Базилика Свети Марко (Венеција)

(Пренасочено од Базилика Св. Марко)

Базиликата „Свети Марко“ (италијански: Basilica Cattedrale Patriarcale di San Marco) е катедрална црква која се наоѓа во градот Венеција во Италија. Овој христијански објект е најпознатиот христијански храм во градот и еден од најпознатите примери на византиската архитектура. Катедралната црква се наоѓа на истоимениот плоштад и истоимениот регион. Во близина на црквата се наоѓа Дуждовата палата.

Патријархална катедрална базилика „Свето Марко“
Basilica Cattedrale Patriarcale di San Marco (италијански)
Основни податоци
МестоВенеција, Италија
Координати45°26′04″N 12°20′23″E / 45.4345° СГШ; 12.3396° ИГД / 45.4345; 12.3396
ПрипадностРимокатоличка црква
ЕпархијаПатријарх на Венеција
Осветен8 октомври 1071
Духовно-организациски статусКатедрала, Базилика
ВодствоАнгело Скола
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Архитектонски опис
Архитект(и)Доменико Контарини
Архитектонски стилвизантиска и готска архитектура
Завршен1617
Особености
Должина76.50 метарs (251.0 ст)
Ширина62.50 метарs (205.1 ст)
Куполи5
Висина на куполата (надв.)43 метарs (141 ст)
Висина на куполата (внат.)28.15 метарs (92.4 ст)

Изградбата на црквата започнала веднаш откако венецијанските трговци во 828 година ги пронашле моштите на Свети Марко Евангелист во еден столб од страна на Витале Фалиеро, кој во тоа време бил дужд. Првата црква изгорела во голем пожар кој се случил во 932 година. По ова започнала реконструкција на црквата. Но според Доменико Контарини, црквата била доста скромна во однос на останатите цркви во градот. Денешниот изглед црквата го добила во 1063 година. Оваа црква била изградена по примерот на црквата Свети Апостоли во Цариград, која денеска не постои.

Првобитната црква посветена на Апостол Марко била неукрасена, без фрески и скулптури. Изградбата на црквата била завршена во текот на 1617 година.

Базиликата е долга 76,5 метри и висока 43 метри. На почетокот се користела како параклис на венецијанските управители, а не како катедрална црква. Во 1807 година станала седиште на патријархот на Венеција, архиепископ на римокатоличката епархија на Венеција. Зградата е позната и како Златна црква.

Во текот на XX век, три патријарси на Венеција биле избрани за папи на Римокатоличката црква, и тоа:

  • кардинал Џузепе Сарто, патријарх од 1893 до 1903 година, познат како Папа Пиј X
  • кардинал Анџело Џузепе Ронкали, патријарх од 1953 до 1958 година, познат како Папа Јован XXIII
  • кардинал Албино Лучијани, патријарх од 1969 до 1978 година, познат како Папа Јован Павле I[1]

Коњите на Свети Марко

уреди
 
Дел од златниот мозаик внатре во црквата

Денешните антички бронзени статуи (Коњите на Свети Марко) биле поставени пред катедралата во 1254 година. Претходно, тие долго време биле изложени во хиподромот на Цариград. Но во текот на 1204 година, дуждот Енрико Дандоло ги испратил истите во Цариград, како дел од големиот грабеж кој се случил по заземањето на Цариград од страна на крстоносците.

Во времето на Наполеон Бонапарта, тој наредил истите да бидат однесени во Париз во текот на 1797 година, но во текот на 1815 година тие повторно биле вратени во Венеција. По 1990 година, по долга реставрација, коњите биле поставени во музејот Свети Марко, кој се наоѓа во внатрешноста на базиликата. Денешните коњи пред базиликата се копија.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди