Сера до Мар
Сиера дел Мар исто така познат како Сера до Мар (португалски: Serra do Mar, морски гребен) е планински венец долг 1.500 км во југоисточен Бразил.
Географија
уредиОвој планински венес се издига паралелно со брегот на Атлантскиот Океан од државата Еспирито Санто до јужната Санта Катарина[1], некои извори ја вклучуваат и Сера Герал во Сера до Мар, и во тој случај опсегот ќе се протега на североисток во Рио Гранде до Сул.
Ја формира границата помеѓу крајбрежјето на морското ниво и внатрешната висорамнина,која има просечна надморска височина од 500 до 1,300 метри (1,600 до 4,300) Оваа област е е дел од Големиот ескарпмент што се протега по должината на источниот брег на Бразил, јужно од градот Салвадор,Баија
Планински масиви
уредиПланинските масиви се прекинуваат на повеќе места и им се даваат поединечни имиња како Сера де Бокаина,Сера де Паранапикаба,Серс Негра,Сера дос Аргиос, Сера до Индаја и др. Масивот, исто така, се протега на некои големи острови во близина на крајбрежјето, како што се Иљабела и Иља Анчиета. Со надморска височина од 2,255 метри Пико да Каледонија во Нова Фрибурго е меѓу највисоките точки во Сера до Мар.
Геолошка еволуција
уредиГеолошки, масивот спаѓа во масивната кристална карпеста платформа што ја формира Источна Јужна Америка,а тектонски е многу стабилна. Повеќето од височините на Сера до Мар се формирани пред околу 60 милиони години. Тековните вертикални карпи на Сиера дел Мар се ерозивен производ на претходен планински венец Сиера дел Мар кој се појавил пред 84 - 80 милиони години, во близина на Фала де Сантос кој се наоѓа приближно 50 километри источно од сегашниот континентален раб, во наречена Куенка де Сантос.
Во тоа време, тектонските процеси на вертикално движење (епирогени) резултираа со искачување на западниот блок на Фала де Сантос и спуштање на источниот. Поради ерозијата, главно од морето кон копното, во текот на 30 - 40 милиони години, падините на планинскиот венец се повлекле до сегашната положба и издигнувањето на планините на морето и Мантикеира и поставувањето на пукнатината меѓу нив се случиле во исто време и веројатно биле предизвикани од важен тектонски настан на палеогенот кој бил придружен со алкален магматизам.
Состав
уредиШирокиот планински венец Сиера дел Мар е поделен на поединечни планини со различна надморска височина помеѓу 900 и 2.200 m надморска височина.Тие добиле различни локални имиња, тие се:
Во Санта Катарина: Сера до Итајаи или Сера до Табулеиро. Во Парана: Сера да Прата, Марумби, Грациоса или Ибитиракире. Во Сан Пабло: Serra do Mar, Juréia - Itatins или Serra de Paranapiacaba. Во Рио де Жанеиро: Сиера де ла Бокаина или Сера дос Оргаос.
Природна историја
уредиВо времето на европското откривање на Бразил (1500 година),Сера до Мар била дом на богат и шаренолок екосистем, составен главно од бујна тропска дождовна шума. Како резултат на урбанизацијата и уништувањето на шумите, најголемиот дел од шумската покривка е уништена.
Туристичка дејност
уредиЕдиниците за заштита и конзервација на Сиера дел Мар нудат голем потенцијал за екотуризам, особено за активности на отворено, како што се пешачење и планински велосипедизам.
Наводи
уреди- ↑ Angulo, R. J., G. C. Lessa, M. C. de Souza (2009). The Holocene Barrier Systems of Paranaguá and Northern Santa Catarina Coasts, Southern Brazil. Lecture Notes in Earth Sciences 107: 135-176.