Арапско востание
Арапското востание — востание кое избувнало во 1916 година а завршило во 1918 година. Востанието било организирано од страна на арапското население во Отоманското Царство со цел да се создаде една единствена арапска држава од Алеп во Сирија до Аден во Јемен. На чело на востанието застанал Хусеин ибн Али.
Арапско востание | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Прва светска војна | |||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Кралство Хеџаз Обединето Кралство Emirate of Nejd and Hasa | Османлиско Царство Германско Царство Емиратство на Џабал Самар |
||||||||
Сила | |||||||||
6,500-7,000 (1916)[1] 23,000 (total)[2] |
|||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
непознато | непознато |
На 8 јуни 1916 година командантот од Мека, Хусеин ибн Али склучил сојуз со [Велика Британија] и Франција против Османлиите. На чело на арапските сили застанале неговите два сина Абдулах и Фејсал. Од друга страна пак британската влада го испратила на Т. Е. Лоренс од Египет да замине кај двајцата браќа за соработка во воените дејствија. Со помош на Лоренс започнало координација меѓу силите на арапите и Велика Британија. Така наместо да ги нападнат османлиските позиции во Мека или Медина, тие ги нападнале нивните комуникациски уреди, во преден план железниците. По ова следувал успехот за зазимање на градот Акаба и Ерусалим во 1917 година.
На 30 септември 1918 година следувало зазимањето на Дамаск, по кое за краток период под власта на сојузниците биле денешните територии на Израел, Јордан, Либан, јужна Сирија и голем дел од Арапскиот полуостров. Во 1916 година Британија и Франција склучиле таен договор за распределба на сферите за влијание на Блискиот Исток.
Позадина
уредиПодемот на национализмот на Отоманското Царство датира од 1821 година. Арапскиот национализам своите корени ги имал од Машрек (арапските земји источно од Египет). Политичката ориентација на арапските националисти во годините пред Првата светска војна била умерена. Барањата на Арапите биле од реформаторска природа и до автономија, како и поголема употреба на арапскиот јазик во образованието, промени во регрутацијата итн.
Младотурската револуција која започнала на 3 јули 1908 година многу бргу се проширила низ целото царство. Како резултат на тоа султанот Абдул Хамид II бил принуден да го објави враќањето на уставот од 1876 и да го обнови турскиот парламент. Овој период е познат како Втора уставна ера. На изборите одржани во 1908 година, младотурците преку нивната партија успеале да ја добијат власта во земјата. Новиот парламент бил составен од 142 Турци, 60 Арапи, 25 Албанци, 23 Грци, 12 Ерменци, 5 Евреи, 7 Словени и 1 Влав. Во оваа фаза, арапскиот национализам сè уште не бил во фаза на развој. Арапските членови на парламентот го поддржале контрапревратот од 1909 година, чија цел била да се уништи уставниот систем и да се обновуви апсолутната монархија на султанот Абдул Хамид II.
Националистичка политика н се темелела на дискриминација на оние кои не биле Турци. По избувнувањето на Првата светска војна, Османлиите застанале на страната на Централните сили. Во првите години од војната голем број на Арапи биле убиени и измачувани во Сирија. Во 1913 година во Париз се одржал т.н. Прв арапски конгрес на интелектуалци и политичари од арапските земји. На состанокот било дискутирано за можноста за поголема автономија во рамките на Османлиското Царство. Тие повторно се согласиле дека арапските регрути на османлиската војска не треба да служат војска во други реони во империјата, туку во сопствените.
Сила
уредиСе проценува дека арапските сили броеле околу 5.000 војници[3]. Оваа бројка се однесува за арапските сили кои се бореле во Синај и Палестина, но не ги вклучувале силите на Лоренс и Фејсал. По започнувањето на востанието оваа бројка значително се зголемила па во јуни 1916 година оваа бројка изнесувала 30,000 војници, наспроти 23,000 османлиски војници. Поради репресија од страна на Отоманското Царство и нивните германски сојузници, Хусеин бин Али, управителот и чувар на светиот град Мека стапил во сојуз со Обединетото Кралство и Франција против Османлиите некаде околу 8 јуни 1916 година. Хусеин располагал со околу 50.000 војници, но помалку од 10.000 имале пушки.
