Бела Србија

(Пренасочено од Бојка)

Бела Србија или Бојка е назив за територијата во источна Германија, помеѓу реките Лаба и Зале, денес позната како Лужица. Во периодот на доцната Антика и раниот Среден век Бојка ја населувале словенски племиња наречени Бели Срби. Источно од Бела Србија се протегала Бела Хрватска.

Статии поврзани со јужнословенскиот народ

Српска култура
Книжевност · Музика
Уметност · Кинематографија
Кујна · Народна носија

Историски српски земји
Бела Србија · Рашка · Дукља
Захумје · Босна · Херцеговина
Зета · Косово и Метохија · Војводина
Лика · Кордун · Банија · Славонија

Српски наречја и говори
Српски јазик
Штокавски дијалект · Екавски изговор
Јекавски изговор · Икавски изговор
Торлачки дијалект · Шатровачки говор

Религија
Српска православна црква
Свети Сава · Пеќска патријаршија

Историја
Потекло · Владетели
Немањиќи од Србија
Обреновиќи од Србија
Караѓорѓевиќи од Србија

Oстанати статии поврзани со Србите
Србофобија · Србоманија
Велика Србија · Југословенски војни
Познати Срби · Знаме на Србите
Оцила

Историските извори бележат дека дел од Белите Срби, воден од Непознатиот кнез, се иселил од Бојка на Балканот во 7 век за време на владеењето на византискиот цар Ираклиј I. Првично се населиле во Тесалија, а подоцна во Рашка, Босна, Захумје, Дукља и басенот на Неретва (Херцеговина)[1]. Подоцна, на овие територии се развила средновековната српска држава која во 14 век прераснала во царство.

Денес термините „Бела Србија“ и „Бојка“ не се во активна употреба. Наспроти тоа се користат називите: Лужица (глж. Łužica, длж. Łužyca, пол. Łużyce, чеш. Lužice) или Сорбија (Serbja). Дури и словенското население кое ја населува областа себеси се именува како Serby. Поврзаноста на овој словенски народ со современите Срби е нејасна. Во современата наука тие се именуваат како Лужички Срби (наспрема Срби), Сорби или Лужичани, а се класифицираат како западнословенски народ (наспрема јужнословенските Срби).Од друга страна се претпоставува дека правите Бели Срби, т.е. оној дел од нив кој останал во Бела Србија бил асимилиран кон Полјаците или Германците.

Аргумент кој ја поддржува тезата за роднинската врска на балканските со Лужичките Срби е тоа што за разлика од македонските, мизиските и тракиските Словени, кои на Балканот доаѓаат преку Карпатите, српските и хрватските словени доаѓаат од насока север - најверојатно од Галиција или од Бојка[2].

Србија на Балканот (Servia), Бела Србија на север (Serbs)

Извори

уреди
  1. Константин VII Порфирогент, „De Administrando Imperio“
  2. „Славјанството“, Д-р М. Манев