Јохан Фридрих I (изборен кнез на Саксонија)
Јохан Фридрих I (германски: Johann Friedrich I, роден во 30 јуни 1503 во Торгау - починал на 3 март 1554 во Вајмар) — владетел од династијата Ветинци како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1532 до 1547 година и војвода од Саксонија во периодот од 1547 до 1554 година.
Јохан Фридрих I | |
---|---|
Изборен кнез од Саксонија | |
На престол | 16 август 1532 – 24 април 1547 |
Претходник | Јохан |
Наследник | Морис |
Војвода од Саксонија | |
На престол | 24 април 1547 – 3 март 1554 |
Претходник | Морис |
Наследник | Јохан Фридрих II |
Ландгроф од Тирингија | |
На престол | 16 август 1532 – 24 април 1547 |
Претходник | Јохан |
Наследник | Јохан Ернест |
Роден(а) | 30 јуни 1503 Торгау |
Починал(а) | 3 март 1554 Вајмар | (возр. 50)
Почивалиште | |
Сопружник | Сибилија |
Деца | Јохан Фридрих II Јохан Вилхелм I Јохан Фридрих III |
Династија | Ветинци |
Татко | Јохан |
Мајка | Софија |
Вероисповед | Лутеранство |
Рани години
уредиЈохан Фридрих I бил најстариот син на саксонскиот изборен кнез Јохан (1468-1532) и неговата прва сопруга Софија (1481-1503), ќерка на војводата Магнус II од Мекленбург.
Јохан Фридрих се оженил во февруари 1527 година во Торгау за Сибилја (1512-1554), ќерка на Војводата Јохан III од Јулих-Клеве-Берг.
Јохан Фридрих бил заробен во Битката кај Милберг на 24 април 1547 година од страна на царската војска и на 10 мај осуден на смрт, но по молба на влијателни кнезови казната била заменета со доживотен затвор.
Тој ја изгубил титулата изборен кнез и голем дел од своите територии. Од затворот тој дал наредба за изградба на дворец и високо училиште во Јена, кое училиште во 1558 година станало универзитет. По пет години тој бил ослободен на 1 септември 1552 година. Последните години ги поминал во Вајмар и бил наследен од својот брат Јохан Ернест.
Јохан Фридрих бил погребан до сопругата Сибилја во градската црква на Вајмар. Протестантската црква неговиот ден го слави на 3 март.
Семејство
уредиЈохан Фридрих со Сибилја имале 4 деца:
- Јохан Фридрих II
- Јохан Вилхелм I
- Јохан Ернест
- Јохан Фридрих III
Литература
уреди- Joachim Bauer und Birgitt Hellmann, Verlust und Gewinn. Johann Friedrich I., Kurfürst von Sachsen; Bausteine zur Jenaer Stadtgeschichte, 8; Weimar, Jena 2003; ISBN 3-89807-058-1
- Frank-Lothar Kroll, Die Herrscher Sachsens: Markgrafen, Kurfürsten, Könige 1089- 1918, Verlag C. H. Beck 2004, S. 70 ff. (Digitalisat)
- Heinrich Theodor Flathe, Johann Friedrich (Kurfürst von Sachsen). Allgemeine Deutsche Biographie (ADB). 14. Duncker & Humblot, Leipzig 1881, S. 326–330.
Надворешни врски
уреди- Литература од или за Johann Friedrich I. во каталогот на Германската национална библиотека (германски)
- Stadtführer Dresden "Fürstenzug" Архивирано на 30 април 2012 г.
- Biografie Johann Friedrich I., Freenet
- Ökumenisches Heiligenlexikon
- MDR-Seite Geschichte Mitteldeutschlands
- Die Ernestinische Linie der Wettiner Архивирано на 5 февруари 2012 г.
Јохан Фридрих I (изборен кнез на Саксонија) Роден(а): 30 јуни 1503 Починал(а): 3 март 1554
| ||
Претходник Јохан |
Изборен кнез од Саксонија 1532–1547 |
Наследник Морис |
Претходник Морис |
Војвода од Саксонија 1547–1554 |
Наследник Јохан Фридрих II |