Blondie (група)
Blondie е американска рок група, која заедно ја основале пејачката Деби Хари и гитаристот Крис Стајн.[1] Групата била пионер во американската њу вејв сцена во средината на 1970-тите во Њујорк. Нивните први два албума содржеле многу елементи на панк и њу вејв, и иако биле многу успешни во ОК и Австралија, Блонди до објавувањето на Parallel Lines во 1978 година во САД се сметала за андерграунд група. Во текот на следните четири години, групата имала неколку хит песни [2] како: „Heart of Glass“, „ Call Me“, „Atomic“, „The Tide Is High“ и „Rapture“. [3] Групата станала препознатлива по својата сложена мешавина на музички стилови, меѓу кои имало и елементи од диско, поп, реге и рана рап музика.
Blondie | |
---|---|
Blondie во 1977 (од десно на лево): Гери Валентајн, Клем Бурк, Деби Хари, Крис Стајн, Џими Дестри | |
Животописни податоци | |
Потекло | Њујорк, САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи | |
Соработници | |
Мреж. место | blondie.net |
Блонди се распаднала во 1982 година по објавувањето на својот шести студиски албум, The Hunter. Деби Хари, откако паузирала неколку години за да се грижи за нејзиниот партнер Крис Стајн, кому му бил дијагностициран пемфигус, ретка автоимуна болест на кожата,[4] продолжила со соло кариера. Групата била возобновена во 1997 година, постигнале нов успех и во 1999 година по шести пат се искачиле на прво место на тол листата во Обединетото Кралство со песната „Maria“, точно 20 години по нивната прва песна на прво место во Велика Британија („Heart of Glass“).
Следните години, групата тргнала на турнеја и настапувала низ цел свет.[5] Во 2006 година била примена во Куќата на славните од рокенролот.[6] Блонди продала околу 40 милиони плочи ширум светот [7] [8] и сè уште е активна. Единаесеттиот студиски албум на групата, Pollinator, бил објавен на 5 мај 2017 година.
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- Blondie (1976)
- Plastic Letter (1978)
- Parallel Lines (1978)
- Eat to the Beat (1979)
- Autoamerican (1980)
- The Hunter (1982)
- No Exit (1999)
- The Curse of Blondie (2003)
- Panic of Girls (2011)
- Ghosts of Download (2014)
- Pollinator (2017)
Наводи
уреди- ↑ . London. Наводот magazine бара
|magazine=
(help); Отсутно или празно|title=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ "Blondie". Rock and Roll Hall of Fame. 2006.
- ↑ Crampton, Luke; Rees, Dafydd (1996). The Q Book of Punk Legends. Enfield: Guinness Publishing Ltd. стр. 17–25.
- ↑ „Blondie Is Back“. MTV.com. April 29, 1998. Архивирано од изворникот на 2009-02-05. Посетено на April 19, 2008.
- ↑ „Official Blondie Web Site: Gig List – Blondie“. Archive.blondie.net. Посетено на September 16, 2020.
- ↑ Blondie.net – Official site. Retrieved September 7, 2006.
- ↑ Празен навод (help)[мртва врска]
- ↑ „TOUR ANNOUNCEMENT: "No Principals Tour"“. blondie.net. June 18, 2013. Архивирано од изворникот на 2014-01-17. Посетено на January 12, 2014.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- The Complete Blondie Discography
- Blondie at 45cat.com
- Blondie discography at MusicBrainz
- Blondie discography at Discogs
- Blondie's New York Архивирано на 29 јули 2020 г. Documentary on Smithsonian Channel