Бенѓин (полски: Będzin) — град кој се наоѓа во Полска, во Шлеското Војводство, со население од 58,639 жители според податоци од 2008 година[1]. Бенѓин е седиште на истоимениот округ.

Бенѓин
Замок во градот
Замок во градот
Знаме на БенѓинГрб на Бенѓин
Гесло: Civitas Regi Bendzinensis
Бенѓин is located in Полска
Бенѓин
Бенѓин
Координати: 50°20′N 19°7′E / 50.333° СГШ; 19.117° ИГД / 50.333; 19.117
Земја Полска
Voivodeship Шлеско Војводство
ОкругБенѓински
ОпштинаБенѓин
Основање9 век
Како град од1358
Управа
 • ГрадоначалникЛукаш Комониевски
Површина
 • Градска37,08 км2 (1,432 ми2)
Најг. вис.&10000000000000382000000382 м
Најм. вис.&10000000000000260000000260 м
Население (2013)
 • Градско59.023
 • Густина16/км2 (41/ми2)
 • Градскo2.746.000
 • Метро4.620.624
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код42-500
Повик. бр.+48 32
Регистарски  табличкиSBE
Мреж. местоhttp://www.bedzin.pl

Историја

уреди
 
Замокот кон почетокот на 20 век
 
Црквата Св. Троица
 
Градска библиотека
 
Дворец „Мерошевски“
 
Столб

Првите векови

уреди

Првото споменување на селото Бенѓин е од 1301 година, но како населба постоел уште од 9 век. Низ него поминувал антички трговски пат од Киев до Западна Европа. Во 1340-те населбата започнала да се развива кога кралот Касимир III Велики изградил замок. На 5 август 1358 година на градот му биле доделени градски права како дел од Краковското Војводство во Мала Полска.

Во Јагелонскиот период Бенѓин, кој се наоѓа на границата меѓу Мала Полска и Шлеја, бил голем трговски центар. Во 1565 кралот Сигисмунд II Август му овозможил на градот да има пет пазарни денови во една недела. Во 1655 година, за време на Потопот, градот и замокот биле уништени од страна на Швеѓаните и Бенѓин не се опоравил од уништувањето за многу години. По поделбата на Полска, градот бил вклучен во составот на Кралство Прусија, додек во 1815 година станал дел од Конгресна Полска.

Обновување на градот

уреди

Во доцниот XVIII век биле пронајдени богати наоѓалишта на јаглен во областа. Во XIX век, градот и неговата околина започнале со период на брза индустријализација и урбанизација. Во тој период биле основани нови населби и градови, и регионот на Заглембе Домбровске бил основан во југозападниот дел на Конгресна Полска. Во 1858 година, Бенѓин ја добил својата прва железничка врска, поради изградбата на железничката пруга од Варшава до Виена. Во овој период градот значително се зголемил по површина и по број на население.

Железничката станица на градот била отворена во 1913 година. За време на Втората полска република градот бил важен центар на локалната администрација и индустрија. Во текот на овој период биле изградени нови железнички станици, водовод, училиштата и канцеларии.

Втора светска војна

уреди

На 4 септември 1939 година, Вермахтот влегол во градот и во рок од неколку месеци било основано гето. За време на окупацијата, името на градот било променето во Бендсбург како главен град на истоимениот округ.

За време на Втората светска војна во градот биле сместени сојузничките затвореници. Во јануари 1945 година, по советската офанзива затворениците биле ослободени но голем дел од нив починале од студ и исцрпеност[2].

На 27 јануари 1945 година, градот бил ослободен од страна на Црвената армија. Замокот бил повторно изграден како и неколку фабрики.

Еврејска историја

уреди

До Втората светска војна, Бенѓин имал неколку еврејски заедници. Според рускиот попис од 1897 година, од вкупно 21.200 жители на градот, 10.800 биле Евреи или околу 51% процент[3]. Според полскиот пописот од 1921 година градот имал еврејска заедница која се состоела од 17.298 луѓе, или 62,1 % од вкупното население[4].

