онлајн копија која е слободно пристапна, што се согласува со лиценцата и која овозможува заслуга до авторите на начин кој е еквивалентен на заслугата дадена на ова мрежно место, или в) преку листа на сите автори (било која листа на автори може да биде филтрирана за да ги исклучи многу малите или неважните придонеси.).

Импортирање на текст во Википедија

уреди

Ако сакате да импортирате текст кој го имате пронајдено на друго место или го имате под соавторство со други, Вие смеете тоа да го направите само ако е достапен под услови кои се согласни со CC-BY-SA лиценцата. Не мора да осигурувате или да гарантирате дека импортираниот текст е достапен под ГНУ Лиценцата за слободна документација (GNU Free Documentation License — GFDL). Покрај тоа, Ве молиме забележете дека не можете да импортирате информации кои се достапни само под GFDL. Со други зборови, можете да импортирате текст кој е (а) лиценциран со една лиценца под услови согласни со CC-BY-SA лиценцата (б) двојно лиценцирано со GFDL и со друга лиценца компатибилна со CC-BY-SA лиценцата.

Ако импортирате текст под компатибилна лиценца која бара давање заслуга, Вие морате, на разумен начин, да дадете заслуга на авторот/авторите. Онаму каде што таква заслуга се дава само преку страниците на историите (како на пример, Викимедија интерно копирање), доволно е да се даде заслуга во описот на промените кој е зачуван во историјата на страницата при импортирањето на текстот. Без разлика на лиценцата, текстот кој го импортирате може да биде одбиен ако бараното давање на заслуга се смета за премногу наметлив.

Импортирање на нетекстулна содржина

уреди

Нетекстуалната медија на проектите на Фондацијата Викимедија се достапни под различни лиценци кои ја поддржуваат целта на дозволување неограничена повторна употреба и дистрибуција. Барањата за такви лиценци се дадени во Начелото за лиценцирање на Фондацијата Викимедија (Wikimedia Foundation Licensing Policy).

Сликите и фотографиите, како пишаните дела, подлежат на авторско право. Некој ги поседува нив, освен ако експлицитно не се поставени во јавна сопственост. Сликите од интернет треба да бидат лиценцирани непосредно од праводржецот или некој способен за да го лиценцира во нивно име. Во некои случаи, напатствијата за праведна употреба може да дозволат да се искористи фотографија.

Означување

уреди

Страниците за опис на слики може да бидат означени со посебни ознаки за да укажат на правниот статус на сликата, на начин кој е опишан во Википедија:Ознаки за авторски права на слики.

Специјални случаи
уреди
Фотографии на вистински лица
уреди

Ова се темели на упатствата за слики на IMDB, така што тоа особено се применува на фотографии на славни личности, но може да се примени и на други слики. Легитимните фотографии главно може да дојдат од три различни места, но со дозвола.

  1. Студија, продуценти, издавачи на весници или медиумски куќи кои првобитно ја снимиле фотографијата.
  2. Агенции кои ги претставуваат фотографиите кои ги снимиле фотографиите или самите фотографи (последното посебно важи кај аматерските фотографи).
  3. Од страна на самата славна личност или од нејзиниот правен застапник.
Фотографии од Владата на САД
уреди

Делата произведени од цивилни и воени службеници на сојузната влада на САД за време на нивната вработеност, според статутот, се јавна сопственост. Меѓутоа, имајте во предвид дека, и покрај популарното (погрешно) мислење, сојузната влада на САД може да држи права за копирање (авторски права) кои и ги препуштиле други (како на пример, дела создадени со договор). Внимавајте - не сите слики на .mil и .gov веб-местата се јавна сопственост. Покрај другите причини, веб-местото може да користи комерцијална резервна фотографија поседувана од други. Може да биде корисно да се провери објавата за приватност и сигурност на веб-местото, но само со е-пошта до вебмастерот можете да бидете сигурни дека некоја слика е во јавна сопственост. Исто така, треба да се забележи дека некои влади надвор од САД, често положуваат авторско право на делата произведени од нивните вработени (како на пример, Крунско авторско право во Обединетото Кралство). Исто така, повеќето државни и локални влади во САД не ги ставаат нивните дела во јавна сопственост, и всушност го поседуваат авторското право за нивните дела. Ве молиме, бидете внимателни и проверете сопственоста на информацијата пред копирање.

Крунско авторско право на Обединетото Кралство
уреди

Канцеларијата за информации за јавниот сектор на Обединетото Кралство, поранешно HMSO, ни го кажа следново:

Крунското авторско право трае педесет години од крајот на годината во која материјалот бил прво заштитен. На тој начин, на пример, материјалот издаден пред педесет и една година, и било кој материјал со Крунско авторско право издаден пред таа дата, сега би бил незаштитен, и може слободно да се репродуцира низ светот. [1]

Законите за авторски права по земји

уреди

Русија: исклучок од правото на копирање

уреди

Според рускиот закон за авторски права од 1993 (Федеральный закон от 9.07.1993 № 5351-1), следните ставки не подлежат на авторски права:

  • Официјални документи (закони, судски одлуки, други текстови од легислативен, административен или судски карактер);
  • Државни симболи и знаци (знамиња, грбови, ордени, банкноти и други државни симболи и знаци ;
  • Народно творештво;
  • Извештаи за настани и факти, од информативен карактер.

Руските авторски права генерално истекуваат 70 години по смртта на авторот. Делата на авторите кои умреле пред 1953 се во јавна сопственост, бидејќи рокот на истекување бил 50 години пред 2004, и оваа промена на условите не е ретроактивна, според Законот 72-FZ, 2004 (на руски), член 2, дел 3.

Доколку едно дело не е објавено во текот на живото на авторот, неговото авторско право истекува 70 години после неговото прво законско објавување (доколку делото не е преместено во јавна сопственост претходно). Ова го дава максималниот рок за необјавени и постхумно објавени години од 140 (ако авторот умрел после 1953) или 120 години (ако авторот умрел пред 1953, И неговото дело било објавено пред 2003).

Доколку делото е објавено анонимно или под псевдоним, и неговиот автор е непознат, неговото авторско право истекува 70 години по неговото прво законско објавување. Ако авторот се открие, се применува вообичаеното правило.

Статусот на дело во јавна сопственост во Русија може да се разлликува од тоа во САД, каде што се наоѓаат опслужувачите на Википедија.

Алжир

уреди

Членот 9 од алжирскиот Ordonnance N°97-10 du 27 Chaoual 1417 correspondant au 6 mars 1997 relative aux droits d'auteur et aux droits voisins. вели дека: "Дела на Државата кои се законски достапни до јавноста можат слободно да се искористуваат за непрофитни цели, со почитување на интегритетот на делото и наведување на неговиот изворот. Под "дела на Државата", во овој член, се подразбираат дела произведени или издадени од различните органи на Државата, локалните општини, или јавните претпријатија од административен карактер." (оригиналот е на француски.)

Иран

уреди

Иако не постои договор помеѓу Иран и САД во врска со заштитата на авторските права, според Џимбо Велс, уредниците на Википедија треба да го почитуваат Иранскиот закон за заштита на авторските права колку што можат, исто како што прават и за другите земји на светот. [2]

Поврзување кон надворешни заштитени дела

уреди

Поврзувањето кон заштитени дела обично не е проблем, сè додека сè додека сте вложиле разумен напор да се уверите дека односната страница не крши нечии туѓи авторски права. Ако крши, ве молиме не поставувајте врска до страницата. Моментално во судовите се расправа дали таквата врска е соучесништво во кршењето на авторските права, но во секој случај, поврзување кон веб-местото кое илегално дистрибуира туѓо дело фрла лоша сенка над нас. Ако односното веб-место го користи материјалот под праведна употреба, поврзувањето е во ред.

Ако наидете на кршење на авторските права

уреди

Работа на обичните Википедијци не е да ја надгледуваат содржината барајќи можни кршења на авторските права, но ако се сомневате на кршење, би требало во најмала рака да го поставите проблемот на страницата на разговор на таа страница. Други може да ја испитаат ситуацијата и да преземат дејствија ако тоа е потребно. Најдобрата помош која може да ја пружите е URL-то или друга референца за која верувате дека е извор на текстот.

Некои случаи ќе бидат лажни тревоги. На пример, ако соработникот бил де факто авторот на текстот што е издаден на друго место под различни услови, тоа не влијае на неговото право да го постави тој текст овде под CC-BY-SA. Исто така, понекогаш ќе најдете текст на други места на мрежата што бил копиран од Википедија. Во двата од овие случаи, добра идеја е да се забележи тоа на страницата за разговор за да се спречат таквите лажни тревоги во иднина.

Доколку дел од содржината на страницата навистина е кршење на правата, тогаш таквата содржина треба да се отстрани, и треба да се стави забелешка за тоа на страницата за разговор, заедно со оригиналниот извор. Ако подоцна се добие дозвола од авторот, текстот може да се врати.

Ако целата содржина на страницата се смета дека е прекршување на авторски права, тогаш таа страница треба да се наведе на Википедија:Прашања за авторски права и содржината на страницата треба да се замени со вообичаеното известување што се наоѓа таму. Ако по една недела страницата сѐ уште претставува кршење на авторските права, тогаш може да се избрише.

Во екстремни случаи на корисници што поставуваат заштитен материјал и покрај соодветните предупредувања, таквите корисници можат да бидат блокирани за да се заштити проектот.

Ако сте сопственик на содржина која е поставена на Википедија и користена без ваша дозвола

уреди

Ако сте сопственик на содржина што се користи на Википедија без ваша дозвола, тогаш можете да побарате страницата веднаш да биде отстранета од Википедија на Википедија:Огласна табла за администратори. Исто така, можете да контактирате со назначениот агент на Викимедија за содржината да ја отстраните трајно, но може да потрае една недела за страницата да биде избришана на тој начин (имајте предвид: и да ја избришете страницата — текстот сè уште ќе биде во историјата на страницата). Како и да е, ќе ни треба некаков доказ за Вашето тврдење дека сте сопственик на содржината.

Поврзано

уреди