Црква „Св. Никола“ - Богатско

црква во Богатско, Костурско

Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во селото Богатско, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Никола
Αγίου Νικολάου
Фреска на јерарх од храмот
Карта
40°24′54.5″N 21°23′20.6″E / 40.415139° СГШ; 21.389056° ИГД / 40.415139; 21.389056
МестоБогатско, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типеднокорабна базилика
ЗавршенаXVIII век
Управа
ЕпархијаШишанско-сачишка

Црквата се наоѓа на 300 м источно од селото, на подножјето на планината Саракина. Градбата претставува еднокорабна базилика со дрвен покрив покриен со плочи. Изградена е од варовник. Долга е 9 м, широка е 5 м, а страничните ѕидови се високи 3,5 м. Во жртвеникот има две ниши. Средишната конха е наполно зградена во источниот ѕид. Нема зачуван ктиторски натпис, но според архитектонските особености се претпоставува дека црквата е подигната некаде во средината на XVIII век. Храмот има забележителни фрески и убав резбаан иконостас од XIX век.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Ο ναός του Αγίου Νικολάου {18ος αι.;} στο Βογατσικό Καστοριάς“. Φως της Καστοριάς. 4 декември 2019. Посетено на 6 декември 2019.

Надворешни врски уреди