Болеслав I Храбриот
Болеслав I Храбриот ( полски: Bolesław I Chrobry; роден Познањ 967, починал 17 јуни 1025 Краков)[1].владетел на Полска од династијата Пјаст во периодот 992–1025. Полски принц од 992 година и прв крунисан крал на Полска (од 1025 година). Во периодот 1003–1004 година, исто така бил принц на Чешка - познат како Болеслав IV [2][3][4]
Биографија
уредиБолеслав е роден во 967 година, како прво дете на Полјакот Мјешко I и неговата сопруга, чешката принцеза Добрава. Неговиот епитаф, кој бил напишан во средината на II век, гласи дека Болеслав е син на „неверник“ татко и „православна“ мајка, што значи дека бил роден пред покрстувањето на неговиот татко[5][6]. Болеслав бил покрстен веднаш по неговото раѓање[7]. Името го добил по неговиот дедо по мајка, Болеслав I, војвода од Бохемија (Чешка) [8]. Не е многу познато за детството на Болеслав. На неговиот епитаф пишува дека бил подложен на традиционална церемонија на потстрижување на седумгодишна возраст и дека прамен од неговата коса бил испратен во Рим . Последниот чин сугерира дека Мјешко сакал да го стави својот син под заштита на Светата столица [9]. Историчарот Тадеуш Мантофел запишал, дека на Болеслав му била потребна оваа заштита затоа што неговиот татко го испратил на дворот на Отон I, светиот римски император, како знак на неговата лојалност кон царот. Сепак, историчарот Марек Кажимиеж Барански го оспорува тврдењето дека Болеслав бил испратен како заложник на царскиот двор [10].
Пристапување и обединување
уредиМјешко I починал на 25 мај 992 година. Според Тиетмар, принцот-епископ од Мерзебург (важен хроничар)[11], кој запишал дека Мјешко го оставил „неговото кралство да биде поделено меѓу повеќе кандидати“, но Болеслав ја обединил земјата „со лукавството на лисица“ и ја протерал својата маќеа и полубраќата од Полска. Двајца полски аристократи Одилиен и Пжибивој, кои ја поддржувале неа и нејзините синови, биле ослепени по наредба на Болеслав[12]. Историчарот Пжемислав Вишевски забележува дека Болеслав веќе ја презел контролата над цела Полска до 992 година. Плешчински пак пишува, дека тоа се случило допрва во последните месеци од 995 година[13].
Првите монети на Болеслав биле издадени околу 995 година. На една од нив стоел натписот Vencievlavus, кој покажува дека тој го сметал вујкото на неговата мајка, војводата Венцеслав I од Бохемија, за заштитник на Полска. Болеслав испратил засилување во Светото Римско Царство за да се бори против Полабските Словени во летото 992 година[14]. Тој лично ја предводел полската војска за да им помогне на царските трупи во напад на Ободритите и Велетите во 995 година[15]. За време на воените напади се запознал со младиот германски монарх, Отон III[16].
Во походот во 995 година учествувал и Собеслав, владетел од чешката династија Пшемислови. Искористувајќи го отсуството на Собеслав, Болеслав II го нападнал имотот на Пшемислови и наредил да се убијат повеќето членови на семејството[17]. Откако дознал за судбината на своите роднини, Собеслав се преселил во Полска[18]. Болеслав му понудил засолниште „заради светиот брат“ на Собеслав (бискупот Адалберт Прашки)[19]. Адалберт (познат како Војчех пред неговото осветување) исто така дошол во Полска во 996 година, бидејќи Болеслав „бил прилично пријателски расположен кон него“[20]. Според житето на Адалберт, дознаваме дека епископот и Болеслав тесно соработувале[21]. Во почетокот на 997 година, Адалберт ја напуштил Полска и заминал на мисија за христијанизација на Прусите, кои ја напаѓале источната граница на империјата на Болеслав. Меѓутоа, паганите го убиле на 23 април 997 година. Болеслав ги откупил посмртните останки на Адалберт, плаќајќи ја нивната тежина во злато и ги закопал во Гњезно. Дел од моштите на маченичкиот епископ, му испрати на императорот Отон III, кој бил пријател на Адалберт[22].
Почеток на христијанизацијата на Полска
уредиТаткото на Болеслав принцот Мјешко I, го прифатил христијанството во 966 година и оттогаш Полска се смета за христијанска земја. Мјешко и Болеслав верувале дека со прифаќањето на христијанството добиле одобрение да ги окупираат околните земји во име на религијата. До 997 година тој веќе зазел голем дел од околните територии, а обидот да ја заземе Прусија се покажал како неуспешен.
Територијални придобивки
уредиБолеслав од својот татко ја наследил областа околу долината Варта, која била многу помала од денешна Полска. До 997 година, Болеслав веќе ги поседувал
- Шлезија
- Померанија со главен град Гдањск i
- Мала Полска (главен град Краков ).
Малку подоцна се шири кон
Обид за христијанизирање на Прусите
уредиБолеслав Храбриот го испратил Свети Адалберт Прашки во 997 година на Балтикот, како мисионер со цел да ги христијанизира Прусите. Со ваквиот обид и мисионерско дело, Адалберт Прашки завршил како маченик, аподоцна погласен за светец.
Адалберт од Прага, како и другите мисионери, се обидел да ги убеди Прусите дека светите дабови немаат духови. За да го докаже тоа, тој ги исечел светите дабови на Прусите. Прусите го протолкувале како сакрилегија и го убиле Адалберт. Болеслав го откупил неговото тело, со злато, колку што тој тежел. Адалберт Прашки бил првиот словенски светец. За светец бил прогласен и од католичката и од православната црква.
Партнерството со царот Отон
уредиБолеслав Храбриот во 1000година го примил императорот Отон III за време на неговото аџилак на гробот на свети Адалберт Прашки во Гњезно. Тогаш Болеслав ја добил титулата „брат и партнер во империјата“. За време на таа посета, Отон III му доделил на Гњезно статус на епархија и на тој начин била создадена полската архиепископија во Гњезно. Постоењето на архиепископијата придонела за подоцнежна полска независност.
Војни
уредиПо смртта на Отон III во 1002 година, Болеслав Храбриот ги окупирал Лужица и Мајсен . Ги искористил кавгите за наследството, па ги презел царските територии. Болеслав претходно го поддржувал Хенри II од Баварија против Отон III, кој пак му помогнал за време на борбата за тронот по смртта на Отон.
Болеслав го освоил кралството Бохемија и станал владетел на Бохемија и Моравија (1003-1004), каде што владеел како Болеслав IV. Хенри II неколкукратно се борел против Болеслав и во првиот поход успеал делумно да ги врати териториите што ги зазел Болеслав, поточно Мајсен, која имала посебно значење.
Постојано војувал со Хенри II, така што конечно во 1018 година бил склучен мировен договор според кој Лужица, каде што живеат лужичките Срби, му припаднала на Болеслав, а Бохемија на Хенрик. Моравија исто така му се доделува на Болеслав, а Мајсен останува во германски раце. Со тоа, Болеслав морал да се обврзе да го признае Хенри како негов господар,а овие земји да му пропаднат како феуд на Болеслав. Границата на Полска била источно од реката Шпре и источно од долниот тек на Одра .
Болеслав I Храбриот интервенирал во конфликтот помеѓу Јарослав Мудриот и Свјатополк I во Киевска Русија . Во истиот период ја припоил источна Галиција .
Првиот крал на Полска
уредиПо смртта на Хенрик II во 1025 година Болеслав станал првиот крал на Полска. Тогаш Полска добива ранг на кралство. Дотогаш полските владетели биле само принцови. Набргу потоа, Болеслав умира, а неговиот син Миешко II станува нов крал на Полска.
Болеслав за прв пат ги обединил провинциите, кои подоцна стануваат традиционални територии на Полска:
- Голема Полска
- Малополска
- Шлезија
- Померанија .
Болеслав се смета за народен херој на лужичките Срби, бидејќи по долга борба со Германците ги вклучил во словенската држава.
