The Runaways
The Runaways ― поранешна американска женска рок-група. Основана била во 1975 година во Лос Анџелес и издала четири студиски албуми и еден албум во живо. Групата, заедно со музичарите како Деби Хари и Сузи Кватро, се сметала за пионер на Riot Grrrl движењето.[6] Најпознати песни на групата се „Cherry Bomb“, „Hollywood“, „Queens of Noise“ и преработката на песната „Rock & Roll“ од Velvet Underground. Runaways немале особен успех во САД, но станале сензација во странство, најмногу во Јапонија, благодарение на песната „Cherry Bomb“. Групата се распаднала во 1979 година.
The Runaways | |
---|---|
Животописни податоци | |
Потекло | Лос Анџелес, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1975–1979 |
Издавачи | |
Соработници |
|
Мреж. место | therunaways.com |
Поранешни членови | |
|
Историја
уредиПочетни години
уредиНа почетокот од 1975 година, рок-импресариото Ким Фаули сакал да состави женска рок-група во време кога, според гитаристката Џоун Џет, „воопшто немаше млади девојки кои свиреа гитара или на некаков друг инструмент“.[7]
Фаули се запознал со текстописецот Кари Кром на забава одржана за Алис Купер и ѝ давал плата и за да најде изведувачи. Кром се запознала со Џоун Џет и ја предложила кај Фаули. Џет успешно ја поминала аудицијата кај Фаули на која свирела укулеле на албумот од Sweet и за нејзин инструмент одбрала ритам-гитара. Веднаш потоа, Фаули се запознал со Сенди Вест, која се согласила да тропа на тапани. Потоа се јавил во две радио станици за да постави оглас за нови членови, по што на групата ѝ се приклучила главната пејачка/басист Мики Стил (подоцна станала член на The Bangles).
Runaways биле основани во август 1975 година и групата потпишала договор за менаџмент со Kim Fowley Productions во септември 1975 година.[8]
На 30 октомври, Стил ја напуштила групата поради „креативни разлики“ и во ноември била заменета со пејачката Пол Голдвин и басистката Пеги Фостер, соодветно. Лита Форд се приклучила на групата како главен гитарист, со што Џет можела да се насочи на свирење на ритам гитара. По заминувањето на Голдвин од групата, Фаули и Џет во тинејџерскиот ноќен клуб The Sugar Shack ја откриле Шери Кари[9] и ја довеле како фронтмен на групата.[10][11] По две недели, Фостер ја напуштила групата и била заменета со Џеки Фокс.
Популарност
уредиДиректорот на Phonogram/Mercury Records за Западниот Брег, Дени Розенкранц, потпишал договор со The Runaways на 12 декември 1975 година.[11][12][13] Групата го снимила првиот албум The Runaways во јануари 1976 година и бил издаде во март преку Меркјури.[14] Албум дебитирал на 188 место на топ-листата за најдобри албуми на Cash Box, добил поволни критики,[8][15] и бил продаден во 70.000 единици.[13]
Групата била на турнеја низ САД како поддршка на групите: Cheap Trick, Van Halen, Talking Heads и Tom Petty and the Heartbreakers.[16] За нивната сценска изведба, документарниот филм Игра на работ: Филм за Ранавејс (во режија на поранешната басистка на Runaway, Вики Блу) открил дека секоја девојка се огледувала по нејзиниот музички идол: Кари на Дејвид Боуви, Џет на Сузи Кватро, Форд на Џеф Бек и Ричи Блекмор, Вест на Роџер Тејлор и Фокс на Џин Симонс.[17]
Вториот албум на групата, Queens of Noise бил издаден на 7 јануари 1977 година.[18][19] The Runaways биле на светска турнеја за поддршка на Queens of Noise.
