Четириесет и осма дивизија на НОВЈ
48. Дивизија на НОВЈ била создадена на 28 септември 1944 година во селото Пласница во атарот на градот Кичево.[1] Пред основањето, во нејзин состав влегле уште и Првата, Шестата и Петнаесеттата македонска и Четвртата албанска бригада. Кон средината на октомври 1944 година, оваа дивизија влегла во составот на Петнаесеттиот корпус на НОВЈ.
Четириесет и осма македонска дивизија | |
---|---|
Борци на 48-та македонска дивизија на Сремскиот фронт | |
Активна | 28 септември 1944 – мај 1945 |
Големина | околу 6259 борци (април 1945) |
Битки | |
Команданти | |
Истакнати команданти | Петар Брајовиќ Чеде Филиповски - Даме Боро Милевски |
Команден состав
уредиКомандниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]
- Петар Брајовиќ, командант
- Чеде Филиповски - Даме, командант од 13 октомври 1944 година
- Боро Милевски, командант од 6 декември 1944 година
Политички комесари биле:
- Перо Ивановски, политички комесар
- Ѓоре Велковски, политички комесар од 13 октомври 1944 година
- Боро Чаушев - Странџата, политички комесар од 6 декември 1944 година
- Ратко Родовиќ, политички комесар од март 1945 година
- Петар Пепељуговски, политички комесар од април 1945 година
Борбени дејства
уредиШтабот на оваа дивизија во почетокот на октомври 1944 година започнал да ги насочува своите бригади во борбени операции против балистичките формации на теренот на Кичевско.[1] Учествувала во ослободувањето на Охрид, на 7 септември, и Струга, на 8 септември 1944 година, а го ослободила Кичево и Гостивар. На 13 октомври 1944 година, оваа дивизија влегла во составот на Шеснаесеттиот македонски корпус, а командниот состав претрпел промена.[1] Со воената реорганизација од декември 1944 година, дивизијата влегла во составот на Петнаесеттиот корпус на НОВЈ, каде останала сè до 23 април 1945 година, кога бил укинат штабот на Петнаесеттиот корпус.
На почетокот на јануари 1945 година, во нејзиниот состав биле, Втората и Четиринаесттата македонска и Втората артилериска бригада. Во април 1945 година, дивизијата броела околу6259 борци и старешини.
Исто така учествувала во пробивањето на Сремскиот фронт и во сите борби за конечното ослободување на Југославија. Борбениот пат го завршила кај Цеље и Дравоград. За време на враќањето во Македонија, во Босна и Херцеговина, учествувала во чисењето на теренот од преостанатите четнички и усташки формации.
На Сремскиот фронт, дивизијата го издавала весникот „Глас“, посветен на борбите на Сремскиот фронт.[1]
-
Борците на првиот дивизион, прв баталјон, на втората артилериска бригада, 48 дивизија, во касарната во Скопје, јануари 1945
-
Борци на 48-та македонска дивизија го чистат своето оружје на Сремски фронт
-
Началникот на штабот на 48-та македонска дивизија, капетанот Дако Кундачина, им предава одликувања на борците во Илок
-
Група офицери на 48-та македонска дивизија, сликани пред зградата на логорот „Јасеновац“, април 1945
-
Група офицери на 48-та македонска ударна дивизија, пред родната куќа на Јосип Броз Тито во Кумровец, мај 1945
-
Втора артилериска бригада, 48 дивизија во Цеље, Словенија, мај 1945
-
Борци на 48-та македонска дивизија со група селани во Босна
-
Пречек на борците од 48-та дивизија во Скопје, по победата на Сремскиот фронт, 15 јуни 1945
Наводи
уредиЛитература
уреди- Марјан Димитријевски: „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г.
- Македонска енциклопедија (втора книга). „МАНУ“, Скопје 2009 година.