Гробницата на Болеслав I Храбриот
уредиПочивалиштето на кралот (според хроничарот Јан Длугош, надоврзувајќи се на традиција) била катедралата во Познањ[23]. Во XIV век, кралот Кажимиеж Велики подарил готски саркофаг на овој храм, во кој биле преместени посмртните останки на Болеслав Храбриот. Саркофагот бил делумно уништен во 1772 година за време на пожар кој избувнал во катедралата. А неколку години подоцна, во 1790г. целосно уништен како резултат на рушењето на јужната кула. Во тој период посмртните останки на кралот биле преместени во конаците, од каде што три фрагменти од кралските коски (во 1801 година, на негово барање) му биле подарени на Тадеуш Чацки (полски историчар, педагог и нумизматичар). Чацки задржал еден од фрагментите од черепот на Болеслав во неговиот семеен дом (во мавзолејот) во Порик, а преостанатите два фрагменти во форма на вратни пршлени и ги дал на принцезата Изабела Чарториска за новоформираниот полски музеј во Пулави [24].
Во 1938 година, Археолошкиот институт при Универзитетот во Познањ под надзор на проф. Костржевски извршил пребарување на гробот на Болеслав, на територијата на Остров Тумски во Познањ[25][28]. По многу историски превирања, погребното место на кралот Болеслав Храбриот конечно било потврдено во катедралата во Познањ, поточно во Златната капела на овој храм[26].
Позната е содржината на епитафот, кој делумно или целосно се наоѓал на првобитната надгробна плоча на кралот. Тој е исто така еден од првите извори, датиран во периодот непосредно по смртта на Болеслав, веројатно за време на владеењето на Мјешко II кој му го дал прекарот Храбриот (според поглавје 6 од полската хроника на Gallus Anonymus - Bolezlavus qui dicebatur Gloriosus seu Chrabri)
Epitaphium Chabri Boleslai [27]
1 Hic iacet in tumba princeps generosaa columba 2 Ch[r]abrib tu es dictus sis in evum benedictus 11 Perfido c-patre tu es-c, sed credula matre 3 Fonte sacro lotus servus Domini puta totus 4 Precidens comam septenod tempore, Romam 5 Tu possedisti velut verus adletae Cristi 12 Vicistif terras faciens bellasg quoque guerras 10 Incliteh dux tibi laus, strenue Boleslaus 6 Regni Sclavorum Gottorumi suej Polonorum 7 Cesar precellens a te ducalia pellens 8 Plurima dona sibi que placuere tibi 9 Hinc detulisti quia divicias habuisti 13 Ob famamque bonam tibi contulit Otto coronam 14 Propter luctamen k-sIt tIbI l-saLVs-kl Amen |
Епитаф на Болеслав Храбриот
Во овој гроб почива главниот благороден гулаб Ти беше наречен Храбар, да бидеш благословен засекогаш Иако татко ти е паган, мајка ти е христијанка Капките осветена вода ве направија слуга Божји Кога те шишаа, косата ти беше оставена во Рим Оттогаш, среде илјадници, стана вистинско Христово чедо Освојуваше земји водејќи војни Твоето име е во слава, па слава ти, Болеслав Крал на Словените, Готите, а исто така и на Полјаците Царот се издигнал повисоко за да не биде повеќе принц За ова, од благодарност, не го штедете со дарежливи подароци Кои што ги сакавте и со задоволство ги подарувавте Отон ти донесе круна поради твојот добар глас Да бидеш спасен за големи дела. Амин. |
Наводи
уреди- ↑ Pleszczyński 2001.
- ↑ Warner, David A. (2013-01-01). The Chronicon of Thietmar of Merseburg. Manchester University Press. ISBN 978-1-5261-1277-4.
- ↑ Pleszczyński, Jan (2023). Komunikologia znaturalizowana. Wydawnictwo Uniwersytetu Łódzkiego. ISBN 978-83-8331-181-4.
- ↑ Manteuffel, R. (1982). Immunology. Berlin, Heidelberg: Springer Berlin Heidelberg. стр. 459–502. ISBN 978-3-642-68239-1.
- ↑ Vlasto, A. P. (1970-10-02). The Entry of the Slavs into Christendom. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-07459-9.
- ↑ Wiszewski, P. (2010-01-01). Preliminary Material. BRILL. стр. i–xliv. ISBN 978-90-04-18142-7.
- ↑ Wiszewski, Przemyslaw (2010-02-15). Domus Bolezlai: Values and social identity in dynastic traditions of medieval Poland (c.966-1138). BRILL. ISBN 978-90-04-18142-7.
- ↑ Barford, P. M. (2001). The early Slavs: culture and society in early medieval Eastern Europe. Ithaca, NY: Cornell University Press. ISBN 978-0-8014-3977-3.