Летото 1977 година, агентот Дејвид Либерт им закажал концерти во Јапонија. Тие биле неподготвени за налетот на обожавателите кои ги пречекале на аеродром. Џет подоцна за масовната хистерија по групата во Јапонија била „исто како Битлманија во САД“.[20] Во Јапонија, Runaways имале чести телевизиски настапи и го издале албумот Live in Japan, кој станал златен. Џеки Фокс ја напуштила групата среде турнеја и откако групата се вратила во Америка таа била заменета со басистката Вики Блу.[21]
Шери Кари ја напуштила групата на 9 август 1977 година. Истиот месец, Фаули го снимил третиот миниалбум на The Runaways, Waitin' for the Night, со групата како квартет и со Џоун Џет како пејачка.[8][8] Албумот бил издаден на 17 октомври 1977 година[22][23] и бил последен албум кој групата го снимила со Фаули.[24]
Распаѓање
уредиПоради несогласување за финансиите и менаџирањето со групата, Runaways и Ким Фаули се разделиле во 1977 година. Групата го ангажирала Тоби Мамис, кој претходно работел со Blondie и со Сузи Кватро. Откако групата се разделила со Фаули, тие се разделиле и со нивната издавачка куќа Mercury/PolyGram, со која тој имал договор. Тие соработувале со продуцентот на Thin Lizzy, Џон Алкок за да го снимат нивниот последен албум And Now... The Runaways.
Блу ја напуштила групата поради здравствени проблеми и во ноември 1978 година накратко била заменета со Лори Мекалистер. Мекалистер се појавила на сцената со Runaways на нивните последни концерти во Калифорнија во декември 1978 година и се откажала во јануари 1979 година.
Меѓу членовите на групата имало и несогласување за музичкиот стил; Џет сакала групата да направи промена во правецот на музиката и да се свртат кон панк-рок / глам-рок, а Форд и Вест сакале да продолжат да свират хард-рок / хеви-метал-музика.[25] Не успеале да се спогодат.[26] Групата последниот концерт го одржала на 31 декември 1978 година и официјално се распаднала во април 1979 година.[27]
По распаѓањето
уредиЏоун Џет
уредиЏет продолжила да соработува со продуцентот Кени Лагуна и откако била одбиена од 23 издавачки куќи, во 1980 година основала своја издавачка куќа, Blackheart Records. Џет огромен успех со преработката на песната „I Love Rock 'n' Roll“ и со уште неколку други песни. Таа, исто така, глумела во филмот „Светлината на денот“ од 1987 година со Мајкл Џеј Фокс. Џет е на списокот „100-те најголеми гитаристи на сите времиња“ според списанието Ролинг Стоун. Во 2015 година, таа и нејзиниот бенд Blackhearts биле примени во Куќата на славните на рокенролот.[28]
Сенди Вест
уредиВест продолжила да соработува со Џон Алкок и по распаѓањето на групата. Таа го основала Sandy West Band и била на турнеи низ Калифорнија во текот на 1980-тите и 1990-тите. Таа, исто така, била сесиска музичарка на Џон Ентвистл од Who и станала учител на тапани. На Вест ѝ бил дијагностициран рак на белите дробови во 2005 година и починала во октомври 2006 година. Подоцна во Лос Анџелес се одржал комеморативен концерт, на кој настапиле Sandy West Band, Шери Кари, Bangles, Donnas и неколку други музичари.
Мики Стил
уредиСтил (како Мајкл Стил) се приклучила на групата Bangles со кои објавиле успешни песни како: „Manic Monday", „Walk Like an Egyptian" и „Eternal Flame".
Шери Кари
уредиПо напуштањето на Runaways, Кари во 1978 година издала соло албум под наслов Beauty's Only Skin Deep и еден дует-албум од 1980 година со нејзината сестра близначка Мари Кари, Messin' with the Boys, на кој тие биле поддржани од членовите на групата Тото. Кари, исто така, се појавила во многу филмови, а најпознат е „Лисици“ со Џоди Фостер. Во текот на 1990-тите, Кари работела како советник за дрога за тинејџери-зависници и како личен тренер за фитнес. Таа се омажила за глумецот Роберт Хејс и заедно имаат еден син. Се развеле во 1997 година.
Кари сè уште настапува и снима, и е под договор со Blackheart Records. Последниот соло-албум на Кари, Blvds of Splendor, бил објавен во 2020 година.
Лита Форд
уредиВо 1980-те, Форд се вратила во PolyGram како соло-пејачка и со нив издала неколку албуми. Потоа менаџер ѝ станала Шерон Озборн. Објавила успешни песни како „Kiss Me Deadly“ и „Close My Eyes Forever“ (втората во дует со сопругот на нејзината менаџерка, Ози Озборн). Таа била во брак со Крис Холмс од WASP и со поранешниот пејач од Nitro, Џим Жилет, со кој има два сина. По долга пауза, Форд направи камбек, настапувајќи на Rock The Bayou [29] и други хард-рок-фестивали во текот на летото 2008 година. Таа го издала Wicked Wonderland, нејзин прв студиски албум по 14 години, на 6 октомври 2009 година.
