Цурјака
Цурјака (грчки: Αετιά), Аетија; до 1927 г. Τσούργιακας, Цурјакас[2]) – село во Република Грција, во општината Гребен, во областа Западна Македонија.[3] Во 2011 година селото броело 34 жители.
Цурјака Αετιά | |
---|---|
Поглед на селото | |
Координати: 40°05′N 21°11′E / 40.083° СГШ; 21.183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребенски Округ |
Општина | Општина Гребен |
Надм. вис. | 1 100 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 34 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 51032 |
Повик. бр. | +30 24620 |
Географија
уредиСелото се наоѓа на околу 25 км западно од градот Гребен, 3 км источно од Филипишта на надморска височина од 1.100 м, во источниот дел на планината Смолика, дел од планинската верига Пинд.[3]
Историја
уредиВо месноста Кастри се откриени остатоци од тврдина.[3]
За време на Османлиското Царство
уредиСелото е споменато како Цурјакас во ферман од 1717 година во тимарот на Мехмед-бег, со кое се определуваат границите со соседите. Во XVIII век заради албански наезди поголемиот дел од жителите на селото, заедно со оние на Москополе, Фурка, Зерма и Пирсојани се иселуваат и основаат село Пипилишта. Други се населуваат во Каракамен, во селата Црковјани и Ксироливадо. ]].[4]
Кон крајот на XIX век Цурјака е христијанско грчко село во западниот крај на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Во 1806 година Франсоа Пуквил го споменува селото како „Шеркања“.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чурјака се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 6 куќи.[5]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година во Цурјакас живеат 27 Грци христијани.[6] Централната селска црква „Свети Николај“ е изградена во 1863 година, а обновена во 1880 година.
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Цурјака станува дел на Кралството Грција.
Во 1927 година името на селото е сменето во „Аетја“ од αετός што значи орел, додека Цурјака има словенска етимологија од орел.[3]
Демографија
уредиПописи
уредиДвижењето на населението по години е следното[7]:
- 1913 - 86 жители
- 1920 - 21 жител
- 1928 - 40 жители
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 109 | 8 | 0 | 0 | 32 | 49 | 48 | 34 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσούργιακας -- Αετιά
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Αβδέλλα“. Η πόλη και τα χωριά του Νομού Γρεβενών. Архивирано од изворникот на 2015-01-19. Посетено на 2017-03-29.
- ↑ 4,0 4,1 „Ιστορία“. Αετιά.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 72.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. „Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων“, in: „Ελιμειακά“, 48 – 49, 2001.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 134.