Српски крст — српски национален симбол, дел од грбот на Србија, знамето на Србија и знамето на Српската православна црква [1]. Се смета дека овој вид на крст своите корени ги има во тетраграмскиот крст од грбот на византиската династија на Палеолозите. Разликата е во тоа што во српската традиција вообичаено се употребува бел крст на црвена подлога.

Српски крст.

Според српската традиција, овој симбол се поврзува со Свети Сава, првиот српски архиепископ, на кој се препишува и популарната изрека: „Само слогата ги спасува Србите“, чија кратенка од почетните букви ги означува четирите „С“ букви.

Наводи

уреди
  1. Atlagić 2009, стр. 180.