ОУ „Дане Крапчев“ - Ченто

основно училиште во Македонија


Основно училиште „Дане Крапчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Дане Крапчев“ - Ченто; скратено: ООУ „Дане Крапчев“) — централно основно училиште во скопската населба Ченто, Општина Гази Баба.[1]

Дане Крапчев
Место
Општина: Општина Гази Баба
Наречено по: Дане Крапчев
Нас. место: Ченто
Адреса: ул. „Маџари“, бр. 9
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1978; пред 46 години (1978)
Настава на: македонски
Контактни информации

Училиштето е именувано по македонскиот партизан и комунист Дане Крапчев.

Организација

уреди

Реонот на училиштето ја опфаќа територијата на урбаната заедница Маџари 2, односно десната страна на улицата „Антон Попов“ од влезот на населбата и улицата „Финска“ како и населеното место Инџиково.

Историја

уреди

Училиштето е изградено во 1978 година. Училишната зграда е современ градежен објект од цврста градба која наполно одговара за својата намена. Функцијата како современ објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини.

Училиштето располага со 4.200 м2 училиштен простор и 7.150 м2 училиштен двор. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик со вкупно 1.033 ученика распоредени во 37 паралелки. Наставата се изведува во две смени. Училиштето организира и продолжен престој за своите ученици.

Познати личности кои предавале во ова училиште

уреди

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-05.