Членови
уреди- Џоун Џет - ритам-гитара (1975-1979) , главна гитара (1975) , придружен вокал (1975-1977, 1978); водечки вокал (1977-1979) , бас-гитара (1977, 1979)
- Сенди Вест - тапани, перкусии, придружни вокали (1975-1979; починала 2006 година) ; водечки вокал (1978)
- Мишел „Мики“ Стил - главен вокал, бас (1975)
- Лита Форд - главна гитара, придружен вокал (1975-1979); ритам гитара (1977, 1979) бас гитара (1978) ; водечки вокал (1978)
- Пеги Фостер - бас (1975)
- Шери Кери - главен вокал (1975-1977) ; тамбура, тапан (1977)
- Џеки Фокс - бас гитара, придружен вокал (1975-1977)
- Вики Блу - бас гитара, придружен вокал (1977-1978)
- Лори Мекалистер - бас гитара (1978-1979; починала во 2011 година)
Дискографија
уредиСтудиски албуми
уреди- The Runaways (1976)
- Queens of Noise (1977)
- Live in Japan (1977)
- Waitin' for the Night (1977)
- And Now… The Runaways (1978)
- Flaming Schoolgirls (1980)
- Little Lost Girls (1981)
- I Love Playin' With Fire (1982)
- The Best Of The Runaways (1982)
- Born to be Bad (1991)
- Neon Angels (1992)
- The Runaways featuring Joan Jett and Lita Ford (1997)
Влијание
уредиУспехот на Runaways го отворил патот за многу успешни пејачки и женски групи во следните 30 години, како: Bangles, Go-Go's, Sahara Hotnights, L7, Donnas и Vixen.[30] Неколку музичари ги навеле The Runaways како нивно влијание: Germs, Кортни Лав, Adolescents, Тејлор Момсен, White Flag и Rhino Bucket.
Филм
уредиВо 2010 година бил објавен биографски филм за групата, според мемоарите од Кари. Џет била една од извршните продуценти на филмот. Глумиците Кристен Стјуарт и Дакота Фенинг ги глумеле Џет и Кари, соодветно. Мајкл Шенон го глумел Фаули. Ниту еден од поранешните басисти на групата не бил прикажан во филмот; Фокс не сакала да биде вклучена во ниту еден дел од филмот и побарала нејзиното име да биде сменето. Измислената замена се вика Робин Робинс.[31] Филмот бил режиран од Флорија Сигисмонди,[32] и бил издаден во ограничени кина на 19 март 2010 година.[33]
Филмот „Бегалки“ (The Runaways) добил генерално позитивни критики од критичарите.[34] На агрегаторот на прегледи Rotten Tomatoes, филмот има 70% оценка врз основа на 187 критики и просечна оцена од 6,19/10.[35]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Huey, Steve. „The Runaways | Biography & History“. AllMusic. Посетено на June 15, 2010.
- ↑ Huey, Steve. „Lita Ford | Biography & History“. AllMusic. Посетено на February 21, 2020.
- ↑ „Classic Rock Louder Sound“. 2020.
- ↑ Levine, Elana (2007). Wallowing in Sex: The New Sexual Culture of 1970s American Television. Duke University Press. стр. 76. ISBN 978-0-8223-3919-9.
- ↑ Buckley, Peter (2003). The Rough Guide to Rock. Rough Guides. стр. 545. ISBN 978-1-84353-105-0.
- ↑ https://www.washingtonpost.com/archive/lifestyle/1994/07/08/from-runaway-to-riot-grrl/4f8d6f78-e540-4f70-bbc7-1d8cd39cf86d/. Занемарен непознатиот параметар
|hrsg=
(help); Занемарен непознатиот параметар|werk=
(се препорачува|work=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|titel=
(се препорачува|title=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|abruf=
(help); Занемарен непознатиот параметар|sprache=
(се препорачува|language=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|datum=
(се препорачува|date=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|autor=
(се препорачува|author=
) (help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ McGee, David (8 December 1979). Barnes, Sid (уред.). „New York, NY“. Record World. New York: Record World Publishing Co: 12.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 . New York. Наводот magazine бара
|magazine=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „The Runaways' Cherie Currie: "I'm Not Sure There Will Ever Be an All-Girl Band Like It"“ (Online). OC Weekly. Fountain Valley, CA: Duncan McIntosh Co. 9 August 2010. Посетено на 18 August 2023.
