Баово
Баово или Бахово (грчки: Πρόμαχοι, Промахи; до 1926 година: Μπάχοβο, Бахово; книжевно: Μπάχοβον, Баховон[2]) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.
Баово Πρόμαχοι | |
---|---|
Црквата „Св. Архангел Михаил“ во Баово | |
Координати: 41°02′N 22°00′E / 41.033° СГШ; 22.000° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Меглен |
Општ. единица | С’ботско |
Надм. вис. | 290 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 1.654 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во јужното подножје на планината Ниџе, 9 км оддалечено од градот С’ботско, на надморска височина од 290 метри.[3] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 89 квадратни километри.
Баово е сместено во северниот дел на котлината Меглен. Крај него се наоѓа манастирот „Св. Иларион Мегленски“.
Историја
уредиСпоред легенда, селото не е многу старо. Било основано од жителите на селото Грамади, кое се наоѓало помеѓу селата Преб’диште и Баово. Баовчани се селеле неколкупати за да ги избегнат тешките даноци од турската власт. Баово отсекогаш било населено со македонско население и во етнички поглед досега нема претрпено никакви промени.[3]
Во почетокот на XX век, селото потпаднало под грчката пропаганда и со тоа станало една од најглавните бази на грчката вооружена пропаганда во Македонија и станало познато како „грчкото село“ во областа.[4]
Во 1926 година, името на селото било променето во Промахи (Πρόμαχοι).
Помеѓу 1943 и 1944 година, во Баово се воделе битки меѓу партизаните од ЕЛАС и германските војници, при што загинале 10 војници и многу партизани.[5]
Иако претрпело штети за време на Втората светска војна и Граѓанската војна, поради која, покрај загубите, неколку семејства и поединци побараа засолниште во Македонија, тоа и натаму остана едно од најголемите села во Мегленско.[3]
Потекло и значење на името
уредиСпоред легенда, името на селото Баово е добиено по тоа селаните изморени од честото селење рекле „БАХ“, што наводно значело „доста веќе“.[3]
Стопанство
уредиГлавни производи на селото се индустриските пиперки, компирите, тутунот, житото и другите земјоделски производи, а поради непрегледните планински површини (атарот на селото опфаќа најголема површина од сите други општини во Меглен) доста е развиено и сточарството, како и искористувањето на шумскиот фонд.[3]
Население
уредиВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бахово (Bahovo) било село во Воденската каза со 134 куќи и 725 жители Македонци и 310 Македонци-муслимани.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Баово живееле 560 Македонци.[3][7] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Баово (Baovo) имало 1.280 Македонци и во селото работело грчко училиште.[8]
Во 1920 година, Баово е со 350 македонски куќи.[3][9]
Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 1.082 жители, во 1920 година со 978 жители, во 1928 година со 1.160 жители, а во 1940 година со 1.598 жители. Иако селото настрадало за време на Втората светска војна и Граѓанската војна, сепак селото останало едно од најголемите села во Мегленско. Во 1951 година имало 1.549, во 1961 година 1.872, во 1971 година 1.821, во 1981 година 1.754, а во 1991 година 1.862 жители.[3]
Според извештај од 1993 година, селото претставува чисто македонско и во него македонскиот јазик е зачуван на средно ниво.[10]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.825 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.740 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.598 | 1.549 | 1.872 | 1.821 | 1.754 | 1.862 | 1.825 | 1.740 | 1.654 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиВо 1919 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 89 квадратни километри.[3] Општината Баово била приклучена во општината С’ботско во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Меглен.
Селото припаѓа на општинската единица С’ботско со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Баово, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска црква
- Манастири
- Мегленски манастир — женски манастир посветен на македонскиот светец Иларион Мегленски
Личности
уреди- Родени во Баово
- Иван Димитров (Јоанис Димитриу) — гркомански андартски капетан
- Петре Калојановски (1925-1948) — комунист
- Петре Тануров (1915-1948) — деец на ДАГ
- Кољо Прошов — комунист
- Христо Чочо — грчки андартски капитан
- Христо Вешков
- Алексо Пошинов
- Петро Аџиев
- Перикли Тануровски
- Георги Саламанов
- Нико Туба
- Коста Вешков
- Захарија Вешков
- Димитри Кукули
- Нико Иконом (учител во селото)
- Христо Херули
- Спиро Херули
- Јани Калојанов
- Димитри Џамбазов
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπάχοβο -- Πρόμαχοι
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 83.
- ↑ „Διαδικτυακές Πύλες - Δήμος Αλμωπίας - Τοπική Κοινότητα Προμάχων“ (грчки). Δήμος Αλμωπίας. Посетено на 24 март 2016.
- ↑ „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2017-03-16. Посетено на 2016-03-24.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
- ↑ Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 150.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
- ↑ Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927 (διοικητικά όρια 1911) Архивирано на 27 март 2013 г.
- ↑ Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Белешки
уреди- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
Надворешни врски
уреди- Баово на Ризницата ?
- Матична страница (англиски) (грчки)