Во септември 1939 година, германската армија (Вермахтот) ја зазеле оваа област убивајќи 200 евреи. Освен тоа во градот била запалена и синагогата[5]. Гетото во градот било основано во 1942 година. Во летото на 1943 година поголемиот дел од еврејското население било депортирано во близина на германскиот концентрационен логор во Аушвиц.

Географија

уреди

Градот е историска престолнина на областа Заглембе Домбровске (Мала Полска) и се наоѓа покрај реката Чарна Пшемша во географскиот макрорегион Шлеска Висорамнина. Бенѓин се наоѓа на 13 километри североисточно од војводското седиште Катовице, на 6,1 км северно од центарот на Сосновец и на 5,9 километри западно од центарот на Домброва Гурнича[6].

Највисоката точка во градот е планината Св. Дорти (382 метри надморска височина). Целокуппната област зафаќа површина од 37,08 квадратни километри[7].

Административна поделба

уреди
  • Варпе
  • Гжихов
  • Гроџец
  • Ксавера
  • Лагиша
  • Малобонѕ
  • Сиберка
  • Шрудмешче

Население

уреди

Во 1827 година градот имал 256 куќи со 2.254 жители. Во 1858 година имал 361 куќи со 4.140 жители, од нив 2.445 Евреи. Кон 1880 година во Бенѓин имало 365 куќи со 6.090 жители, од кои 1.403 христијани и 4.687 Евреи.[8].

Според податоци од Полската Централна статистичка служба, на 1 јануари 2014 година населението на градот изнесува 58.425 лица. Густината е 1.563 лица на квадратен метар[7]

Демографија

уреди
  • 1360 - 240
  • 1510 - 1 400
  • 1673 - 346
  • 1789 - 1 200
  • 1852 - 3 858
  • 1901 - 30 124
  • 1910 -50 500
  • 1918 - 30 259
  • 1939 - 52 000
  • 1945 - 25 600
  • 1960 - 39 000
  • 1979 - 78 800
  • 1990 - 75 400
  • 2000 - 59 719
  • 2009 - 58 726

Сообраќај

уреди

Бенѓин се наоѓа во пресекот на два национални патишта - 94 (Згожелец - Краков), а во 86 (Катовице -Варшава). Меѓународниот аеродром Катовице се наоѓа 23 км далеку од градот. Градот, исто така е железнички центар кој има три железнички станици, и удобни автобуски и трамвајски врски со соседните градови. Првата трамвајска линија се отворила во 1928 година.

Личности

уреди
  • Рутка Ласкиер -
  • родителите на Жан Мари Лустиже
  • Џошуа Правер - израелски историчар
  • Моника Јаросинска - глумица

Збратимени градови

уреди

Наводи

уреди
  1. Powierzchnia i ludność w przekroju terytorialnym w 2008 - Central Statistical Office in Poland ISSN 1505-5507 , 13.08.2008
  2. Lamsdorf: Stalag VIIIB 344 Prisoner of War Camp 1940 - 1945 - Home
  3. Joshua D. Zimmerman, Poles, Jews, and the politics of nationality, Univ of Wisconsin Press, 2004, ISBN 0-299-19464-7, Google Print, p.16
  4. Jewish Historical Institute community database http://www.jhi.pl/en/gminy/miasto/613.html Архивирано на 16 февруари 2012 г.
  5. Dissonant Lives: Generations and Violence Through the German Dictatorships By Mary Fulbrook page 176
  6. https://www.google.bg/maps (посетен на 14.01.2014 г.)
  7. 7,0 7,1 Powierzchnia I ludność w przekroju terytorialnym w 2014 r., Główny urząd statystyczny, Warszawa, 2014, стр.137 (посетен на 14.01.2015 г.)
  8. Słownik geograficzny Królestwa Polskiego i innych krajów słowiańskich, Tom I, Warszawa, 1880, s.166.

Надворешни врски

уреди

50°19′N 19°08′E / 50.317° СГШ; 19.133° ИГД / 50.317; 19.133