Cheap Trick

американскa рок-група

Cheap Trick (се чита: Чип трик) ― американскa рок-група од Рокфорд, Илиноис, основана во 1973 година од гитаристот Рик Нилсен, басистот Том Петерсон, главниот пејач Робин Зандер и тапанарот Бан Е. Карлос.[2] Денес во состав на групата се: Зандер, Нилсен и Петерсон. Нивната музика содржела елементи на гитарски поп од 60-тите, хард-рок и панк-рок и помогнала да се постави основата за следните моќни поп-музичари. [3]

Cheap Trick
Cheap Trick на концерт во Санта Инез, Калифорнија (2005)
Животописни податоци
ПотеклоРокфорд, Илиноис, САД
Жанрови
Период на активност1973–денес
Издавачи
Мреж. местоcheaptrick.com

Cheap Trick го издале нивниот истоимен прв студиски албум во 1977 година, а истата година, по објавувањето на нивниот втор албум, In Color, станале популарни во Јапонија. Албумот Heaven Tonight (1978) година ја содржел моќната поп-класика „Surrender“. Поголема популарност во САД групата стекнала во 1979 година откако претходно го објавиле тројно платинестиот албум во живо At Budokan и со нивната песна „I Want You to Want Me“.[4] Во 1979 година го објавиле албумот Dream Police (1979) кој станал нивен комерцијално најуспешен студиски албум.[5]

Во 1980-тите групата се соочила со намалување на нивната популарност, а исто така имало и чести промени во составот. Cheap Trick успеале да вратат дел од популарноста кон крајот на деценијата и да се искачат на врвот на американските топ-листи со баладата „The Flame“.

Групата продолжила да издава нови албуми и нови песни и во 21-от век; исто така одржувале и редовни турнеи, а од нивното основање одржале преку 5.000 концерти.[6] Cheap Trick продале преку 20 милиони албуми[7] и имале свои култни следбеници. Групата била примена во Куќата на славата на рокенролот во 2016 година.

Историја на групата

уреди

Основање

уреди

Рик Нилсен и Том Петерсон, во доцните 1960-ти, свиреле заедно во групата Fuse. Во 1969 година, Fuse објавила албум со Epic Records. Поради тоа што не успеале да го остварат посакуваниот успех, во 1973 година Нилсен и Петерсон се разделиле од другите музичари во групата. Тие, заедно со Бред Карлсон, кој станал познат како Бан Е. Карлос, и Ренди „Ксено“ Хоган, ја основале групата Cheap Trick.

1970-ти

уреди

Во првите неколку години, Cheap Trick одржале неколку стотици концерти, а исто така биле предгрупа на концерти од: Queen, The Kinks, Kiss и Santana. Во тоа време бил создаден материјал за песни кој подоцна ќе биде употребен на нивните први три албуми.

Во 1976 година, групата потпишала договор со Epic Records, а нивниот прв албум Cheap Trick бил објавен пролетта следната година. Албумот, иако добил пофалби од критиката, слабо се продавал во САД, но веднаш добил златен статус во Јапонија. И нивниот следен албум, снимен истата година, станал златен во Јапонија. Во 1978 година Cheap Trick биле на турнеја во Јапонија каде што сите концерти биле распродадени за многу кратко време. Во Јапонија го направиле нивниот прв албум во живо, At Budokan, кој бил продаден во над три милиони примероци. Со овој албум и со синглот „I Want You to Want Me“ (нивен прв топ-10 хит во САД), Cheap Trick успеале да се пробијат во Северна Америка. Следната година групата го издала нејзиниот најуспешен студиски албум, Dream Police.

1980-ти

уреди

Иако станале популарни, Петерсон ја напуштил групата во 1980 година. Прво бил заменет со Пит Комита, кој набрзо му го отстапил местото на Џон Брант. Со исклучок на албумот One on One, кој се здобил со платинест статус, албумите снимени со оваа постава (Next Position Please (1983), Standing on the Edge (1985) и The Doctor (1986)) биле неуспешни.

Неколку недели пред неговата смрт во 1980 година, Карлос и Нилсен со Џон Ленон и со студиските музичари Тони Левин и Џорџ Смол ја снимиле нумерата I'm Losing You. Сепак, на албумот од Ленон Double Fantasy била употребена друга верзија од песната; нумерата снимена со членовите на Cheap Trick може да се чуе само на John Lennon Anthology објавен во 1998 година.

Во 1987 година Петерсон решил да се врати во група, а Брант морал да се повлече. Сепак, тие пријателски се раделиле. Со Петерсон се вратил и успехот на групата. Првиот објавен албум по враќањето на Петерсон, Lap of Luxury, се продал добро, а две песни од него се пласирале во топ-10 на американската топ-листа: The Flame (две недели била на прво место) и Don't Be Cruel ( преработка на песната од Елвис Пресли, стигнала до четвртото место).

