Сојузните држави на Јужен Судан се првостепената административна поделба на оваа африканска држава. Јужен Судан има вкупно 10 сојузни држави кои ги сочинуваат трите историски региони: Бахр ел-Газал, Голем Горен Нил и Екваторија. Секоја сојузна држава е поделена на окрузи и така Јужен Судан има вкупно 86 окрузи.[1]