Јелена Бачиќ Алимпиќ
Јелена Бачиќ Алимпиќ (Нови Сад, 26 март 1969 г.) е српска новинарка, писателка и ТВ презентерка.
Биографија
уредиЈелена Бачиќ Алимпиќ е родена на 26 март 1969 година во Нови Сад. Се школувала во Карловачката гимназија во Сремски Карловци и студирала на Филозофскиот факултет во Нови Сад, на катедрата за југословенска книжевност и српскохрватски јазик.
Работела како новинарка и автор на документарни телевизиски емисии за ЈРТ и ТВ Нови Сад од 1987 година до 1993 година. Девет години била новинар и уредник во телевизијата, по што преминала во телевизија Пинк. Ја напуштила телевизијата Пинк ТВ во 2013 година. Добитничка е на многу награди за телевизиско творештво и новинарство во земјата и регионот.
Автор е на бестселерот Рингишпил (2010), кој е преведен на македонски, турски, словачки и бугарски јазик, награден со „Златен хит либеро“ и две години по ред прогласен за најчитана книга од домашен автор. Рингишпил била објавена и во луксузно издание, во престижното издание „Накит на лагуната“, како еден од најпродаваните и најчитаните романи во историјата на издавачката куќа „ Лагуна “. Нејзиниот втор роман, Писмото на госпоѓа Вилма (2012) и третиот Последната пролет во Париз (2014), исто така станале бестселери, кои се преведени на македонски јазик. Наградени се со „Златен хит либеро“ и прогласени за најчитани книги од домашниот автор во 2012 година и 2014 година. Во октомври 2015 година, бил објавен нејзиниот четврти роман, Ноќта кога дојдоа сватовите, првата книга од трилогијата Казна за гревот, кој поставил нови рекорди во продажба кај читателската публика. Втората книга од трилогијата Казна за гревот (петти роман на авторот) - Книга на спомените, излегла од печат во февруари 2016 година, а третата Молитва за прошка (шестиот роман на авторот) во јуни истата година. Трилогијата е преведена на македонски јазик. Нејзиниот седми роман, Куферот од Берлин, бил објавен во март 2018 година, додека осмиот роман, Те нема никаде, во мај истата година. Деветтиот роман, Неговите бели ракавици, бил објавен во јуни 2019 година.[1][2][3][4]
Таа живее во Нови Сад како слободен уметник. Јелена Бачиќ Алимпиќ е мажена за Мирослав Алимпиќ и со него има две деца, Марко и Дуња.
Романи
уреди- Рингишпил (2010)
- Писмото на г-ѓа Вилма (2012)
- Последната пролет во Париз (2014)
- Казна за гревот: Ноќта кога дојдоа сватовите (2015)
- Казна за гревот: Книга на спомените (2016)
- Казна за гревот: Молитва за прошка (2016)
- Куферот од Берлин ( 2018)
- Те нема никаде (2018)
- Неговите бели ракавици (2019)
- Некој друг живот (2020)
- Јас не сум виновна (2021) [5]
Наводи
уреди- ↑ „Laguna - Jelena Bačić Alimpić - Knjige o kojima se priča“. laguna.rs. Посетено на 25 септември 2018.
- ↑ „Jelena Bačić-Alimpić“. knjizara.com. Посетено на 25 септември 2018.
- ↑ „Jelena Bačić Alimpić Biografija“. poznati.info. Архивирано од изворникот на 2020-09-08. Посетено на 25 септември 2018.
- ↑ „Jelena Bačić Alimpić, biografija“. knjige.pravac.com. Посетено на 25 септември 2018.
- ↑ „Nisam kriva - Jelena Bačić Alimpić | Laguna“. www.laguna.rs (српски). Посетено на 2021-08-05.