Бугарски фудбалски сојуз
(Пренасочено од Бугарска Фудбалска Унија)
Бугарскиот фудбалски сојуз (бугарски: Български футболен съюз, скратено БФС) е главна фудбалска организација во Бугарија. Ја организира фудбалската лига и државната репрезентација на Бугарија.
Основана | 1923 |
---|---|
Примена во ФИФА | ФИФА (1924) |
Мрежно место | http://www.bfunion.bg |
Седиштето на оваа органицазија се наоѓа во Софија, а основана е во 1923 година како фудбалски огранок на Бугарската национална спортска федерација која постоела сè до револуцијата во 1944. До 1933 главната фудбалска органицација во Бугарија се викала Централен Фудбалски Комитет. Потоа помеѓу 1948 и 1962 го носела називот Републичка секција за фудбал, Бугарска фудбалска асоцијација помеѓу 1962 и 1985. На 27 јуни 1985 организацијата го добила називот кој денес гоноси, Бугарска Фудбалска Унија.