Кинг Едвард Поинт

Кинг Едвард Поинт (англиски: King Edward Point или KEP) — постојана станица Британското антарктичко истражување (БАИ) на островот Јужна Џорџија and is the седиште на прекуморската територија Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови.[1] Сместен е во заливот Камберленд Исток на североисточниот брег на островот.[2]

Кинг Едвард Поинт
King Edward Point
Кинг Едвард Поинт
Кинг Едвард Поинт
Местоположба на Кинг Едвард Поинт и Гритвикен во Јужна Џорџија
Местоположба на Кинг Едвард Поинт и Гритвикен во Јужна Џорџија
Земја Обединето Кралство
ТериторијаЈужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови
ОператорБританско антарктичко истражување
Основан1950 (1950)
Население (2018)
 • Лете22
 • Зиме12
Час. појасGST (UTC−2)
Активнaцела година
Статусработи
Активностиподдршка на одржлив риболов
Поглед на заливот Камберленд Исток со Гритвикен во левата позадина.

Историја

уреди

Подрачјето е истражено од Шведската антарктичка експедиција во 1901–04 г. под водство на Ото Норденшелд. Името го добила околу 1906 г. во чест на британскиот крал Едвард VII. Од 1909 г. наваму Кинг Едвард Поинт е седиште на британскиот управник на островот. Во 1925 г. владата на Обединетото Кралство ја изградила морската лабораторија „Дискавери хаус“ за океанографските експедиции Discovery Investigations.

Истражувачка станица

уреди

На 1 јануари 1950 г. станицата влегла под надлежност на Фоклкандските Острови (Falkland Islands Dependencies Survey). Имала персонал од 1 јануари 1952 до 13 ноември 1969 г. Потоа се вселил персонал на Британското антарктичко истражување и останал сè до 1982 г.

На почетокот на Фолкландската војна на 3 април 1982 г. аргентинската војска ги окупирала Јужна Џорџија и ја затворила станицата. Подоцна истиот месец единиците биле истерани од островот во британската воена операција „Паракет“. Во 1991 г. биле назначени разни цивилни поморски службеници кои наплаќале царина и рибарина за Управата на Јужна Џорџија, и сместени во мал гарнизон.

На 22 март 2001 г. Британското антарктичко истражување (БИА) ја обновило работата на станицата во име на Управата на Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови (GSGSSI). Највеќето стари и пропаднати објекти биле срушени за на нивно место да се изградат нови, со исклучок на „Дискавери хаус“ (1925) „Џеил“ (1912).

Денес станицата има дванаесет члена на БИА зиме, а 22 лица лете. На Кинг Едвард Поинт има двајца управни службеници плус партнери, со прекло од три месеци за време на зимската риболовна сезона. Летниот персонал од музејот во Гритвикен исто така се сместени во Кинг Едвард Поинт.

Постојаното присуство на станицата има и политичка цел: да ја го одржува британскиот суверенитет наспроти Аргентина која полага право на територијата.

Главни активности на станицата е применетото истражување на риболовот во име Управата на Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови, помош за нејзината политика на одржливо управување со стопанскиот риболов, и пружање на логистичка поддршка за управните службеници.

Клима

уреди

Кинг Едвард Поинт има тундранска клима (Кепен: ET) со долги студени зими и кратки свежи лета.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Local laws and customs - South Georgia and South Sandwich Islands (British Overseas Territory) travel advice - GOV.UK“. www.gov.uk (англиски). Посетено на 28 септември 2017.
  2. „Google Maps“. 54°17'00.0"S 36°29'39.0"W (англиски). Посетено на 25 јули 2018.

Надворешни врски

уреди