Riot Grrrl (се чита: Риот Грл) — андерграунд феминистичко панк рок движење кое првично започнало во раните 1990-ти, во Вашингтон и во северозападниот дел на САД, особено Олимпија и Портланд. Тоа е често поврзувано со третиот феминистички бран, кој понекогаш се гледа како неговата појдовна точка.

Кетлин Хана од бендот Бикини кил

Riot Grrrl бендовите често ги адресираат проблемите како што се: силување, семејно насилство, сексуалноста, расизам, патријархатот и женското оспособување. Бендови поврзани со движењето се: Bikini Kill, Huggy Bear, Bratmobile, Heavens to Betsy, Excuse 17, Skinned Teen, Calamity Jane, Emily's Sassy Lime, Sleater-Kinney, и исто така Team Dresch и The Butchies. Во прилог на музичката сцена и жанрот, Riot Grrrl е субкултура која вклучува етика, списанија, уметност, политичка акција и активизам. Riot Grrrl се познати по тоа што одржуваат состаноци и даваат поддршка на жените во музиката.