Тејлор Момсен
Тејлор Мишел Момсен (анг.Taylor Michel Momsen родена 26 јули 1993[1]) ― американска пејачка, манекенка и поранешна глумица. Пред да се повлече од глумата, ја толкувала улогата на Синди Лу Ху во филмот Како Гринч го украде Божиќ (2000) и на Џени Хамфри во телевизиската серија Oзборувачка (2007-2012).[2] Таа е главна пејачка во рок-групата The Pretty Reckless од нивното основање во 2009 година.
Тејлор Момсен | |
---|---|
Momsen at a Metropolitan Opera opening in 2008 | |
Занимање | глумец, модел |
Ран живот и глума
уредиТејлор Момсен е родена во Сент Луис (Мисури) во католичка фамилија.[3] Имала делумно руско потекло.[4] Таа почнала професионално да глуми од 3 години за националната реклама на Shake 'N' Bake.[5] Во 2000 година, Момсен ја добила улогата на Синди Лу Ху во „Како Гринч го украде Божиќ“, која станала нејзината пробивна улога. Во 2002 година, ја глумела Гретел во Хансел и Гретел и Александра, ќерката на претседателот, во Деца шпиони 2. Таа, исто така, била на аудиција за насловната улога во Хана Монтана, и влегла во најтесен избор од три глумици, но улогата ѝ била доделена на Мајли Сајрус - одлука со која Момсен била задоволна во ретроспектива.[6] Во 2007 година, глумела во филмите Underdog и Параноичен парк.
Манекенство
уредиВо јуни 2008 година, на 14 години Тејлор Момесен потпишала договор со IMG Models.[7][8] Била заштитно лице на британскиот моден ланец New Look за неговата колекција пролет/лето 2010.[9] На 15 јули 2010 година станала заштитно лице на модната линија од Мадона, „Material Girl“.[10] Една недела подоцна, Момсен била најавена како модел за новиот женски парфем од Џон Галијано, планиран за лансирање во есента 2010 година.[11]
Момсен се појавила на насловната страница од списанието Page Six во 2009 година. Исто така се појавила на насловната страница на Seventeen (февруари 2010 година)[12] FHM (март 2012)[13] и Maxim ( ноември 2013).[14] FHM ја ставило Момсен на 29-то место на списокот „Hot 100“ во изданието од 2012 година.[15]
Музика
уредиВо март 2009 година Момсен изјавила во интервју за OK!Magazine дека нејзиниот бенд потпишал договор со Interscope Records. Таа ги пишува сите песни, пеела и свирела на едноставна гитара на албумот.
Наводи
уреди- ↑ „Taylor Momsen Biography“. TV Guide. Посетено на October 18, 2010.
- ↑ Aleksander, Irina (September 18, 2008). „Taylor Momsen: Not a Girl, Not Yet a Woman“. The New York Observer. Архивирано од изворникот на September 21, 2008. Посетено на January 14, 2018.
- ↑ „Taylor Momsen Gets Spiritual“. Intelligencer. August 9, 2010. Посетено на September 2, 2013.
- ↑ Momsen, Taylor [@taylormomsen] (July 8, 2013). „@Zheka_Kinoman yes, I'm part Russian“ (Tweet). Посетено на July 16, 2013 – преку Twitter.
- ↑ „Taylor Momsen, Age 3, In Shake 'N Bake Commercial (VIDEO)“. HuffPost. November 15, 2010. Посетено на December 5, 2019.
- ↑ „Taylor Momsen Glad She's Not 'Hannah Montana'“. www.starpulse.com. January 25, 2010. Архивирано од изворникот на October 26, 2010. Посетено на September 26, 2010.
- ↑ „Taylor Momsen: From Gossip Girl to Supermodel“. People. June 25, 2008. Посетено на June 25, 2010.
- ↑ Vogue, Teen (June 23, 2010). „Taylor Momsen: Girl on Film“. Teenvogue.com. Посетено на December 5, 2019.
- ↑ „Taylor Momsen for new look“. The Express online. March 8, 2010. Посетено на April 4, 2010.
- ↑ „Grazia Fashion: Taylor Momsen is the face of Material Girl!“. Graziadaily.co.uk. Посетено на August 10, 2010.
- ↑ „Grazia Fashion: Taylor Momsen To Model For Galllano!!“. Graziadaily.co.uk. Посетено на August 10, 2010.
- ↑ „Taylor Momsen Seventeen Cover – Interview and Pictures of Taylor Momsen“. Seventeen.com. Архивирано од изворникот на January 16, 2010. Посетено на February 9, 2014.
- ↑ „FHM at Taylor Momsen's sexy house party! | Girls“. FHM.com. Архивирано од изворникот на October 19, 2013. Посетено на February 9, 2014.
- ↑ „Taylor Momsen | Pictures of a Pretty Reckless Singer“. Maxim. October 10, 2013. Архивирано од изворникот на February 16, 2014. Посетено на February 9, 2014.
- ↑ „Hot 100“. FHM. 2012. Архивирано од изворникот на January 30, 2013. Посетено на January 11, 2013.