Богатско

село во Костурско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Богацко)

Богатско (дијалектно: Богацко; грчки: Βογατσικό, Вогацико; старо Μπογκάτσκο, Богацко, Μπογατσικό, Богацико) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 438 жители (2021), сочинето од погрчени Македонци.

Богатско
Βογατσικό
Поглед на Богатско
Поглед на Богатско
Богатско is located in Грција
Богатско
Богатско
Местоположба во областа
Богатско во рамките на Рупишта (општина)
Богатско
Местоположба на Богатско во општината Рупишта и областа Западна Македонија
Координати: 40°25′N 21°23′E / 40.417° СГШ; 21.383° ИГД / 40.417; 21.383
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаРупишта
Општ. единицаЈон Драгумис
Надм. вис.&10000000000000770000000770 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно438
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.52053
Повик. бр.24670-95
Рег. таб.KT

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено на западното подножје на планината Саракина, околу 15 км југоисточно од градот Костур, во близина на реката Бистрица, на нејзината лева страна, на надморска височина од 770 м.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во османлиски дефтер од XV век во Богачко по име се заведени 180 глави на семејствата.[3] Во даночните записници од средината на XV век Богавецко е споменато со 30 глави на семејства, двајца неженети и две вдовици: Јорг, Димо, Папа Јанос, Јорг, Никола, Тодор, Никола, Томо, Јорг, Арматуш, Томо, Манол, Срвит, Зимпор, Михал, Стефан, Тома, Никола, Димо, Ѓорче, Коста, Коста, Тома, Мано, Којо, Гон, Флорс, Бојо, Дочо, Јорг, Којо, Манол, Јелена и Кала. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.877 акчиња.[4]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал дека селото е македонско во фаза на погрчување, во кое живеат 1.416 мажи и 1.400 жени.[5][6]

Во XIX век Богатско било македонско село во процес на погрчување, бидејќи тука уште одамна почнала да работи грчката пропаганда. На самиот почеток на XX век е забележано:[6][7]

Само во блиската околина на Боргатско, расположено на јужните падини на Саракинска Планина погрчувањето продолжува уште и сега. Таму има села каде постарото поколение сѐ уште е двојазично, а новото веќе не знае македонски, со мали исклучоци. Грчкиот јазик во тие места е измешан со многу македонски зборови, што на околното население му дава причина да се потсмевна на месните жители. Во селото Боргатско на пример велат: „на паме на сборјасаме“ - да одиме да се собереме.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Богатско живееле 1.750 „Грци“ (погрчени Македонци).[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Богатско се води како чисто „грчко“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 450 куќи.[9]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 во Богатско живееле 2.250 „Грци“ и работело едно грчко училиште.[10]

Според грчки извори, во 1905 г. во Богатско имало 2.500 жители „Грци“.[11]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 2.693 жители. Во 1928 г. селото броело 1.701 жител.[2]

Како последица од Граѓанската војна, голем број жители од околните села се населиле во Богатско.[2]

Население

уреди

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 2.693 жители, во 1920 година со 1.701 жител, во 1928 година со 1.601, во 1940 година со 1.509, во 1951 година со 1.854, во 1961 година со 1.128, во 1971 година со 855, во 1981 година со 998, а во 1991 година со 961 жители.[2]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.509 1.854 1.128 855 998 961 793 543 438
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Јон Драгумис со седиште во селото, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Богатско, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Манастири

Личности

уреди

Родени во Богатско

По потекло од Богатско

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 9.
  3. „Хр. Гандев - Българската народност.. - Поселения“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-08.
  4. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 117
  5. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 342 – 343.
  6. 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. „Makedonija. Etnografija i statistika - 1. B5“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-08-08.
  8. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.43“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-08-08.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 100.
  10. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.182-183.
  11. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vogatsiko“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26.
  12. Αλεξίου, Γ Τ (24 август 2018). „Φως της Καστοριάς: Ο ναός των Αγίων Αναργύρων στο Βογατσικό Καστοριάς (μέσα 19ου αιώνα)“. Φως της Καστοριάς. Посетено на 2023-08-08.
  13. Αλεξίου, Γ Τ (4 јули 2017). „Φως της Καστοριάς: Ο νεόδμητος και περικαλλής ναός του αγίου Ιωάννου Χρυσοστόμου στο Βογατσικό Καστοριάς (έτ. 2016)“. Φως της Καστοριάς. Посетено на 2023-08-08.