- ↑ „The Runaways: Runaway Girls“. Melody Maker. London: IPC Media. 17 July 1976. Посетено на 17 August 2023.
- ↑ 11,0 11,1 „King of the Nighttime World“. Rocks Backpages. London: Backpages Limited. 2000. Посетено на 17 August 2023.
- ↑ Fuchs, Stephen (5 June 1976). Budge, David (уред.). „Runaways Reflect Mercury West Coast Strength“. Cash Box. New York: Cash Box Publishing Co. XXXVIII (2).
- ↑ 13,0 13,1 Uhelszki, Jaan (25 December 1976). Parnes, Sid (уред.). „The Coast“. Record World. New York: Record World Publishing Co. 33 (1539): 38, 188, 203, 206.
- ↑ Queens of Noise. Boston, MA: Da Capo Press. 2013. стр. 137. ISBN 978-0-306-82039-7.
- ↑ Budge, David (уред.). „Album Reviews; Regional Album Action; New FM Action LPs; FM Analysis; Cash Box Top Albums: 101 to 200“. Cash Box. Cash Box Publishing Co. XXXVIII (2): 20, 23, 24, 25, 50.
- ↑ „Episode 953 - Joan Jett“. September 24, 2018. Посетено на September 2, 2019.
- ↑ Edgeplay: A film about The Runaways, Sacred Dogs LLC, Los Angeles, 2005 (from interviews with Fowley and Currie)
- ↑ Catalog of Copyright Entries: Third series (англиски). 1978.
- ↑ „The Runaways – Queens Of Noise“. Discogs.com. January 7, 1977. Посетено на January 8, 2023.
- ↑ Jett 1977, Tomorrow with Tom Snyder.
- ↑ Currie, Cherie; Tony O'Neill (2010). Neon Angel: A Memoir of a Runaway (First. изд.). New York: It Books/HarperCollins Publishers. стр. 218–219. ISBN 9780061961359. Посетено на 15 September 2023.
- ↑ „The Runaways – Waitin' for the Night“. Discogs.com. October 17, 1977. Посетено на January 8, 2023.
- ↑ „TV, Radio, Tonight's Choice“. Cambridge Evening News. Cambridge, Cambridgeshire, UK: Local World (27382): 2. 25 October 1977. Посетено на 15 September 2023.
- ↑ Robertson, Sandy (12 November 1977). „The Runaways“. Sounds. London: United Newspapers. Посетено на 18 September 2023.
- ↑ Hartmann, Graham 'Gruhamed' (November 5, 2013). „Lita Ford Plays Wikipedia: Fact or Fiction? - Runaways, Family + More“. Loudwire.com. Посетено на October 30, 2015.
- ↑ Sherman, Dale.
- ↑ „The Runaways Scrapbook Year 1978“. Посетено на October 31, 2011.
- ↑ „Joan Jett & the Blackhearts: inducted in 2015 - The Rock and Roll Hall of Fame and Museum“. Rock and Roll Hall of Fame. Посетено на October 30, 2015.
- ↑ „Rock The Bayou“. Allaccessmagazine.com. September 18, 2008. Посетено на October 31, 2011.
- ↑ Chiu, David (June 18, 2013). „The Runaways: Rock and roll provocateurs“. CBS News. Посетено на July 14, 2016.
- ↑ Belloni, Matt (December 21, 2010). „The secret legal battle behind 'The Runaways'“. The Hollywood Reporter. Посетено на February 8, 2022.
- ↑ Fleming, Michael (March 4, 2009). „Dakota Fanning fronts 'Runaways'; Actress also set to play vamp in 'New Moon'“. Variety. Посетено на February 8, 2022.
- ↑ „Kristen Stewart: Jett-ing Through A Twilight Adventureland“. SuicideGirls.com. April 1, 2009. Посетено на February 8, 2022.
- ↑ Goldsmith, Melissa U.D.; Willson, Paige A.; Fonseca, Anthony J. (2016). The Encyclopedia of Musicians and Bands on Film. Lanham, MD: Rowman & Littlefield. стр. 259. ISBN 978-1442269873.
- ↑ „The Runaways“. Rotten Tomatoes. 2010. Посетено на 25 May 2020.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Joan Jett official Site
- Lita Ford official site
- Victory Tischler-Blue official site
- Sacred Dogs Entertainment Group official site
- Jackie Fox's Runaways essays
- The Runaways на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- The Runaways discography at Discogs
- The Runaways on Metaladies.com