Покраини и територии во Канада
Покраините и териториите на Канада се првостепени административни единици во земјата. Постојат 10 покраини и 3 територии. Главната разлика помеѓу нив е во тоа што покраините имаат своја самобитност, додека пак териториите ѝ се потчинети непосредно на сојузната влада. Покраините се сметаат за косуверени делови, секоја со своја „Круна“, која ја претставува намесен гувернер (lieutenant-governor). Териториите не се суверени, туку претставуваат обични делови од државата. На чело на секоја територија стои комесар (commissioner).
Десетте покраини се Алберта, Британска Колумбија, Квебек, Манитоба, Нова Шкотска, Њу Бранзвик, Њуфаундленд и Лабрадор, Онтарио, Островот Принц Едвард и Саскачеван. Трите територии се Јукон, Нунавут и Северозападните Територии.
Покраини
уредиЗнаме | Грб | Покраина | Пошт. кратенка |
Главен град | Најголем град | Стапила во сојуз | Население[1] | Површина: земја (км2) | Површина: вода (км2) | Површина: вкупна (км2) | Службен јазик | Сојузен парламент: Општински пратеници | Сојузен парламент: Сенатори |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Онтарио | ON | Торонто | Торонто | 1 јули 1867 | 12.851.821 | 917.741 | 158.654 | 1.076.395 | англискиА | 106 | 24 | ||
Квебек | QC | Квебек | Монтреал | 1 јули 1867 | 7.903.001 | 1.356.128 | 185.928 | 1.542.056 | францускиБ | 75 | 24 | ||
Нова Шкотска | NS | Халифакс | ХалифаксВ | 1 јули 1867 | 921.727 | 53.338 | 1.946 | 55.284 | англискиГ | 11 | 10 | ||
Њу Бранзвик | NB | Фредериктон | Сент Џон | 1 јули 1867 | 751.171 | 71.450 | 1.458 | 72.908 | англискиД францускиД |
10 | 10 | ||
Манитоба | MB | Винипег | Винипег | 15 јули 1870 | 1.208.268 | 553.556 | 94.241 | 647.797 | англискиА, Ѓ | 14 | 6 | ||
Британска Колумбија | BC | Викторија | Ванкувер | 20 јули 1871 | 4.400.057 | 925.186 | 19.549 | 944.735 | англискиА | 36 | 6 | ||
Остров Принц Едвард | PE | Шарлоттаун | Шарлоттаун | 1 јули 1873 | 140.204 | 5.660 | 0 | 5.660 | англискиА | 4 | 4 | ||
Саскачеван | SK | Реџина | Саскатун | 1 септември 1905 | 1.033.381 | 591.670 | 59.366 | 651.036 | англискиА | 14 | 6 | ||
Алберта | AB | Едмонтон | Калгари | 1 септември 1905 | 3.645.257 | 642.317 | 19.531 | 661.848 | англискиА | 28 | 6 | ||
Њуфаундленд и Лабрадор | NL | Сент Џонс | Сент Џонс | 31 март 1949 | 514.536 | 373.872 | 31.340 | 405.212 | англискиА | 7 | 6 |
Белешки:
- А.^ де факто; францускиот има ограничен уставен статус
- Б.^ Повелба за францускиот јазик; англискиот има ограничен уставен статус
- В.^ Нова Шкотска ги има распуштено градовите во 1996 г. за сметка на „регионални заедници“
- Г.^ Нова Шкотска има многу малку двојазични законодавни акти (три на англиски и француски; еден на англиски и полски); некои управни органи имаат озаконето двојазични имиња на англиски и француски
- Д.^ Став 16 од Повелбата за права и слободи на Канада
- Ѓ.^ Закон за Манитоба
- Пред осојузувањето, Онтарио и Квебек ја сочинувале колонијалната Покраина Канада.
- Британска Колумбија, Њу Бранзвик, Нова Шкотска и Островот Принц Едвард биле посебни колонии.
- Манитоба е создадена во исто време со Северозападните Територии.
- Сакскачеван и Алберта се создадени со одвојување на земјиште од Северозападните Територии.
