Акротири и Декелија

британска територија на Кипар

Суверени базни подрачја на Акротири и Декелија (англиски: Sovereign Base Areas of Akrotiri and Dhekelia, грчки: Περιοχές Κυρίαρχων Βάσεων Ακρωτηρίου και Δεκέλιας) се британски прекуморски територии на островот Кипар. Територијата на Акротири на северозапад, север и североисток се граничи со Република Кипар, а на исток и југ со Средоземно Море. Декелија на север се граничи со Република Кипар (односно Северен Кипар), на североисток со ограничената зона на ОН, на исток со Република Кипар, на југ со Средоземно Море, на југозапад со Република Кипар и на запад со ограничената зона на ОН. Територијата е поделена на две базни зони, односно Акротири или западна суверена зона со центар во Епископи, и Декелија или источна суверена зона со центар во Св. Никола.

Карта на Кипар со Акротири и Декелија и ограниченото подрачје на ООН.

Координати: 34°35′N 32°59′E / 34.583° СГШ; 32.983° ИГД / 34.583; 32.983