Ченто (населба)
Ченто (полн назив: Методија Андонов Ченто) — населено место во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје и претставува негова приградска населба. Порано, населбата се водела под името Синѓелиќ бидејќи била дел од тоа село, кое сега е посебна единица.
Ченто | |
Координати 42°0′50″N 21°29′42″E / 42.01389° СГШ; 21.49500° ИГД | |
Општина | Гази Баба |
Население | 7.829[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Шифра на КО | 25918, 25919, 25920 |
Надм. вис. | 227 м |
Ченто на општинската карта Атарот на Ченто во рамките на општината | |
Ченто на Ризницата |
Во склоп на населбата спаѓа и населеното место Камник, како и делови од Инџиково, кое е посебно село.
Географија и местоположба
уредиИсторија
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Хасанбег и населението било христијанско, односно имало 24 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 83 мажи христијани, со 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 176 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 219 жители.[3]
Во 1884 година во селото се населени бегалци од Босна. Според статистиката на Васил К`нчов („Македонија. Етнографиja и статистика“) од 1900 година во Хасан Бегово живееле 55 Македонци христијани и 300 Бошњаци.
Според податовите на секретарот на егзархијата Димитар Мишев во 1905 во селото имало 40 Македонци и 6 Цигани.
Со потпаѓањето под Србија, селото во 1913 година било забележано со 340 жители и било седиште на општина Асанбегово.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото е забележано под името Синѓелиќево, со 350 Македонци, 100 Албанци и 100 други жители.[4]
Стопанство
уредиНаселбата е релативно млада, која сè уште се гради.
Има пазарски комплекс, трговски центар, како и повеќе седишта на скопски фирми.
Демографија
уредиНа пописот од 2002 година, населбата има 23.915 жители. Следува табела на националната структура на населението[1]
Националност | Број |
Македонци | 12.499 |
Албанци | 8.818 |
Турци | 316 |
Роми | 891 |
Власи | 83 |
Срби | 657 |
Бошњаци | 407 |
други | 244 |
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Сингелиќ има 7.829 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 329 |
Албанци | 6.985 |
Турци | 20 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 42 |
Бошњаци | 96 |
Други | 357 |
Општествени установи
уредиНавивачка група „Комити Ченто“
уредиЧентовци како верни следбеници на ФК Вардар се горди на својата навивачка група, којашто е една од најбројните подгрупи на Комити Запад. Како таква функционира околу 15-тина години, но нејзиното постоење е официјализирано во 2008 година, со што доаѓа и акронимот КЧ-08.
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Ченто[5]
- Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Ченто[6]
- Црква „Св. Лидија Македонска“ - Ченто — црква во изградба. Се наоѓа на старите гробишта до Домот на културата. Камен-темелник поставен на 22 ноември 2014 година;[7]
Редовни настани
уредиЛичности
уреди- Алија Авдовиќ (1912-1941) — комунистички деец
- Вера Јоциќ (1923-1944) — народен херој на Југославија и Македонија
- Борис Трајковски (1956-2004) — претседател на Македонија (роден во Струмица, но живеел во Ченто)
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2010-11-28.[мртва врска]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ ОСВЕТУВАЊЕ НА КАМЕН ТЕМЕЛНИКОТ НА МПЦ СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНСКА ВО ЧЕНТО
Надворешни врски
уредиОваа поврзана со Скопје статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |