Атлантски часовен појас

часовен појас

Атлантски часовен појас — географски појас во кој се следи атлантското стандардно време (англиски: Atlantic Standard Time, AST), четири часа поназад од координираното универзално време (UTC-4); дел од годината некои делови преоѓаат на летно сметање на времето, и тогаш се три часа поназад (UTC-3). Часовничкото време во појасот се води по средното сончево време на 60° ЗГД.

Часовни појаси во Северна Америка

Во Канада, покраините Њу Бранзвик,[1] Нова Шкотска[2] и Островот Принц Едвард го водат времето изречно како четиричасовно отстапување од средново време по Гринич (GMT-4). Мали делови од Квебек (источниот Северен Брег и Магдаленските Острови) исто така се водат по атлантското стандардно време. Целиот Њуфаундленд и Лабрадор официјално се води по њуфаундлендското стандардно време,[3] но во практика речиси сиот Лабрадор се води по атлантското.

Континенталниот дел на САД е целосно вон атлантскиот појас, но истиот сепак ги опфаќа териториите Порторико и Американски Девствени Острови.

Деловите од појасот кои преоѓаат на летно сметање го нарекуваат атлантско летно време (Atlantic Daylight Time, ADT) и тогаш се три часа зад GMT (UTC-3).

Опфат на појасот уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „CHAPTER T-6 – Time Definition Act“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-12-07. Посетено на 2012-09-11.
  2. „Time Definition Act“. Архивирано од изворникот на 5 June 2008. Посетено на 2008-06-02.
  3. „RSNL1990 CHAPTER S-23 – STANDARD TIME ACT“. Посетено на 2007-11-16.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-13. Посетено на 2018-01-18.

Надворешни врски уреди