Бутел (населба)

две населби во Скопје
(Пренасочено од Бутел 2)
За други значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.

Бутел — заедничко име за две населби во северно Скопје. Двете населби се Бутел I и Бутел II.

По скопскиот земјотрес: новоизградени монтажни објекти во населба Бутел, 1964 г.
Бутел и околните населби (на список) во рамките на Општина Бутел.

Историја

уреди

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано како Бу Тел со христијанско население и имало 20 христијански домаќинства . На овој попис биле забележани 61 мажи христијани, со 9 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 140 жители.[1]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 99 жители.[2]

На крајот на XIX век Бутел било мало село во Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Бутелъ живееле 84 Македонци христијани.[3][4]

На почетокот на XX век целото христијанско население потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев во 1905 г. Бутел имал 128 жители, сите Македонци[3].[5]

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, каде е дел од Општина Булачани и има 885 жители. Во оваа бројка бил вклучен и чифликот Бутел.[6]

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележлил Бутел како македонско село.[3][7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на СХС во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Населението нагло пораснало по земјотресот од 1963 г., кога е подигната урбана населба за сместување на обездомените.

Според пописот од 2002 г. Бутел има 14.005 жители,[9] и тоа во следниов етнички состав:

Како најстари фамилии во Бутел (I и II) се паметат. Барџови (најстари во Бутел), Видински (доселени од Кучевиште), Давчеви (доселени од Кожле), Гижарови и Џамбови (доселени од Бродец), Шаторови (доселени од Булачани)и Петковски. Потоа муслимани. Мемедовци (доселени од Елово), Маљовци (доселени од Долно Количани), Алибегови, Идризбегови, Зеќировци и Муртезовци (многу стари во Бутел), Ајвазовци (доселени од Чифлик), Шаќировци (доселени од тетовско), Мустафовци или Бреждани (доселени од Брест), и уште некои други.

Националност Вкупно
Македонци 7.616
Албанци 4.846
Турци 450
Роми 104
Власи 27
Срби 377
Бошњаци 406
други 179

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Бутел има 24.391 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 10.451
Албанци 8.646
Турци 1.229
Роми 258
Власи 56
Срби 353
Бошњаци 1.002
Други 2.396

Население низ историјата

уреди

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 84 128 243 278 492 6.809
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Верски објекти

уреди

Личности

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  2. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.206
  5. Brancoff, D.M. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, р.114 – 115.
  6. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  7. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
  9. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2017-12-18.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Започна изградбата на црква за Бутелчани“. Дневник. 5 ноември 2012. Посетено на 2012-11-05.[мртва врска]