Вали

главно гратче на Ангвила

Вали (англиски: The Valley - „Долина“[1]) — гратче на островот Анвгила, негово управно седиште и еден од четиринаесетте окрузи. Населението брои 1.067 жители (2011).[2]

Вали
The Valley
гратче и округ
Волблејковиот дом
Волблејковиот дом
Карта

Вали во рамките на Ангвила
Земја Обединето Кралство
Прекуморска територија Ангвила
Надм. вис.&100000000000000090000009 м
Население (2011)
 • Вкупно1.067

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Гратчето е сместено во средишниот дел на островот, крај заливот Крокус и соседниот рид со исто име, кој со своите 73 м е највисока точка на островот. Во околина се селата Норт Сајд, Квортер, Норт Хил и Џорџ Хил.

Клима

уреди

Вали има со тропска саванска клима (Aw) според Кепеновата класификација.[3] Има кратка сува сезона од февруари до април, проследена од дождовна сезона остатокот од годината. Сепак, иако е долготрајна, дождовната сезона се одликува со толку обилни врнежи како што е својствено за другите карипски градови како Санто Доминго и Сан Хуан. Просечната температура е прилично рамномерна преку целата година, движејќи се помеѓу 26 и 29 °C.

Историски знаменитости

уреди

Гратчето има само малку историски градби од колонијално време, што се должи на фактот што управното седиште на Ангвила е преместено во Свети Кристофер уште во 1825 г. Најзначајна стара градба е Волблејковиот дом (XVIII в.) која опстојува до денес како свештенички дом при соседната црква. Продавниците обично се сместени во понови градби, со искчлучок на извесен број обновени куќи во народен карипски стил.

На ридот Крокус можат да се видат остатоците од Стариот суд, поставен на повисок терен. Од него денес останале само разрушени ѕидови и неколку подрумски зандани. Во западниот крај на Вали се наоѓа Волблејковиот дом, изграден во 1787 г. како плантажерска куќа — денес живелиште на католичкиот свештеник. До неа е црквата „Св. Герард“ со својата интересна фасада од камчиња, поголеми камења, цемент, дрво и плочки.

Сообраќај

уреди

Гратчето го опслужува Меѓународниот аеродром „Клејтон Џ. Лојд“ (IATA: AXA, ICAO: TQPF) со извесен број на прекуокеански летови.

Образование

уреди

Во Вали има две државни училишта — едно основно и едно средно.[4] Покрај нив, работи и приватното основно училиште „Омолулу“ со нижи и виши паралелки.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „valley“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. „Number of Dwellings and Persons for Censuses 1974 – 2001 (Table 2)“. Statistics Department of Anguilla. Архивирано од изворникот на 2012-02-10. Посетено на 2008-04-16.
  3. „Climate Summary for The Valley, Anguilla“. Архивирано од изворникот на 2016-10-11. Посетено на 2019-08-27.
  4. "Schools Архивирано на 15 декември 2017 г.." Government of Anguilla. посет. 7 декември 2017 г.
  5. "Contact us Архивирано на 18 септември 2020 г.." Omololu International School. посет. 7 декември 2017 г

Надворешни врски

уреди

18°13′15″N 63°03′06″W / 18.2208° СГШ; 63.0516° ЗГД / 18.2208; -63.0516