Роуд Таун
Роуд Таун (англиски: Road Town) — главен град на Британските Девствени Острови. Сместен е на островот Тортола, крај потковичестиот залив Роуд во средината на неговиот јужен брег. Населението брои 12.603 жители (2012).[1]
Роуд Таун Road Town | |
---|---|
град | |
Поглед на Роуд Таун | |
Местоположба на Роуд Таун | |
Земја | Обединето Кралство |
Прекум. територија | Британски Девствени Острови |
Остров | Тортола |
Надм. вис. | 10 м |
Население (2012)[1] | |
• Вкупно | 12.603 |
Пошт. бр. | VG1110 |
Името „Роуд Таун“ доаѓа од англискиот поморски поим the roads (денес roadstead) што значи „сидриште“,[2] односно место погодно за закотвување кое сепак не е засолнето во самиот залив. Градот денес е важен центар на туристичката пловидба под наем[3][4] благодарение на мелиорацијата на 28 ха земјиште и изградбата на марина. Ова подрачје, наречено „Викамс Кеј“,[5] е најновиот дел од градот и претставува управен и трговски центар на Британските Девствени Острови. Најстара градба во градот е затворот, изграден во 1774 г.[6]
Во градот се забележливи две одбранбени тврдини кои го штителе градот во минатото; тие се Берт на западниот и Џорџ на источниот крај.
Клима
уредиБританските Девствени Острови се одликуваат со тропска клима, ублажена од пасати и мошне мали температурни разлики во текот на годината. Роуд Таун има средна висока температура од 32 °C лете, а 29 °C зиме, а ниската се движи од 24 °C на лето до 21 °C преку зимата. Просечните годишни врнежи изнесуваат 1.150 мм, повеќе на ридовите, а помалку крај брегот. Најврнежлив дел од годината е периодот од септември до ноември, а најсуви се февруари и март. Повремено островите ги погодуваат урагани, чија сезона трае од јуни до ноември.
Сообраќај и туризам
уредиРоуд Таун е едно од главните места за најмување на одморалишни едреници на Карибите. Пристаништето го посетуваат и патнички крстосувачи. Во северозападниот крај на градот е траектниот терминал, од каде поаѓаат бројни пловила што водат до другите острови.
Градот го опслужува и едиствениот аеродром на островите, наречен „Теранс Б. Летсам“ (IATA: EIS, ICAO: TUPJ), сместен на Говедскиот Остров недалеку од него.[7] Тука се опслужуваат само покусите летови, додека пак прекуокеанските се одвиваат од аеродромот „Сирил Е. Кинг“ на Американските Девствени Острови (IATA: STT ICAO: TIST).
Автобусите низ градот и целиот остров Тортола се впрочем поголеми патнички комбиња и прилагодени камионети со клупи и платнен покрив, наречени „сафари“. Уживаат популарност како поевтина алтернатива на такси-превозот.
Историја
уредиНа 1 август 1834 г. е укинато ропството на овие острови. Во 1853 г. речиси целиот град е уништен во голем пожар, предизвикан населението кое се побунило против накачувањето на сточните давачки. Бунтовниците потоа ги изгореле речиси сите плантажи на островот.
На 4 септември 2017 г. островот го погодил катастрофалниот ураган Ирма кој со својата огромна моќ (најголема во историјата) го разорил градот и предизвикал поголем број жртви.[8]
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „World Gazetteer“. Архивирано од изворникот на 9 February 2013.
- ↑ roadstead — Англиско-македонски речик, офф.нет
- ↑ „404“. www.cruising.org. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2019-09-01.
- ↑ John M Bryden. Tourism and Development: a case study of the Commonwealth Caribbean. стр. 151.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 8 May 2011. Посетено на 2010-02-03.
- ↑ „A Visit to HM Prison – The Welcome Guide to the British Virgin Islands“. www.bviwelcome.com. Архивирано од изворникот на 2020-02-16. Посетено на 2019-09-01.
- ↑ „Airport & Transportation in the British Virgin Islands“. b-v-i.com.[мртва врска]
- ↑ „Hurricane Irma: Damage mapped“. BBC News. 2017-09-12. Посетено на 2018-05-30.
Надворешни врски
уреди„Роуд Таун“ на Ризницата ? |
- Роуд Таун — Википатување (англиски)
- Распоред на траектниот сообраќај (англиски)
- Карта и водич низ Тортола Архивирано на 28 декември 2020 г. (англиски)
- Подробна карта на Роуд Таун (англиски)
- Роуд Таун на Енциклопедија Британика (англиски)
- Роуд Таун[мртва врска] — Голема руска енциклопедија (руски)