Референдум за независност на Јужен Судан
Референдумот за независност на Јужен Судан започнал на 9 јануари 2011 година[1], и истиот завршил на 15 јануари 2011 година за осамостојување на тој дел од земјата. 90 % од гласачите од Судан гласале за одделување на Јужен Судан од Картум.
Референдумот ќе трае една недела и е дел од мировната спогодба од 2005 година со која била завршена дводецениската граѓанска војна во која загинале повеќе од два милиона луѓе[2]. Повеќе од 60 лица биле убиени во серијата судири во јужносуданскиот регион Абјеи.
За учество на референдумот биле регистрирани 3,9 милиони жители на Јужен Судан, но и претставници на малцинствата од Северот и на дијаспората. Претседателот на Судан Омар ал Башир изјавил дека ќе бил мошне разочаран доколку Северот и Југот се одвојат, но напоменал дека ќе ја почитува одлуката на жителите на Југот[3].
Наводи
уреди- ↑ „First day of south Sudan referendum ends peacefully“. tehran times. Посетено на 2011-01-10.
- ↑ „Јужен Судан: Референдум за независност“. Посетено на 10 јануари 2011.
- ↑ „Во Јужен Судан се одржува референдум за независност“. Посетено на 10 јануари 2011.[мртва врска]