Конфликти
уредиМека
уредиБитката кај Мека се одвила во периодот од јуни до јули 1916 година. На 10 јуни Хусеин бин Али започнал востание против османлискиот калифат како дел од Арапското востание. Целта на Хусеин била да направи една арапска држава која ќе ги зафаќала териториите од Алеп до Аден, и за оваа цел ги подготвил своите четири синови правејќи сојуз со Британците. Во почетокот на јуни 1916 година поголемиот дел од османлиската војска била стационирана во градот Таиф на чело со Галиб Паша, гувернерот на Хиџас.
Само околу 1,000 војници биле оставени да го бранат светиот град. Поголемиот дел од нив се наоѓале во касарната кога започнало официјално востанието. По овој напад, околу 5,000 востаници започнале напад кон трите тврдини кои се наоѓале околу Мека. Самиот турски командант не можел да направи разлика меѓу своите и противничките војници, па збунет му се јавил на Хусеин, кој пак го запознал со своите намери и му кажал дека е потребно да се предаде, но по одбивањето борбите продолжиле. Следниот ден била освоена територијата околу џамија Масџид ал-Харам заедно со османлиската владина канцеларија заедно со заменик гувернерот, кој им наредил на своите сили да се предадат но тие одбиле. Ситуацијата се променила кога Британците испратиле артилерија по кое тврдината била нападната и на 4 јули 1916 година заземена.
Оваа битка го означил крајот на османлискиот калифат во земјата. Самиот управител бил соборен од власт од страна на Ибн Сауд и неговиот сон за основање на арапска држава од Јемен до Сирија останал нереализиран.
Понатамошни конфликти
уредиВо следниот период следувало целосно ослободување на овие територии од османлиска власт. Така, по падот на Мека во јули 1916 година бил освоен и градот Таиф. На 1 декември 1916 година Фахри Паша со уште две бригади упаднал во периферијата на градот Јанбу и ги зазел стратешките точки во градот. По овој настан арапските сили започнале изградба на импровизирани писти за британски авиони. Така пет британски воени бродови исто така дошле во обид за зазимање на градот. Арапските сили започнале напад на 18 јануари 1917 година, и поради логистички грешки Турците морале да го предадат градот и да се повлечат кон Медина. Во јули 1917 година паднал градот Акаба, во октомври Вади Муса (денешен Јордан), Дамаск (1 октомври 1918), Алеп (25 октомври 1918).
Медина
уредиМедина, исламскиот свет град во Арабија, бил ставен под долга опсада за време на Првата светска војна во периодот од 10 јуни 1916 до 10 јануари 1919 година. Опсадата е една од најтрајните во историјата која продолжила и по крајот на војната. На чело на османлиските сили во градот бил Фахри Паша.
Градот Медина во тоа време бил поврзан со Османлиското Царство преку железничка пруга. Со британска поддршка, првиот напад бил извршен од страна на синот на Хусеин, Фејсал, но Арапите биле одбиени и имале големи загуби. Кога конфликтот се проширил кон северните делови на Црвено Море, Фејсал и неговите советници се договориле да го стават под опсада градот. Така со сила од околу 30,000 војници во 1916 година биле формирани три армии: источна на чело со принцот Абдула бин Хусеин, јужна на чело со Али бин Хусеин и северна на чело со Фејсал.
Во текот на 1917 година се случиле повеќе од 30 неуспешни напади, додека во 1918 оваа бројка била многу поголема, но и покрај тоа градот останал под турска власт. Кога Османлиското Царство го потпишала договорот од Мудрос со Антантата на 30 октомври 1918 година, Фахри Паша одбил да го предаде градот и покрај молбите на султанот.
Градот го одржал 72 дена по завршувањето на војната. По потпишувањето на договорот од Мудрос, османлиската армија се наоѓала на 1300 километри далеку од Медина. На крајот, неговите луѓе се соочиле со глад по кое на 10 јануари 1919 година тој морал да го предаде градот. Абдула и неговите сили во Медина влегле на 13 јануари по кое следувала 12 дневно ограбување на градот. Околу 8,000 турски војници биле евакуирани и испратени во Египет.
Наводи
уреди- ↑ Military Intelligence and the Arab Revolt: The first modern intelligence war, Polly a. Mohs, ISBN 1-134-19254-1, Routledge, page 41.
- ↑ David Murphy, (Illustrated by Peter Dennis), The Arab Revolt 1916-18: Lawrence Sets Arabia Ablaze, Osprey Publishing, 2008, p. 26.
- ↑ Murphy, David The Arab Revolt 1916–1918, London: Osprey, 2008 page 34.