Антоние Шкоклев

македонски хирург, генерал и професор

Антоние Шкоклев – Дончо (се сретнува и како Антоније Шкокљев; 24 септември 1923 во Д’мбени, Костурско24 април 2018) — македонски академик, доктор по максилофацијална[1], орална и пластично-реконструктивна хирургија, член на Меѓународниот колеџ за акупунктура во Њујорк, генерал-мајор на ЈНА, публицист во областа на медицинските науки, на палео­лингвистиката и на древните корени на народите на Балканот, со особена нагласка на македонскиот народ и Македонија[2] и учесник во НОБ.[3]

Антоније Шкоклев – Дончо
Роден(а)24 септември 1923
Д’мбени, Костурско,  Грција
Починал(а)24 април 2018(2018-04-24) (возр. 94)
НационалностМакедонец
Занимањехирург, мајор и публицист

Животопис

уреди

Шкоклев е роден на 24 септември 1923 година, во костурското село Д’мбени, Егејска Македонија во земјо­дел­ското семејство на Иван и Цвета. Осумгодишната класична гим­на­зи­ја на старогрчки јазик ја завршил во Костур, студиите по медицина ги започнал во Софија, Бугарија, а од 1943 во Дебар е ангажиран како епи­демиолог во единиците на македонските партизани во кои останува до крајот на војната. По расформирањето на дивизијата во Куманово, бил испратен во Белград каде го завршил Медицинскиот факултет со ви­сок просек од 9,1. Се вратил во Македонија како еден од најдобрите дип­ломци. Започнал како воен ле­кар во Охрид, каде се оженил со професорката по гине­ко­ло­ги­ја Даринка и го добил синот Иван, сега инженер и доцент на елек­тро­тех­нич­киот факултет во Белград. Се усовршил за орална хирургија и во Цирих, Стокхолм и Лондон. Станал доктор на медицински науки, бранејќи ја докторската дисертација на тема „Упростена имобилизациона метода при лечење на вилици во современа војна“. Тој е основач и организатор на Клини­ката за максилофацијалната и орална хирургија на Воено-медицинската академија (ВМА) во 1972 година. Потоа бил избран за доцент во 1967 година, за вонреден професор во 1972 година, а за редовен професор во 1977 година. Како воен стручњак и професор на ВМА во Белград, добил чин, најпрвин полковник во 1967, а потоа генерал-мајор во 1984 година, а на 31 декември 1986 година се пензионирал.

Клиниката со која раководел проф. Шкоклев била позната и призната во поранешна Југославија како центар за лечење, настава и истражувачка работа. Таму Шкоклев бил претседател и член на испитните комисии за специјализација од максилофацијалната хирургија, оралната и пластично-реконструктивната хирургија, пред сè на ВМА, потоа на медицинските и стоматолошките факултети во Белград, Скопје, Нови Сад, Сараево, Приштина, Загреб и Љубљана. Како ментор или само како член на испитните комисии учествувал во реализација на докторанти и магистри за 52 кандидати. Многумина од нив биле од Македонија. Тој учествувал во едукација од максилофацијалната хирур­гија и акупунтура на над 800 лекари на балканските простори, во странство, посебно во Индонезија.

Публицистика и членство

уреди

Во текот на својата работа и живот, професорот Шкоклев објавил над 260 трудови од медицината и стомато­логијата, како и 10 книги во Србија, 3 во Македонија и по една во Германија и во Грција, а е и автор на три научни филмови во издание на „Застава филм“. На стручно, научно и образовно поле пронаоѓач е на десет иновации-патенти. Во неговото долгогодишно работење имал многу плодна сора­ботка со бројни стоматолошки и медицински факултети, а посебна со Медицинскиот факултет во Скопје. Ценејќи ја неговата афирмација, Светската здравствена организација на Обединетите нации (ОН), во 1986 година го избрала за признат експерт од максилофацијалната и оралната хирур­гија за Далечниот Исток, каде бил ангажиран во Индија и Кореја. Тој е човекот кој ги лечел, меѓу другите и претседа­телите Кенет Каунда и Моамер ел Гадафи.

Академик проф. д-р. Антоније Шкоклев е експерт на светската здравствена организација, член е на Македонската академија на науките и уметностите, член е на Академијата за медицински науки на Српското лекарско друштво во Белград, член е на Американскиот меѓународен колеџ за акупунтура и електротерапија во Њујорк. После специјализацијата во НР Кина, во 1989 година е директор на „Меѓународната постипломска школа за традиционална медицина“ при Европскиот центар за мир и развој, како и е член на бројни домашни и странски редакции на списанија од медицинските науки. Заради неговите постигнувања во областа на медицинските и други науки, тој е добитник на многубројни домашни и меѓународни награди и признанија.

Како резултат на неговото упорно истражување во палеолошките и другите испитувања, заедно со неговиот син Иван Шкоклев, редовен професор на Електро-техничкиот факултет, било објавено делото од оваа област на српски јазик под наслов „Боговите на Олимп од Србија“ (Богови Олимпа из Србије). Во неа се дадени голем број податоци за археолошките пронајдоци од времето на неолитската култура на Балканот и Егејот, до текстови со податоци за населението, меѓу другото за големите преселби на народите во Македонија и други податоци.[4]

Починал на 24 април 2018 година.[5]

Наводи

уреди
  1. Клиника за максилофацијалну хирургију
  2. Акупунктурата оди подрака со хирургијата. Архивирано од изворникот на 2022-03-10. Посетено на 2018-03-19.
  3. Македонска енциклопедија, том II. Скопје, Македонска академија на науките и уметностите, 2009. ISBN 978-608-203-024-1. с. 1654.
  4. Антоније Шкоклев, Иван Шкоклев „Оригиналност митологије Балкана, њено порекло и значај у рађању европске цивилизације“
  5. „RTS :: Društvo :: Vremeplov (24. april 2020)“. www.rts.rs. Посетено на 2023-10-25.