- ↑ Manteuffel, Tadeusz; Manteuffel, Tadeusz; Gorski, Andrew (1982). The formation of the Polish state: the period of ducal rule 963 - 1194. Detroit, Mich: Wayne State Univ. Pr. ISBN 978-0-8143-1682-5.
- ↑ Barański, Marek (2006). Dynastia Piastów w Polsce (Wyd. 1, dodr. изд.). Warszawa: Wydawnictwo Naukowe PWN. ISBN 978-83-01-14816-4.
- ↑ Wiszewski, Przemysław (2010). Domus Bolezlai: values and social identity in dynastic traditions of medieval Poland (c. 966-1138). East Central and Eastern Europe in the Middle Ages, 450-1450. Leiden ; Boston: Brill. ISBN 978-90-04-18142-7. OCLC 473656066.
- ↑ Warner, David A. (2013-01-01). The Chronicon of Thietmar of Merseburg. Manchester University Press. ISBN 978-1-5261-1277-4.
- ↑ Wiszewski, Przemysław (2010). Domus Bolezlai: values and social identity in dynastic traditions of medieval Poland (c. 966-1138). East Central and Eastern Europe in the Middle Ages, 450-1450. Leiden Boston: Brill. ISBN 978-90-04-18142-7.
- ↑ Urbańczyk, Przemysław; Instytut Archeologii i Etnologii, уред. (2001). Europe around the year 1000. Warszawa: Wydawn. DIG. ISBN 978-83-7181-211-8.
- ↑ Manteuffel, Tadeusz; Manteuffel, Tadeusz; Gorski, Andrew (1982). The formation of the Polish state: the period of ducal rule 963 - 1194. Detroit, Mich: Wayne State Univ. Pr. ISBN 978-0-8143-1682-5.
- ↑ Vlasto, A. P. (1970). The entry of the Slavs into Christendom: an introduction to the medieval history of the Slavs. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-10758-7.
- ↑ Manteuffel, Tadeusz; Gorski, Andrew (1982). The formation of the Polish state: the period of ducal rule, 963-1194. Detroit: Wayne State University Press. ISBN 978-0-8143-1682-5.
- ↑ Manteuffel, Tadeusz; Manteuffel, Tadeusz; Gorski, Andrew (1982). The formation of the Polish state: the period of ducal rule 963 - 1194. Detroit, Mich: Wayne State Univ. Pr. ISBN 978-0-8143-1682-5.
- ↑ Gaşpar, Cristian (2012-10-01). Life of Saint Adalbert Bishop of Prague and Martyr. Central European University Press. стр. 77–182.
- ↑ Gaşpar, Cristian (2012-10-01). Life of Saint Adalbert Bishop of Prague and Martyr. Central European University Press. стр. 77–182.
- ↑ Manteuffel, Tadeusz; Manteuffel, Tadeusz; Gorski, Andrew (1982). The formation of the Polish state: the period of ducal rule 963 - 1194. Detroit, Mich: Wayne State Univ. Pr. ISBN 978-0-8143-1682-5.
- ↑ Vlasto, A. P. (1970-10-02). The Entry of the Slavs into Christendom. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-07459-9.
- ↑ Urbańczyk, Przemysław (2023-05-15). Niezwykli goście Bolesława Chrobrego. Tom 3: Św. Bruno i jego „bracia”. Wydawnictwo Naukowe Uniwersytetu Mikołaja Kopernika w Toruniu. ISBN 978-83-231-5037-4.
- ↑ Mendecki, Norbert (1993-12-31). „Kronika archeologiczna: groby królewskie w Jerozolimie“. Ruch Biblijny i Liturgiczny. 46 (3–4): 188. doi:10.21906/rbl.1102. ISSN 2391-8497.
- ↑ Rossowski, Stanisław (6 мај 1938.). „W poszukiwaniu grobu Chrobrego“. Gazeta Lwowska. nr 101: стр. 3. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Słomka vel Słomiński, Krystian (2019). „O cnocie w Ikones książąt i królów polskich Jana Głuchowskiego“. Meluzyna. 2: 35–52. doi:10.18318/me.2019.2-04. ISSN 2449-7339.
- ↑ Kürbis, Brygidа (1989/1990). „Epitafium Bolesława Chrobrego. Analiza literacka i historyczna“. Roczniki Historyczne. R. 55/56: с. 95, 121. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)