Аеродром Вацлав Хавел Прага
Аеродром Вацлав Хавел Прага (IATA: PRG, ICAO: LKPR) е најголем аеродром кој го опслужува главниот град Прага. Аеродромот се наоѓа на 10 километри од центарот на градот и е централа на Czech Airlines. За првпат беше отворен на 5 април 1937 година. Аеродромот е најзафатен во Чешка, и со 12.4 милиони патници во 2007 година е најзафатен аеродром во новите земји членки на Европската Унија. Најголемиот број на летови заминуваат од Северниот Терминал (Север 1 и Север 2). Јужниот терминал се користи најмногу за чартер, ВИП и за генерална авијација. Аеродромот има две писти 06/24 и 13/31. Јавниот транспорт од и до аеродромот е можен со автобусот број 119 до метро станицата Дејвичка и потоа со трансфер до зелената метро линија до станицата Зличин, која е недалеку од центарот на Прага. Вообичаено, патувањето трае околу 40 минути. Од декември 2005 година, автобуската линија АЕ (Airport Express) нуди нонстоп транспорт од терминалите Север 1 и Север 2 и железничката станица Холешовице, секој ден од 5 часот наутро до 22 часот навечер, на секои 30 минути и цената во еден правец е 100 денари.
Аеродром Вацлав Хавел Прага Letiště Václava Havla Praha | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||||||
Тип | Јавен | ||||||||||||||
Сопственик | Ministry of Finance | ||||||||||||||
Оператор | Letiště Praha, Ltd. | ||||||||||||||
Опслужуван град | Прага | ||||||||||||||
Местоположба | Ruzyně | ||||||||||||||
Отворен | 5 април 1937 | ||||||||||||||
Јазол за | Smartwings | ||||||||||||||
Operating base for | |||||||||||||||
Временска зона | CET (UTC+01:00) | ||||||||||||||
• Summer (DST) | CEST (UTC+02:00) | ||||||||||||||
Надморска височина | 1.234 ft / 376 м | ||||||||||||||
Координати | 50°06′06″N 14°15′48″E / 50.1018° СГШ; 14.2632° ИГД | ||||||||||||||
Мрежно место | prg.aero/en | ||||||||||||||
Карта | |||||||||||||||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Czech Republic Prague" does not exist | |||||||||||||||
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |||||||||||||||
Писти | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Helipads | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Статистика (2023) | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Историја
уредиЧехословачка, денешна Чешка, беше една од водечките европски земји каде што беше воведена цивилна авијација. Аеродромот Прага Рузуње започна со операции на 5 април 1937 година[4], но воздухопловството во Чехословачка започна 1919 година на воениот аеродром Кбели во близина на Прага. Поради зголемениот сообраќај во 20-тите и 30-ти владата на Чехословачка одлучува цивилниот сообраќај да се премести на Рузуње аеродромот. Во 1937 година, аеродромот добива награда на International Art and Technical Exhibition во Париз за техничката концепција на централниот аеродром, најмногу поради архитектурата на терминалната зграда. Аеродромот има одлична положба поради близината со центарот на Прага како и поради близината со многу Европски земји.
Идни планови
уредиБидејќи капацитетот на аеродромот го достигнува својот максимум во последните неколку години, властите на аеродромот имаат во план изградба на нова писта паралелна со пистата 06/24, и се планира да влезе во употреба 2010 година. Со изградбата на новата писта, ќе се избегне бучавата која се произведува во населбите околу аеродромот.
Терминали
уредиТерминал "Север 1"
уредиСите домашни летови, летови вон Шенген зоната и интерконтинентални летови (Северна Америка, Азија, Африка, Близок Исток) како и Обединетото Кралство.
Терминал "Север 2"
уредиЛетови помеѓу земјите од Шенген зоната.
Терминал "Југ 1" и "Југ 2"
уредиВИП и приватни летови. Владини летови и чартер летови.