1990-ти

уреди

Откако албумот Busted (1990) не ги исполнил очекувањата на издавачката куќа (се искачил до 48 место на топ-листата), тие го раскинале договорот со Cheap Trick. Неколку години подоцна групата потпишала договор со Warner Music. По објавувањето на неуспешниот Wake Up With a Monster, и овој договор бил раскинат. Cheap Trick се осмелиле да направат нов почеток и отишле на турнеја без поддршка од издавачка куќа, меѓу кои и со популарни претставници од алтернативната и инди сцена од тоа време, како што се: Smashing Pumpkins и Guided by Voices. Откако Cheap Trick го снимиле синглот Baby Talk со Стив Албини и го објавиле на Sub Pop , групата свирела на фестивалот Lollapalooza во 1996 година и потпишала договор со независната издавачка куќа Red Ant. Членовите на групата сами ги напишале песните од нивниот втор истоимен албум издаден со новата издавачка куќа, а групата исто така го продуцирала албумот. Тие подоцна основале сопствена издавачка куќа, која, меѓу другото, го издала Music for Hangovers, албум во живо од четири концерти кои групата ги одржала во Чикаго по повод 20-годишнината од нивната прва јапонска турнеја. На турнејата за овој албум, Cheap Trick свирела како поддршка за Pearl Jam, меѓу другите.

2000-денес

уреди

Во 2001 година бил издаден албумот во живо Silver, кој содржел снимки од концертот во 1999 година одржан по повод 25-годишнината од основањето на групата. Гости-музичари биле: Били Корган, Слеш и Арт Алексакис. Групата, исто така, почнала да пишува нови песни во 2001 година, кои ги снимила со продуцентот Дилан Крис Шо и повторно со учество на Стив Албини. Како резултат бил издаден албумот Special One (2003), нивен прв студиски албум по шест години. Во 2006 година, Cheap Trick го издале албумот Rockford, именуван по нивниот роден град во американската сојузна држава Илиноис.

Дакс Нилсен, син на Рик Нилсен, станал тапанар на Cheap Trick во 2010 година. Сепак, долгогодишниот тапанар на групата Бан Е. Карлос и понатаму останал поврзан со групата и ги придружувал во неколку посебни прилики.

Во 2016 година, Cheap Trick во состав: Зандер, Карлос, Петерсон и Рик Нилсен, биле примени во Куќата на славните на рокенролот.

Кога Петерсон не учествувал на турнеите во 2021 година поради операција на отворено срце, негова замена бил Робин Тејлор Зандер, син на Зандер.[8]

Членови на групата

уреди
Слика Име Години активни Инструменти Ослободете придонеси
Рик Нилсен 1973 - денес
  • водечка гитара
  • придружен и повремено главен вокал
  • повремено клавијатури
  • бас (1981–1982)
сите изданија
Том Петерсон 1973 - 1980

1987 - денес

  • бас
  • придружен и повремено главен вокал
сите изданија од Cheap Trick (1977) до All Shook Up (1980) и од Lap of Luxury (1988) досега
Робин Зандер 1974 - денес
  • Главен пејач
  • ритам-гитара
сите изданија
Поранешни членови
Слика Име Години активни Инструменти Ослободете придонеси
Пунџа Е. Карлос 1973–2010 (само еднаш во 2016) [9]
  • тапани
  • удирачки инструменти
  • повремено придружен вокал
сите изданија од Cheap Trick (1977) до Sgt. Pepper Live (2009)
Ренди Хоган (aka Xeno) 1973 – 1974 година
  • Главен пејач
ниеден
Пит Комита 1980–1981 година
  • бас
  • придружни вокали
Џон Брант
  • 1981–1987
  • 2004–2005
  • 2007 (еднаш во 1999)
One on One (1982), Next Position Please (1983), Standing on the Edge (1985), The Doctor (1986)

Silver (2001)

Дискографија

уреди
  • Cheap Trick (1977)
  • In Color (1977)
  • Heaven Tonight (1978)
  • Dream Police (1979)
  • All Shook Up (1980)
  • One on One (1982)
  • Next Position Please (1983)
  • Standing on the Edge (1985)
  • The Doctor (1986)
  • Lap of Luxury (1988)
  • Busted (1990)
  • Woke Up with a Monster (1994)
  • Cheap Trick (1997)
  • Special One (2003)
  • Rockford (2006)
  • The Latest (2009)
  • Bang, Zoom, Crazy... Hello (2016)
  • We're All Alright! (2017)
  • Christmas Christmas (2017)
  • In Another World (2021)

Наводи

уреди
  1. Uhelski, Jaan (March 15, 2010). „Cheap Trick: 35 Years of Pop-Rock Brio“. BMI. MusicWorld. Посетено на January 29, 2022.
  2. Curry, Corina. „Cheap Trick: 'New guy' Daxx Nielsen has known bandmates his whole life“. Rockford Register Star.
  3. Erlewine, Stephen Thomas. „Biography“. AllMusic. Посетено на December 27, 2022.
  4. Dome, Malcolm (June 28, 2016). „The top 10 best Cheap Trick songs“. Classic Rock. Посетено на April 11, 2023.
  5. „Dream Police Billboard Albums“. AllMusic. Rovi Corporation. Посетено на November 15, 2011.
  6. „Cheap Trick: 'We don't want to do wimp versions of ourselves'. USA Today. March 29, 2016.
  7. „Cheap Trick's lead singer Robin Zander set to rock The Ranch“. Naples Daily News.
  8. Gray, Andy (November 12, 2021). „Cheap Trick (and sons) rock Packard“. The Vindicator. Посетено на November 13, 2021.
  9. Празен навод (help)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди