Манастир „Св. Иларион Мегленски“

манастир кај Баово, Воденско

Свети Иларион Мегленски (грчки: Μονή Αγίου Ιλαρίωνος Μογλενών) — женски манастир во Воденско, Егејска Македонија. Сместен е во подножјето на планината Ниџе, на 2 км источно од селото Баово, на територијата на Општина Меглен.[1][2][3]

Свети Иларион Мегленски
Αγίου Ιλαρίωνος Μογλενών
Старата манастирска црква
Карта
41°1′34″N 22°1′9″E / 41.02611° СГШ; 22.01917° ИГД / 41.02611; 22.01917
МестоБаово, Воденско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Управа
Архијерејско намесништвоС’ботско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска
Манастирот „Св. Иларион Мегленски“

Се смета дека манастирот е наследник на манастирот „Св. Апостоли“ изграден во XII век од македонскиот светец Иларион Мегленски. Во османлиско време тој е пален и уништуван на неколку наврати од мегленските муслимани. Според месното предание од Баово, со уништувањето на Ошинскиот манастир, монасите се преселиле во нему потчинетиот манастир „Св. Иларион“. Баовци од страв од Турците не сакале да ги примат во својот атар. Тогаш, налутениот игумен се помолил на Бога, и тој испратил змии и силен ветар, така убедувајќи ги селаните да ги примат монасите. Според традицијата се вели дека во него имало и тајно училиште. Во 1868 г. ридот сè уште се гледале купишта камења и дел од источниот ѕид на манастирската црква со три прозорци на него. Според грчки извори, претседателот на Воденската егзархиска општина им понудил на баовци 2000 гроша за обнова на манастирот под услов да ѝ се приклучат на Бугарската егзархија, но тие одбиле.[1]

Во 1911 г. архијерејскиот намесник во С’ботско и деец на грчката вооружена пропаганда отец Никандар Папајоану ѝ предложил на грчката влада да се возобнови манастирот, кој според него бил потпален пред три века, односно околу 1600  г, и оттогаш е во урнатини. Манастирот е обновен по грчкото освојување на Егејска Македонија во 1912 г. Камен-темелникот на црквата е удрен на местото на стариот манастир од митрополитот Калиник Воденски, и изградбата е завршена за време на владикувањето на Хрисостом Воденски. Изграден е и двокатен конак за монаси.[1] Во 2012 г. е осветена новата манастирска црква, изградена во светогорски стил.[2][3] При изградбата на новата црква се откриени традги од ранохристијанска градба, веројатно подигната на местото на паганското светилиште на Артемида Агротера.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Μονή Αγίου Ιλαρίωνα“. Πρόμαχοι. Посетено на 25 ноември 2016.
  2. 2,0 2,1 „Ιερά Μονή Αγίου Ιλαρίωνος Μογλενών“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]
  3. 3,0 3,1 3,2 „Ιερά Μονή Αγίου Ιλαρίωνα Προμάχων“. Βάση Δεδομпокроителένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 2018-01-25. Посетено на 21 април 2018.

Надворешни врски

уреди