Мајкл Џеј Фокс (англиски: Michael J. Fox) - канадски глумец, најпознат по своите улоги во трилогијата „Враќање во иднината“, „Семејни врски“ и „Лудиот Град“.

Мајкл Џеј Фокс
На доделувањето на Еми наградите во 1988
Роден(а)Мајкл Ендрју Фокс
Активен1973 - денес
СопружникТрејси Полан (1988 - денес)
4 деца

Кратка биографија

уреди

Мајкл Џ. Фокс е син на канадски офицер. Роден е на 9 јуни 1961 во Едмонтон, Канада. Подоцна се преселил во САД и живеел во тешки услови додека не ја добил зелената карта.

Кариера

уреди

Првото телевизиско деби Фокс го имал во Ванкувер на возраст од 15 години. По преселбата во САД, тој добил улогата во неделната серија „Палмерстаун“, како и споредна улога во филмот „Полноќно лудило“. Во 1982 година почнал со снимањето на хумористичната серија „Семејни врски“ на која работел до 1989 година. Неговата филмска кариера ја одбележуваат филмовите: „Враќање во иднината“ (1985), „Тајната на мојот успех“ (1987) и „Жртви на војната“ (1989). Во 1996 година тој ѝ се вратил на телевизијата и почнал со снимањето на првиот серијал од хумористичната серија „Лудиот град“, каде што ја играл улогата на Мајкл Флаерти, заменик на градоначалникот на Њујорк. Оваа серија доживеала огромен успех и се прикажувала во текот на шест години при што подоцна него заменил Чарли Шин). Во 1991 година, на Фокс му била дијагностицирана Паркинсонова болест и поради влошување на состојбата, во 1998 година речиси се повлекол од глумата. Сепак, во 1996 година тој глумел во филмот „Марс напаѓа“.

Надворешни врски

уреди