Алија Авдовиќ
Алија Авдовиќ (Сингелиќ, 1912 - Бањица (логор), Белград, Србија, 29 август 1941) — македонски првоборец, комунистички деец, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Алија Авдовиќ | ||
![]() | ||
Роден | 1912 година Синѓелиќ, Косовски Вилает, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 29 август, 1941 година Бањица (логор), Белград, Србија Стрелан од гестаповската полиција |
Животопис
уредиРодителите на Алија се доселиле од Херцеговина во Скопје.[2] Основно училиште завршил во родното село, а медреса учел во Скопје. Таму се приклучил кон прогресивното младинско движење. Бил студент при Филозофскиот факултет во Скопје, а како припадник на прогресивното студентско движење бил прогонуван од страна на српската полиција.[3]
Бил изразито револуционерно ориентиран и хуман. Организирал собирање на помош за сиромашните, а често им помагал на послабите соученици. Со тоа изградил авторитет кај учениците и симпатии кај професорите. Како ученик во V клас во текот на летниот одмор, им помагал на домашните при вршидбата. Но, несреќно паднал во цилиндарот на машината за вршење и ја загубил десната нога. Поради тоа го добил прекарот „Ќопа".
Во 1932 година со неколку соученици бил исклучен од Медресата, без право на упис во друго училиште. Тоа било и главна причина да се организира бојкот на наставата и штрајк со глад во интернатот. Ваквите акции на чело со директорот на Медресата, кој отворено ги истакнувал вонредните способности на исклучените, овозможиле истите да бидат вратени во училиштето.[2]
По завршувањето на матурата се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје. Полицијата непрекинато го следела во овој период, го сослушувала, му се заканувале со робија и го советувале да прекрати со револуционерната дејност и пропаганда.
Во една партиска провала во Титов Велес и Скопје, кон крајот на 1934 година бил уапсен, а потоа и осуден како комунист според Законот за заштита на државата. Бил затворен со Страхил Гигов, Антун Колендиќ, Орце Николов, Душко Поповиќ, Боро Тодоровиќ и други. Казната ја издржувал во затворот во Сремска Митровица, каде стекнал богато револуционерно искуство. По излегување од затворот, поради нарушеното здравје извесно време престојувал во болница и во санаториум, но продолжил со комунистичката дејност во родното село и околината. Во Сингелиќ формирал група активисти (1939) ангажирани во „Селската самопомош“ и во Народната помош за учесниците во работничките штрајкови во Скопје.[4]
Во револуционерната 1941 година неговата куќа, била собиралиште на напредно ориентираните луѓе, скоевци и комунисти. Во неа доаѓале како илегалци и Благоја Давков, Цветан Димов, Перо Ивановски - Тикваро, Периша Савелиќ и многу други.
По фашистичката окупација, поради антифашистичката дејност повторно бил уапсен на 6 август 1941 година. Бил спроведен во логорот Бањица и со група затвореници стрелан од страна на Гестапо. Непосредните мигови пред стрелањето запаметен е неговиот храбар и достоинствен потег со кој успеал да спаси неколку затвореници од стрелање.
Биле прашани "Кој меѓу вас е комунист нека се јави и нека се издвои?"
На што Алија одговорил: „Овде нема други комунисти, ocвeн Боро Тодоровиќ и мене. Вие ќе ме стрелате, но нашиот дух и верата во победата, ќе останат вечни".
При проштевањето со другарите заедно со Боро Тодоровиќ ја испеле Интернационалата и со дигнати глави заминале на стрелање.[2][5]
Денес, во чест на неговото дело, основното училиште во с. Батинци и една скопска улица во населбата Гази Баба го носат неговото име.
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија (прв том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 30
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 22–23. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Тихо Милошевски, „Беа, загинаа, останаа“, Скопје, 1969, стр. 22-23
- ↑ „Сеќавања од НОБ“, Архив на Скопје, 1975, стр. 10
- ↑ Крсто Здравковски, „Да не се заборави“, Скопје, 1982, стр. 65-66
Литература
уреди- Alija Avdović-Aljo, "Bolnije od smrti", Kulturni centar Bošnjaka u Republici Makedoniji, 2003.