- Њуфаундленд бил независен доминион во рамките на Комонвелтот пред да се припои кон Канада. Британските власти го префрлиле Лабрадор од Долна Канада во Њуфаундленд во 1809 г, но местоположбата на лабрадорската граница останала спорна сè до 1927 г. Покраината го сменила името од „Њуфаундленд“ во „Њуфаундленд и Лабрадор“ со уставен амандман усвоен на 6 декември 2001 г.
- Со исклучок на Фредериктон и Викторија, главните градови на покраините се или најголеми или втори по големина во својата покраина. Фредериктон е на третото место во Њу Бранзвик, а пак Викторија го зазема дури десеттото место во Британска Колумбија.
Главни градови на покраините
уреди-
Законодавниот дом на Алберта во Едмонтон
-
Парламентот на Британска Колумбија во Викторија
-
Законодавниот дом на Манитоба во Винипег
-
Законодавниот дом на Њу Бранзвик во Фредериктон
-
Конфедерацискиот дом на Њуфаундленд и Лабрадор во Сент Џонс
-
Покраинскиот дом на Нова Шкотска во Халифакс
-
Законодавниот дом на Онтарио во Торонто
-
Покраинскиот дом на Островот Принц Едвард во Шарлоттаун
-
Парламентот на Квебек во Квебек
-
Законодавниот дом на Саскачеван во Реџина
Територии
уредиКанада има три територии. За разлика од покраините, териториите немаат сопствена самобитност, туку само овластувањата што им ги дава сојузната влада.[2][3][4] Териториите ја опфаќаат сета копнена Канада северно од 60° СГШ и западно од Хадсоновиот Залив, како и сите острови северно од континентална Канада (од оние во Џејмсовиот Залив, па сè до канадските арктички острови). На табелата, териториите се наведени по првенство (секоја покраина има првенство над териториите, без оглед на тоа кога се создадени).
Знаме | Грб | Територија | Пошт. кратенка |
Главен и најголем град | Стапила во сојуз | Население | Површина: земја (км2) | Површина: вода (км2) | Површина: вкупно (км2) | Службени јазици | Сојузен парламент: Општински пратеници | [Сојузен парламент: Сенатори |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Северозападни Територии | NT | Јелоунајф | 15 јули 1870 | 41.462 | 1.183.085 | 163.021 | 1.346.106 | чипевјански, кри, англиски, француски, гвичински, инуинактун, инуктитут, инувијалучки, севернослејвиски, севернослејвиски, догрипски[5] | 1 | 1 | ||
Јукон | YT | Вајтхорс | 13 јуни 1898 | 33.897 | 474.391 | 8.052 | 482.443 | англиски француски |
1 | 1 | ||
Нунавут | NU | Икалуит | 1 април 1999 | 31.906 | 1.936.113 | 157.077 | 2.093.190 | инуинактунски, инуктитутски, англиски, француски |
1 | 1 |
Белешка: Нунавут и Јукон се создадени со одвојување на делови од Северозападните Територии.
Главни градови на териториите
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Број на населението и домовите за Канада, покраините и териториите според пописите од 2011 и 2006 г.“. Statcan.gc.ca. 8 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 2020-01-19. Посетено на 8 февруари 2012. (англиски)
- ↑ Министерство за правда на Канада (1985). „Закон за Северозападните Територии“. Архивирано од изворникот на 2006-09-02. Посетено на 27 јануари 2007. (англиски)
- ↑ Министерство за правда на Канада (2002). „Закон за Јукон“. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на 27 јануари 2007. (англиски)
- ↑ Министерство за правда на Канада (1993). „Закон за Нунавут“. Архивирано од изворникот на 2011-01-05. Посетено на 27 јануари 2007. (англиски)
- ↑ Закон за службените јазици на Северозападните Територии, 1988 (со аманд. 1988, 1991-1992, 2003) (англиски)
Надворешни врски
уреди„Покраини и територии во Канада“ на Ризницата ? |
- Покраини и територии Архивирано на 9 февруари 2010 г. - Влада на Канада (англиски)
- Покраините и териториите во Канада Архивирано на 14 август 2010 г. - владин портал „Одиме во Канада“ (англиски)