Теории за потеклото на Србите

Србите се јужнословенски народ, кој претежно живее во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Според тврдењата на генетиката и антропологијата, Србите се потомци на словенските племиња и балканските староседелци Илири, Траки, итн). Меѓутоа, постојат и теории кои тврдат дека името Срби можеби има други корени. Постојат неколку теории за потеклото и етимологијата на српското име, но треба да се има на памет дека овие теории не се широко прифатени од официјалната историска наука, затоа што не постојат доволно докази кои би ги поддржале.

Топоними

уреди

Топоними со основата срб: Срб, Србац, Србица, Србин, Србињак, Србиње, Србобран, Србинци, Србиславци, Србљани, Србљановичи, Србљанска главица, Срботина, Србовац, Србска Каменица, Србово, Српце, Српеница, Српска (село во Црна Гора), Српска Црња, Српска Чука, Српска Кларија, Српска Зелиња, Српски Кланац, Српски Бабуш, Српски Чунтић, Српски Итебеј, Српски Милетич, Српске Моравице (во Хрватска, променето во 1991. во Моравице), Српски Падеј, Српски Рид, Српско Поље, Српско Селиште, Нова Сербиа (во Украина), Славо-Сербиа(у Украина), Serby, Stare Serby, Serbinów (села во Полска), Словианосербск (во Украина), Српци (во Македонија), Сербонис (езеро во Египет) итн.

Антропоними

уреди

Антропоними со основата срб:

  • машки имиња: Срба, Србислав, Србко, Србоје, Србољуб, Србобран
  • женски имиња: Србијанка, Србица, Србислава
  • презимиња: Србиновиќ, Србиќ, Србовиќ, Србљановиќ, Србљин, Србљак, Србиновски

Српско-словенска теорија

уреди
 
Веројатни патишта при ширењето на етнонимот Serb.

Според оваа теорија, името Србин е постаро од името Словен, односно дека Прасловените себеси се нарекувале Срби, и дека денешните Срби и Лужички Срби го сочувале тоа старо име, како некогашна ознака за сите Словени.Оваа теорија е екстремно националистичка и премногу форсирана од страна на Српските научници,кои форсираат дека името Србин е постаро од Словен,што е практично невозможно,кога истото име Срб се јавува подоцна од името Словен.

Оваа теорија ја застапувале историчарите,јазичарите и славистите:Константин Јиричек, Јозеф Домашевски и Павел Јозеф Шафарик.

Иранска теорија

уреди

Иранската теорија за потеклото на Србите претставена е во литературата која се занимава со потеклото на Србите и Српското национално име, а заснована е на податоците на старите автори кои ги споменуваат Србите меѓу сарматските односно аланските племиња на северниот дел на Кавказот. Според оваа теорија, Србите првобитно биле едно од сарматските (алански) племиња, кое живеело во аланската татковина северно од Кавказ, од каде во тоа време хунската миграција ги преселило во Средна Европа, каде со времето се втопиле и направиле симбиоза со Словените, на кои му го дале своето име Срб. Во делот на модерната литература, Србите кои се спомнуваат на Кавказот се означени со терминот Стари Срби, за да се направи разлика во односот на денешните Срби, но кај другите автори овој термин не се користи.

Староседелска теорија

уреди

Оваа теорија не се занимава со потеклото на Српскиот етноним, туку потеклото на Србите во антрополошка и генетска смисла. Основа на овие теории сугестираат дека Србите се староседелци на Балканот, односно дека тие се директни потомци на културата на Лепенскиот Вир, па потоа Винчанската културе итн, сè до денешниот ден. Се тврди дека Србите во еден момент се одлучиле да освојат дел од светот со колонизација, го напуштиле Балканот и тргналена преселба о освојувања. Некои Срби останале на Балканот, а некои пак на крајот повторно се вратиле на Балканските простори.

Останати теории

уреди

Постојат многу теории кои се слични на горно наведените. На пример Милојевиќ сметал дека Србите се по потекло од Индија и Иран,и дека во исто време се и староседелци на Балканот.

Антропологија

уреди

Србите главно припаѓаат на динарската раса, една од подгрупите на белата раса.

Генетика

уреди

Направено е истражување на 681 машки лица (кои меѓусебно не биле во какви било роднински врски) на 7 различни локации, на територијата на Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија (вклучувајќи ја и покраината Косово и Метохија) и Македонија.[1]. Кај претставниците на Србите (опфатени само во Белград) изразено е присуство на генетските маркери вообичаени за Словенското население — -{R1a}- и -{I1b}-* (-{xM26}-), како и мало влијание на хаплогрупата -{E3b1}-. Пет хаплогрупи (-{E3b1, I1b* (xM26), J2, R1a и R1b}-) доминираат на преку 70% од населението.

Според некои генетски истражувања [1], Србите ја имаат следната генетска дистрибуција:

Наводи

уреди