Сотириос Висвикис

Сотириос Висвикис (грчки: Σωτήριος Βισβίκης) — грчки андартски капета, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.

Сотириос Висвикис
Роден ?
Богатско, денес во Грција
Починал ?
 ?

Животопис

уреди

Сотириос Висвикис е роден во костурското село Богатско. Станал клефт (ајдутин) и дејствувал по Вич, Корбец, Грамошта, Сињак и Горуша. Во 1904 година се сретнал со Павлос Мелас во куќата на Николаос Малутас во Делино и се договoил за зеднички дејствија. Четата им се состоела од 8 борци.

Висвикас бил со Мелас во текот на неговата смрт во Статица во октомври. По смрта на Мелас продолжил да ги помага андарските чети на Георгиос Цондос (Вардас), но продолжил да се занимава и со ајдутство.

Бил уапсен по предавството во Кожани [1][2][3][4][5].

Наводи

уреди
  1. Πετσίβας, Γεώργιος (επιμέλεια), Γεωργίου Τσόντου-Βάρδα, Ο Μακεδονικός Αγών, Αθήνα 2003, τόμος Α΄, σσ. 17-18
  2. Κολιόπουλος, Ιωάννης Σ. (επιστημονική επιμέλεια), Αφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σ. 73
  3. „Δημήτριος Λιθοξόου, Ο Αντιμακεδονικός Αγώνας“. Архивирано од изворникот на 2011-08-07. Посетено на 2010-12-27.
  4. „Δέλινο, Τουρκοκρατία“. Архивирано од изворникот на 2010-07-04. Посетено на 2010-12-27.
  5. „Δημήτριος Λιθοξόου, Ο Παύλος Μελάς“. Архивирано од изворникот на 2010-06-12. Посетено на 2010-12-27.