Рудолф Шпилман (германски: Rudolf Spielmann; 5 мај 1883, Виена - 20 август 1942, Стокхолм) бил австриски шаховски мајстор и автор од еврејско потекло[1], кој бил еден од најсилните шахисти во почетокот на 20. век.

Рудолф Шпилман
Шпилман околу 1903 година
Целосно имеРудолф Шпилман
Земја Австроунгарија
 Австрија
Роден5 мај 1883
Виена, Австроунгарија
Починал20 август 1942
Стокхолм, Шведска
Титулавелемајстор

Потекнувал од многудетно семејство, во коешто родителите доста вложиле за развојот на неговиот уметнички талент. Шах научил да игра од страна на неговиот татко, а не сакал да се запише на студии по математика, само заради тоа што сакал да стане шахист. Животот го поминал често менувајќи го местото на живеење, што се должи на неговото еврејско потекло и ризикот којшто го имал доколку останел да живее во Австрија. Во својата шаховска кариера одиграл доста турнири, а неговиот најзначаен успех се чини дека е победата на турнирот во Земеринг во 1926 година, на кој зад себе оставил голем дел од тогашните најдобри шахисти во светот. Бил препознатлив по својот напаѓачки стил на игра со примена на Кралскиот гамбит во отворањето, иако подоцна се променил и дури и го критикувал ова шаховско отворање.

Познато е и дека бил љубител на жртвите, а детално ги опишал во делото „Теорија на жртвите“. Се занимавал и со теоретски проучувања на играта, а неколку варијанти во шаховските отворања се именувани во негова чест.

Животопис

уреди

Шпилман се родил како второ од шесте деца на Евреите Мориц Шпилман и Сесилија Нештетл, кои од Микулов се доселиле во Виена. Неговите родители вложиле напори за развој на неговиот уметнички талент. Така, неговиот постар брат, Леополд, бил надарен за музика и станал познат пијанист и диригент; додека неговите три сестри: Мелани, Ирма и Џени, станале глумици. Најмладиот брат, Едгар, извршил самоубиство во 1917 година, откако не можел да ја поднесе смртта на мајката. Сестрата Мелани, пак, починала по тешко боледување, во 1927 година, на 42-годишна возраст.

Рудолф успешно го завршил училиштето, но одбил да се запише на студии по математика, бидејќи сакал да стане професионален шахист. Неговата кариера била прекината за време на Првата светска војна, во којашто учествувал како војник на австроунгарската „царска и кралска“ војска.

По национал-социјалистичкото „стекнување на моќ“, поради своето еврејско потекло, Шпилман станал жртва на прогонувањето од страна на власта. Така, на 1 февруари 1935, тој бил принуден да го напушти своето живеалиште во Виена.[2] Како бегалец, најпрво заминал во Холандија, а потоа без важечки пасош во Чехословачка, каде што пристигнал во Прага „сп една запуштена... пензија“.[3] По барање на поддржувачот на шахот Лудвиг Колејн, на 10 декември 1938 година, на Шпилман му било дозволено во јануари 1939 година да ја напушти земјата и да замине за Шведска, кратко пред нападот на Вермахтот.

Некои од роднините на Рудолф биле жртви на Холокаустот. Неговиот брат Леополд бил несреќно фатен од страна на силите на Шуцштафелот и префрлен во концентрационите логори Флосенбирг и Терезин, каде што бил задржан две години и починал во 1941 година. Малолетните ќерки на Леополд, Лили и Илзе, успеале во 1939 година да побегнат во Англија. Рудолфовите сестри Ирма и Џени, исто така, биле уапсени. Ирма била убиеан во концентрационен логор, додека Џени успеала да го преживее, но не успеала потоа да се соземе и извршила самоубиство во 1964 година.

Колејн починал кратко по пристигнувањето на Шпилман во Шведска, кој се обидел преку обавување на неговата биографија, којашто до денес е исчезната, да обезбеди парични средства за пат до Англија или Америка. Заветот на Шпилман, којшто можеби бил продаден во Америка, денес важи за изгубен, а не се познати ниту имињата на нарачателите на автобиографијата.

Постојат две прикажувања за тоа како Шпилман починал. Според првото, коешто било раскажано од страна на роднините на Шпилман, тој се заклучил во соба од којашто повеќе неизлегувал и по неколку дена бил пронајден прегладнет. Во второто прикажување се споменува дека бил жртва на паркинсонова болест. Официјално, починал од хипертензија и артериосклероза.[4]

На 10 јули 2011 година, во негова чест бил именуван плоштадот „Рудолф Шпилман“ во виенскиот округ Леополдштат.

Шаховска кариера

уреди

Шах научил да игра од страна на својот татко на возраст меѓу 4 и 5 години.

Во својата кариера учествувал на околу 120 турнири, а на 33 од нив бил победник. Меѓу позначајните успеси се вбројуваат и пласманот на делба на третото и четвртото место на турнирот во Санкт Петербург во 1909 година, победата на турнирот во Стокхолм истата година, четвртото место во Хамбург во 1910, второто место во Бад Пјештјани во 1912, победата во Баден во 1914, делбата на второто и третото место на турнирот во Манхајм во 1914, втората победа на турнир во Стокхолм во 1919, делбата на второто и третото место во Бад Пјештјани во 1922, делбата на првото и второто место во Теплиц-Шенау, како и победата на турнирот во Земеринг во 1926 и третото место во Карлсбад во 1929 година. За негов најголем успех се смета победата на турнирот во Земеринг во 1926 година, на којшто на конечната табела зад себе ги оставил: Алехин, Видмар, Нимцович и Тартаковер. Поради неговиот ризичен стил на игра, често завршувал и на долниот дел од табелата на некои турнири, иако по Првата светска војна се обидел да ја подобри својата положбена игра. Во 1930-тите години, неговите успеси на турнирите започнале постепено да се намалуваат.

