Веганство

филозофија која ја отфрла употребата на животни

Веганство — начин на исхрана која одбегнува каква било грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Веганската исхрана се заснова врз житарици, мешунки, овошје и зеленчук. Веганите не јадат месо, риба, морски плодови, јајца, млеко, млечни производи, мед ниту пак носат работи од крзно, волна, коски, кожа, корали, бисери и какви било други материјали од животинско потекло. Многу вегани исто така избегнуваат производи тестирани врз животни. За разлика од вегетаријанците чија исхрана е без убивање, веганската исхрана не само што е без убивање, туку е и без искористување на животните. Веганството се разликува од вегетаријанството бидејќи е сведено во потполност на растителна исхрана. Зборот веганец настанал во 1940 како скратеница од зборот вегетаријанец, во вегетаријанско друштво во Англија, кои на тој начин сакале да ги разликуваат оние членови кои во потполност ги отфрлаат производите од животинско потекло.

photograph of Veganz storefront
Veganz во Берлин, првиот веган супермаркет во Европа

Луѓето стануваат вегани од многу причини, вклучувајќи етичка и морална грижа за животните и околината, потоа лични причини, поврзани за здравјето, духовноста и верата. Што се однесува до етичките причини, веганската исхрана спречува масовно и систематско колење на голем број на животни. Што се однесува на здравјето, важно е да се истакне дека производите од месо, млеко и јајца содржат високо ниво на холестерол и маснотии кои предизвикуваат големи штети на човековото здравје. И на крај, гледано од еколошки аспект, месната индустрија поттикнува големо загадување на воздухот, земјата и водата, придонесува експлоатација и сечење на шумите и големи Земјини површини за одгледување на растителни култури наменети за прехрана на голем број животни.

Веганите тврдат дека веганската исхрана може во потполност да ги задоволи потребите на организмот, па дури и на професионалните спортисти. Тоа го докажува веганска билдерска група активна повеќе години која ги руши сите табу-теми околу веганите како слаби и неисхранети луѓе.

Поврзано

уреди