Свети Вартоломеј (Франција)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Свети Вартоломеј (француски: Saint-Barthélemy, St. Barts) е остров кој припаѓа на групата Мали Антили. Островот е под суверенитет на Франција и припаѓа на Француските прекуморски територии. Од февруари 2007, островот има статус прекуморска заедница (collectivité d'outre-mer). Наречен е по Апостолот Вартоломеј.
Свети Вартоломеј има површина од 24 км2 и 7000 жители. Густината на населението е 280 жители на км2.