Фермансултански указ, наредба од повисока власт воопшто.[1]

Ферман до кадијата на Реканската Каза со наредба до локалните власти да не го спречуваат чукањето на камбаните

Ферманите биле пишувани со посебен вид арапско писмо т.н. диванија, а на почетокот стоела султанова тура (монограм, грб на османлиските султани – вешто напишано име и титула на султанот со арапски букви.

Во македонскиот разговорен јазик со зборот „ферман“ често се нарекуваат и долгите и подробни документи, како и случаите на опширна речитост.[2]

Потекло на поимот

уреди

Зборот потекнува од персискиот збор: farmân (فرمان). Значи „указ“, „декрет“ или „наредба“. Во турскиот јазик се користи и денес.

Ферманите во Османлиското Царство

уреди

Во Османлиското Царство ферманите биле често користено административно средство. Со нив се давале дозволи за изградба на цркви и училишта, но и за решавање на спорови.[3]

Ферманот во македонското творештво

уреди

Македонски народни песни:

Наводи

уреди
  1. „ферман“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Песни стихови, цели фермани; „Чукни во дрво“ од Леб и сол
  3. „На Локум фест се читаат султански фермани од пред 170 години“. Сакам да кажам. 21 јули 2019. Посетено на 4 ноември 2019.
  4. „Ферман дојде од Стамбола“. 20 септември 2008. Посетено на 4 ноември 2019.