Тримерна графика
Тримерна графика, 3D-графика или тридимензионална графика — гранка на сметачка графика посветена на методи за создавање слики или видеозаписи со моделирање на тримерни објекти.
3D-моделирање е процес на создавање тримерен модел на објект. Задачата на 3D-моделирањето е да развие видна тримерна слика на саканиот објект. Во овој случај, моделот може или да одговара на објекти од вистинскиот свет (автомобили, згради, ураган, астероид) или да биде целосно апстрактен (проекција на четиримерен фрактал).
Историја
уредиВилијам Фетер бил заслужен за создавањето на изразот сметачка графика во 1961 г. за да ја опише неговата работа во Боинг.[1][2] Раниот пример на интерактивна тримерна графика бил истражен во 1963 г. од програмата Sketchpad во лабораторијата Линколн на Масачусетскиот технолошки институт.[3] Еден од првите прикази на сметачка анимација бил филмот „Иден свет“ (1976), кој вклучувал анимација на човечко лице и рака што првично се појавиле во експерименталниот кусометражен филм „Сметачка анимирана рака“ од 1971 г., создаден од студентите од Универзитетот во Јута, Едвин Катмул и Фред Парк.[4]
Програмската опрема за тримерна графика почнала да се појавува за домашни сметачи во доцните 1970-ти. Најраниот познат пример е 3D Art Graphics, збир на сметачки 3D-графички ефекти, напишани од Казумаса Митазава и објавени во јуни 1978 г. за Apple II.[5][6]
Наводи
уреди- ↑ „An Historical Timeline of Computer Graphics and Animation“. Архивирано од изворникот на 2008-03-10. Посетено на 2009-07-22.
- ↑ „Computer Graphics“. Learning Computer History. 5 December 2004. Архивирано од изворникот на 2021-02-24. Посетено на 2024-10-12.
- ↑ Ivan Sutherland Sketchpad Demo 1963 (англиски), Посетено на 2023-04-25
- ↑ „Pixar founder's Utah-made Hand added to National Film Registry“. The Salt Lake Tribune. December 28, 2011. Посетено на January 8, 2012.
- ↑ „Brutal Deluxe Software“. www.brutaldeluxe.fr.
- ↑ „Retrieving Japanese Apple II programs“. Projects and Articles. neoncluster.com. Архивирано од изворникот на 2016-10-05.
Надворешни врски
уреди„Тримерна графика“ на Ризницата ? |
- A Critical History of Computer Graphics and Animation (Wayback Machine copy)
- How Stuff Works - 3D Graphics
- History of Computer Graphics series of articles (Wayback Machine copy)
- How 3D Works - Explains 3D modeling for an illuminated manuscript