Мост на воздишките
Мостот на воздишките (италијански: Ponte dei Sospiri) — мост кој се наоѓа во Венеција, Италија. Мостот бил направен од варовник и има прозорци со камени решетки. Се наоѓа над реката на Палатите и ги поврзува старите зандани со собите за испрашување во Палатата на Дуждовите. Погледот од Мостот на Воздишките бил последниот поглед на Венеција кој го гледале осудениците пред да бидат затворени или погубени[1].
Мост на воздишките Ponte dei Sospiri | |
---|---|
Поглед кон мостот | |
Општи податоци | |
Град | Венеција |
Земја | Италија |
Почната | 1602 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Антони Контино |
Мостот бил изграден во текот на 1602 година, а како главен архитект бил избран Антони Контино. Неговиот вујко пак, е градител на мостот „Ријалто“.
На ова место многу луѓе за последен пат во животот погледнале кон синото небо и воздивнале за слобода. Така и го добил името - Мост на Воздишките. Овој мост станал пример за уште неколку вакви затворени премини кои служеле за преместување на затвореници. Денес овој мост е уште една од многуте туристички атракции кои можат да се видат во Венеција.
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-02-21. Посетено на 2011-03-22.
Надворешни врски
уреди„Мост на воздишките“ на Ризницата ? |