Превозници и одредишта
уреди- Aeroflot (Москва Шереметјево)
- Aer Lingus (Корк, Даблин)
- Air Europa (Мадрид)
- Air France (Париз Де Гол)
- Brit Air (Лион)
- Air Malta (Малта)
- Air Moldova (Кишинев)
- Alitalia (Милано Малпенза)
- Austrian Airlines
- Belavia (Минск)
- bmibaby (Бирмингем, Источен Мидлендс, Манчестер)
- British Airways (Лондон Хитроу)
- Brussels Airlines (Брисел)
- Bulgaria Air (Софија)
- Cimber Air (Копенхаген)
- City Airline (Гетеборг)
- Clickair (Барселона)
- Czech Airlines (Алма Ати, Амстердам, Атина, Барселона, Бејрут, Белград, Берлин Тегел, Болоња, Братислава, Брауншвајг, Брно, Брисел, Букурешт Отопени, Будимпешта, Каиро, Келн/Бон, Копенхаген, Дамаск, Даблин, Диселдорф, Екатеринбург, Франкфурт, Хамбург, Хановер, Хелсинки, Ираклион, Истанбул Ататурк, Киев, Кошице, Краков, Кувајт, Ларнака, Љубљана, Лондон Хитроу, Мадрид, Манчестер, Марсеј, Милано Малпенза, Минск, Москва Шереметјево, Минхен, Њујорк Кенеди, Одеса, Осло, Острава, Париз Де Гол, Рига, Рим Фјумичино, Ростов на Дон, Самара, Скопје, Софија, Сплит, Стокхолм Арланда, Санкт Петербург, Стразбур, Штутгарт, Талин, Тбилиси, Тел Авив, Солун, Торонто, Венеција, Вилнус, Ереван, Варшава, Загреб, Цирих)
- Delta Air Lines (Атланта)
- easyJet (Белфаст, Бристол, Источен Мидлендс, Лондон Гетвик, Лондон Станстед, Милано Малпенза, Њукасл)
- El Al (Тел Авив)
- Finnair (Хелсинки)
- Germanwings (Келн/Бон)
- Iberia (Мадрид)
- Jat Airways (Белград)
- Jet2.com (Единбург, Лидс/Брадфорд)
- KLM Royal Dutch Airlines
- Korean Air (Сеул)
- LOT Polish Airlines (Варшава)
- Луфтханза (Франкфурт)
- Lufthansa Regional оперирано од Lufthansa CityLine (Диселдорф, Хамбург, Минхен, Штутгарт)
- Luxair (Луксембург)
- Meridiana (Фиренца)
- Norwegian Air Shuttle (Берген, Осло, Ставангер, Трондхејм)
- Polet Airlines (Воронез)
- Rossiya (Санкт Петербург)
- Ryanair (Бирмингем, Даблин, Источен Мидлендс, Франкфурт Хан, Стокхолм Скавста)
- Scandinavian Airlines System (Копенхаген, Стокхолм)
- Smart Wings (Барселона, Будимпешта, Чанија, Дубаи, Жирона, Ираклион, Ларнака, Мадрид, Палма де Мајорка, Париз Де Гол, Родос, Рим Фјумичино, Валенсија)
- Sterling Airlines (Билунд, Копенхаген, Стокхолм Арланда)
- Swiss International Air Lines (Базел/Мулхоуз, Женева)
- Flightline (Аеродром Цирих|Цирих)
- TAP Portugal (Будимпешта, Лисабон)
- Turkish Airlines (Истанбул Ататурк)
- Ural Airlines (Екатеринбург)
Товарни превозници
уреди- China Airlines Cargo (Абу Дави, Луксембург, Тајпеј)
- Atlantic Airlines (Лајпциг/Хале)
- FedEx (Париз Де Гол)
- Farnair Switzerland (Келн/Бон)
- TNT (Букурешт Отопени, Брно, Лиеж)
- Silver Air (Острава)
Наводи
уреди- ↑ „Condor zieht 2025 fünf Flugzeuge aus Deutschland ab“. Aero.de. 5 November 2024. Посетено на 5 November 2024.
- ↑ „Prague Airport Traffic Results 2023; Václav Havel Airport Prague, Ruzyně“. prg.aero. 14 February 2024.
- ↑ „AIP Czech Republic Praha/Ruzyně“ (PDF). Посетено на 2 April 2017.
- ↑ „History of Václav Havel Airport Prague“. Vaclav Havel Airport Prague, Ruzyne (англиски). Посетено на 2020-01-30.