Јохан Фридрих II (војвода на Саксонија)
Јохан Фридрих II (германски: Johann Friedrich II, роден во 8 јануари 1529 во Торгау - починал на 19 мај 1595) — владетел од династијата Ветинци како изборен кнез од Саксонија, војвода од Саксонија и ландгроф од Тирингија во периодот од 1554 до 1556 година.
Јохан Фридрих II | |
---|---|
Војвода од Саксонија | |
На престол | 3 март 1554 – ноември 1566 |
Претходник | Јохан Фридрих I |
Наследник | Јохан Вилхелм I |
Изборен кнез од Саксонија | |
На престол | 1554 – 1556 ? |
Претходник | Морис ? |
Наследник | Август ? |
Ландгроф од Тирингија | |
На престол | 1554 – ноември 1566 |
Претходник | Јохан Ернест |
Наследник | Јохан Вилхелм I |
Роден(а) | 8 јануари 1529 Торгау |
Починал(а) | 19 мај 1595 Горна Австрија | (возр. 66)
Почивалиште | |
Сопружник | Агнес фон Хесен Елизабета фон Пфалц |
Деца | Јохан Казимир Јохан Ернeст |
Династија | Ветинци |
Татко | Јохан Фридрих I |
Мајка | Сибилија |
Вероисповед | Лутеранство |
Рани години
уредиЈохан Фридрих II бил најстариот син на саксонскиот изборен кнез Јохан Фридрих I и неговата сопруга Сибилја (1512-1554).
Јохан Вилхелм II учествувал како од млад со својот помлад брат Јохан Вилхелм I (1530-1573) на состаноците на дворскиот совет. Јохан Фридрих со свјот брат Јохан Вилхелм I студирал на универзитетот во Витенберг.
На свои 18 години учествувал заедно со својот татко во Битката кај Милберг на 24 април 1547 година, кога неговиот татко бил заробен во Битката кај Милберг на 24 април 1547 година од страна на царската војска и на 10 мај осуден на смрт, но по молба на влијателни кнезови казната била заменета со доживотен затвор. Неговиот татло ја изгубил титулата изборен кнез и голем дел од своите територии. Така Јохан Фридрих II заедно со својот брат во 1549 година започнал да управува со териториите на Војводство Саксонија.
Управување
уредиЈохан Фридрих II се потчинил на царот Карло V. По пет години во 1552 година неговиот татко бил пуштен на слобода, но починал во 1554 во Вајмар. Во тестаментот, нивниот татко им забранил на своите синови да ја поделат неговата територија па така, браќата управувале заедно.
По 1555 година Јохан Фридрих влегол во служба кај францускиот крал Анри II, на кого му помагнал во походите во Франција и добил годишно 30.000 франци. Бидејќи го поддржувал осудениот во 1563 година витез Вилхелм фон Грумбах, на 12 декември 1566 година царот Максимилијан II го осудил. Царската војска под команда на саксонскиот изборен кнез Август ги ставил под опсада градовите Готан и дворецот Грименштајн. По заземањето на Грименштајн на 13 април 1567 година Јохан Фридрих бил пренесен од Август во Дрезден. На 22 јуни 1567 година, тој бил пренесен во Виена во царскиот затвор. Целата негова сопственост му била одземена и дадена на неговиот брат Јохан Вилхелм I.
Во летото 1572 година, по смртта на својот син Фридрих Хајнрих (1563-1572), неговата сопруга војвотката Елизабета фон Пфалц (1540-1594) заминала да живее кај него во затворот. Таа напишала неколку писма до царот да го ослободат нејзиниот сопруг. На 8 февруари 1594 година Елизабета починала. Во 1595 година Јохан Фридрих бил префрлен во палатата Ламберг во Горна Австрија. Таму тој починал на 9 мај 1595 година.
Во 1572 година во Ерфурт царот ја поделил Саксонија на три дела и ги дал на двата сина на затворениот Јохан Фридрих, Јохан Казимир кој ја добил Саксонија-Кобург и Јохан Ернeст кој ја добил Саксонија-Ајзенах.
Семејство
уредиЈохан Фридрих II се оженил двапати. На 26 мај 1555 година во Вајмар тој се оженил по желба на неговиот татко за првпат за принцеза Агнес фон Хесен (1527-1555). Агнес (Ана) починала од температура во ноември истата година.
На 12 јуни 1558 година во Вајмар тој се оженил по вторпат за Елизабета фон Пфалц (1540-1594). Тие имале 4 деца:
- Јохан Фридрих (1559-1560)
- Фридрих Хајнрих (1563-1572)
- Јохан Казимир (1564-1633), војвода на Саксонија-Кобург
- Јохан Ернeст (1566-1638), војвода на Саксонија-Ајзенах
Литература
уреди- Karl August Engelhardt: Johann Friedrich der Mittlere, von Bösewichtern verblendet, in Gotha belagert, und bis an sein Ende gefangen (in der Reihe „Denkwürdigkeiten aus der sächsischen Geschichte, der vaterländischen Jugend gewidmet“). Gerlach, Dresden 1797 (Digitalisat)
- Ernst Wülcker: Johann Friedrich II. In: Allgemeine Deutsche Biographie (ADB). Band 14, Duncker & Humblot, Leipzig 1881, S. 330–343.
- August von Kluckhohn: Elisabeth (Herzogin zu Sachsen). In: Allgemeine Deutsche Biographie (ADB). Band 6, Duncker & Humblot, Leipzig 1877, S. 38.
- Joachim Kruse: Herzog Johann Friedrich II. der Mittlere von Sachsen (1529 - 1595) und das ernestinische Familienepitaph in St. Moriz, Coburg, vollendet 1598. Eine kultur- und kunstgeschichtliche Studie. Teil 1. In: Jahrbuch der Coburger Landesstiftung 52 (2007), S. 1-334, Teil 2. In: Jahrbuch der Coburger Landesstiftung 53 (2008), S. 1-298.
Надворешни врски
уреди„Јохан Фридрих II (војвода на Саксонија)“ на Ризницата ? |
Јохан Фридрих II (војвода на Саксонија) Роден(а): 8 јануари 1529 Починал(а): 19 мај 1595
| ||
Претходник Јохан Фридрих I |
Војвода од Саксонија 1554–1566 |
Наследник Јохан Вилхелм I |