Halo: Reach

видеоигра од 2010 година

Halo: Reachпукачка видеоигра од прво лице изработена од Bungie и објавена од Microsoft Game Studios за видеоигри-конзолата Xbox 360. Reach бил издаден во Северна Америка, Австралија и Европа на 14 септември 2010.[1] Службено најавена на E3 2009, Reach бил претходен од бета-верзија што била достапна на оние што ја купиле Halo 3: ODST, со намера да се добие осврт од играчите за поправање на грешки и менување на стилот на играта. Reach е последната игра во серијата изработена од страна на Bungie, бидејќи студиото на Microsoft, 343 Industries ќе ги изработува следните наслови од серијата.

Halo: Reach

Изработувач(и) Bungie
Издавач(и) Microsoft Game Studios
Дизајнер(и) Маркус Лето
Серијал Halo
Подлоги Xbox 360
Датум на издавање 14 септември 2010
Жанр(ови) Пукачка игра од прво лице
Режим(и) Самостоен, здружен и групен
Рејтинзи ACB: MA15+
BBFC: 15
ESRB: M
[PEGI: 16
Медиум ДВД-9

Наводи

уреди
  1. Mastrapa, Gus (2010-05-24). „Halo: Reach Drops Sept. 14“. Wired. Посетено на 2010-05-25.