Шпилман е единствениот шахист кој немал негативен вкупен резултат во партиите против Хосе Раул Капабланка, а притоа да победил во повеќе од една партија. Неговото остварување се состоело од по две победи и порази и 8 партии реми. Победите против Капабланка ги остварил во Бад Кисинген во 1928 и во Карлсбад во 1929 година, кратко откако Кубанецот ја загубил титулата „светски првак“.

Освен како шахист од светска класа, Шпилман учествувал во рускиот немиот руски филм „Шаховска треска“ во 1925 година. Неговиот највисок историски рејтинг изнесувал 2716 бода и бил достигнат ви јануари 1913 година.

Стил на игра

уреди

Шпилман може со право да се нарече неоромантичар, а негови идоли биле Андерсен и Чигорин. Тој бил препознатлив по неговите тактички способности и неговите брилијантни напади и комбинации. Познато е и дека остварувал добри резултати против послабите противници, со тоа што ги принудувал да играат сложени позиции. По неговата победа на тематскиот турнир во Кралски гамбит во Абација во 1912 година бил наречен „последниот витез на Кралскиот гамбит“. Сепак, со промената на својот стил на игра по Првата светска војна, се откажал од примената на Кралскиот гамбит и дури објавил и статија насловена „За болниот Кралски гамбит“.

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Шпилмановата варијанта во Нимцо-индиска одбрана

Исто така, поседувал и голема склоност кон жртвите, па затоа често бил споредуван со подоцнежниот светски првак Михаил Таљ. Познавањата во врска со жртвите успеал да ги преточи во своето дело „Теорија на жртвите“, коешто било издадено во 1935 година. Во него, тој ги опишал и разграничил различните видови на жртви во шахот.

Шаховски теоретичар

уреди

Свој придонес, Шпилман дал и во унапредувањето на шаховската теорија, па во негова чест се именувани неколку варијанти во отворањата. Најпозна од нив е Шпилмановата варијанта во Нимцо-индиска одбрана, којашто настанува по потезите: 1. d4 Sf6 2. c4 e6 3. Sc3 Lb4 4. Db3.[5] Шпилманова варијанта постои и во Француска одбрана, а се појавува по потезите: 1. e4 e6 2. b3.[6] Во теоријата се споменуваат и Шпилманов гамбит во Холандска одбрана, којшто настанува по: 1. d4 f5 2. Sc3 Sf6 3. g4;[7] како и Шпилманов гамбит во Алехинова одбрана, чијашто позиција се јавува по потезите: 1. е4 Sf6 2. Sc3 d5 3. е5 Sfd7 4. е6.[8]

Цитати

уреди
  • „Играј го отворањето како книга, средишницата како волшебник, а завршницата како машина“[9]
  • „Добра жртва не е онаа којашто е потребно да биде звучна, туку онаа којашто го остава противникот зашеметен и збунет.“[10]

Наводи

уреди
  1. Edward Winter, Chess and Jews, 2003
  2. Ing W. Ball: Meister Spielmann zum Abschied. In: Wiener Schachzeitung Nr. 3, Februar 1935. S. 33
  3. Michael Ehn: Rudolf Spielmann: Porträt eines Schachmeisters in Texten und Partien. Koblenz 1996. стр. 84.
  4. Rudolf Spielmann: Lebensgeschichte als Zeitgeschichte, Chessbase.com.
  5. Шаховска археологија: Отворања кодифицирани со ЕШО кодовите од Е20 до Е59
  6. Шаховска археологија: Отворања кодифицирани со ЕШО кодовите од C00 до C19
  7. Chess Opening Database: Dutch, Spielmann gambit (A80)
  8. Шаховска археологија: Отворања кодифицирани со ЕШО кодовите од B02 до B05
  9. „Chess Quotes: General Tips“. Архивирано од изворникот на 2012-08-20. Посетено на 2012-08-22.
  10. Sacrifices Архивирано на 18 ноември 2012 г., ChessQuotes.com.

Користена литература

уреди
  • Michael Ehn (Hrsg.): Rudolf Spielmann, Portrait eines Schachmeisters in Texten und Partien, Koblenz 1996, ISBN 3-929291-04-5.
  • Rudolf Spielmann - eine österreichische Tragödie, Schach-Report 5, 1996, стр. 70-74.
  • Rudolf Spielmann, 4 + 1 Annäherungsversuche, Karl 1, 2007, стр. 24-27.
  • E. Lebensaft – Ch. Mentschl: Spielmann Rudolf. Österreichisches Biographisches Lexikon 1815–1950 (ÖBL). Band 13, Verlag der Österreichischen Akademie der Wissenschaften, Wien 1957–2005, стр. 25 f. (стр. 25-26).
  • Шахматы. Энциклопедический словарь / гл. ред. А. Е. Карпов. — М.: Советская энциклопедия, 1990. — С. 501. — 100 000 экз. — ISBN 5-85270-005-3.
  • Романов И. Последний романтик // 64 — Шахматное обозрение. — 1982. — № 8. — С. 24—26.

Надворешни врски

уреди