Втора уставна ера (Отоманско Царство)

Втората уставна ера во Отоманското Царство започнала по кратко време откако султанот Абдул Хамид II ја обновил уставната монархија по Младотурската револуција од 1908 година. Во текот на овој период започнале да се формираат политички партии од кои најголема била Единство и прогрес а втората по големина била Либералниот сојуз. Оваа уставна ера завршила по Првата светска војна и окупацијата на Цариград на 13 ноември 1918 година.

Новиот парламент бил составен од 142 Турци, 60 Арапи, 25 Албанци, 23 Грци, 12 Ерменци, 5 Евреи, 4 Бугари, 3 Срби и 1 Влав. Единство и прогрес освоила околу 60 пратеници.[1]

Во 1909 година се направил обид за уништување на Втората уставна ера и да се замени со автократија на чело со султанот Абдул Хамид II. Тој понудил враќање на калифатот, елиминирање на секуларната политика и враќање на шеријатскиот систем. Инаку државниот удар бил предводен од страна на дервишки ред кој бил поддржан од студентите теолози и дел од воените сили. Од друга страна султанот им ветил дека ќе ги почитува нивните барања доколу успеат во превратот. Сепак, Младотурците од Солун организирале марш кон престолнината Цариград и ги неутрализирале бунтовниците.

Абдул Хамид II бил детрониран на 24 април и бил однесен во Солун, а на негово место бил назначен султан Мехмед V. За голем везир бил назначен Ахмед Тефик паша.

По детонирањето на султанот во империјата се појавиле судир меѓу еврејските колонисти и палестинските земјоделци во близина на Назарет.а првпат во парламентот било покренето прашањето за статусот на евреите во империјата.

Партијата на власт вовела голем број на реформи за модернизација на империјата. Се залагала за реформи под контрола на силна централна влада и исклучување на надворешните влијанија во земјата.

Во 1912 година се одржиле втори избори на кои повторно победила владејачката Единство и прогрес. Но многу бргу започнале Балканските војни кое довело до распуштање на парламентот на 5 август 1912 година. По крајот на Балканските војни и новите граници империјата во најголема мера ја сочинувале Турците и Арапите бидејќи христијаните масовно ја напуштале империјата. Во следните години следувале барање на решение за арапските и ерменските реформистички групи. Нови избори биле организирани во 1914 година кога повторно победила Единство и прогрес.

Во 1914 година започнала Првата светска војна во која Османлиското Царство застанала на страната на Германија и Бугарија. По нивната капитулација, империјата се нашла изолирана. Последните избори биле одржани во 1919 година каде убедливо победил Мустафа Кемал Ататурк.

Наводи

уреди
  1. The Dark Side of Democracy: Explaining Ethnic Cleansing, Michael Mann, Cambridge University Press, 2005, ISBN 0521538548, стр. 126.